Бенелукс е економска унија во Западна Европа составена од три земји членки. Таму релјефот е претежно низински. Само во јужниот дел на Белгија и Луксембург е повисок. Бенелукс е составена држава од три земји: Белгија, Холандија и Луксембург.

Бенелукс

Договорот со кој е основана "Царинската унија на Бенелукс" го потпишаа 1944 година трите земји во Лондон, а стапи на сила 1947 година. Унијата престана со постоење 1960 година, кога беше заменете со Економската унија на Бенелукс. Пред неа постоела (и постои) Економска унија Белгија-Луксембург, основана 1921 година. Основњето на унијата допиринесе за Формирање на Европската Унија (ЕУ. Парламентот на Бенелукс е формиран 1955 година . Се состоел од 21 члена на холандскиот парламент, 21 член од белгискиот парламент и 7 члена од луксембуршкиот парламент. Договорот по кој е основана Европската унија на Бенелукс е потпишан 1958 година, а стапил на сила 1960. Генералниот секретириат се наоѓа во Брисел. 1965 година, потпишан е договор со кој е основан Суд на Бенелуксот. Стапил на сила 1975 година. Судот е составен од судиите на највискиоте судови на трите земји. Ова меѓународна правна институција се наоѓа во Брисел. Договорот по кој е основана Економската унија на Бенелукс ќе истекна 2010 година.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди