Иван Цанкар
Иван Цанкар (словенечки: Ivan Cankar; Врхника, 10 мај 1876 — Љубљана, 11 декември 1918) — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. Заедно со Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн, тој се смета за почетник на модернизмот во словенечката книжевност. Понекогаш тој се смета за најголем писател во словенечката книжевност и понекогаш е споредуван во Словенија со Франц Кафка или Џејмс Џојс.[1]
Иван Цанкар Ivan Cankar | |
---|---|
Цанкар во 1915 година | |
Роден/а | 10 мај 1876 Врхника, Австроунгарија (денес Словенија) |
Починат/а | 11 декември 1918 Љубљана, Кралство СХС (Словенија) |
Занимање | Писател, есеист, драматург, поет, политички активист |
Жанр | драма, расказ, роман, есеј |
Книжевно движење | симболизам, модернизам |
Животопис
уредиИван Цанкар е роден во крањското гратче Врхника во близина на Љубљана. Тој бил едно од многуте деца на сиромашен занаетчија што се преселил во Босна кратко по раѓањето на Иван.[2] Тој бил одгледан од неговата мајка, Нежа Цанкар (моминско Пивк, со која воспоставил близок, но амбивалентен однос.[3][4] Фигурата на самопожртвувана и покорно угнетувачка мајка подоцна ќе стане една од најпрепознатливите одлики на прозата на Цанкар.[5][6] По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Техничкото средно училиште („Реалка“) во Љубљана (1888–1896).[7]
Во овој период, тој започнал да пишува книжевност, главно поезија, под влијание на романтичарските и послеромантичарските поети како што се Франце Прешерн, Хајнрих Хајне, Симон Јенко и Симон Грегорчич.[8] Во 1893 година, тој ја открил епската поезија на Антон Ашкерц, која имала огромно влијание врз развојот на неговиот стил и идеали. Под влијание на Ашкерц, Цанкар ја отфрлил сентименталната послеромантичарска поезија и го прифатил книжевниот реализам и националниот либерализам.[9] Во 1896 година се запишал на Универзитетот во Виена, каде студирал инженерство, но подоцна преминал на словенска филологија.[2] Во Виена, тој наскоро почна да води боемски начин на живот. Тој дошол под влијание на современата европска книжевност, особено декадентизмот, симболизмот и натурализмот. Тој станал пријател со Фран Говекар, млад словенечки писател и интелектуалец кој живеел во Виена, кој го запознал со позитивизмот и натурализмот.[10] Помеѓу 1897 и 1899 година, основните идеи на Цанкар во суштина биле позитивистички.[11] Пролетта 1897 година се преселил назад во Врхника. По смртта на неговата мајка во есента истата година, тој се преселил во Пула и во 1898 година се вратил во Виена, каде што живеел до 1909 година.
За време на неговиот втор престој во Виена, светогледот на Цанкар претрпел длабока и брза промена. Во познатото писмо до словенечката феминистичка авторка Зофка Кведер во 1900 година тој ги отфрлил позитивизмот и натурализмот.[12][13] Тој ги прифатил спиритуализмот, симболизмот и идеализмот, а подоцна јавно се тргнал од Фран Говекар.[14] Во исто време, тој станал силно критичен кон словенечкиот либерализам, објавил разорна критика за поезијата на Антон Ашкерц и постепено се придвижил кон социјализмот. Тој бил под силно влијание на словенечкиот римокатолички свештеник и мислител Јанез Евангелист Крек, кој се залагал за радикален општествен активизам на христијанска основа.[15] Тој сепак продолжил да се спротивставува на клерикализмот и конзервативизмот на австриските христијански социјалисти воглавно и на Крековата Словенечка народна партија конкретно. Тој се приклучил на Југословенската социјалдемократска партија, австромарксистичка партија активна во Словенечките Земји и во Истра.[7] На првите општи избори за Австриското собрание во 1907 година, тој се кандидирал како кандидат за партијата во изборната единица, главно од работничката класа, Загорје-Литија во Крањска, но загубил од кандидат на Словенечката народна партија.[16]
Во своите дела ја разоткривал неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се борел за правата на обичниот човек. Негови познати дела се „Слугата Јернеј и неговото право“, „Кралот на Бетајнова“ и „Под крстот“.
Творештво
уредиИван Цанкар напишал околу 30 книги и е сметан за еден од основните експоненти на словенечката модернистичка книжевноста, покрај Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн. Чанкар исто така е сметан за еден од европските најважни крајовековници. Се занимавал со општествени, национални и морални теми.[7] Во Словенија, неговите најпознати дела се драмата „Слуги“ (словенечки: „Hlapci“), сатирата „Скандал во Светифлоријанската Долина“ („Pohujšanje v dolini Šentflorijanski“) и романот „На ридот“ („Na klancu“). Меѓутоа, неговата важност за словенечката и европската книжевност веројатно лежи во неговите симболистички списи и други раскази, кои, во нивната мешавина на симболика, модернизам, па дури и експресионизам, пренесуваат висок степен на изворност.[се бара извор]
Наследство
уредиИ до ден денешен, прозата на Цанкар е сметана за една од најдобрите во словенечката книжевност. Неговото влијание како писател на романи било намалено во 1960-те, но неговите драми сè уште се меѓу најпознатите театарски претстави во Словенија.
Голем број улици, плоштади, згради и установи го носат името на Цанкар во Словенија, но и во останатите поранешни републики од СФРЈ. За време на Втората светска војна, по него биле именувани една бригада и еден баталјон. По Цанкар е именуван и „Цанкаровиот дом“ кој е најголемото конгресно средиште во Словенија. Помеѓу јуни 1994 година и јануари 2007 година, Цанкар бил прикажан на банкнотата од 10.000 толари.
Библиографија
уреди- Erotika (Еротика, 1899)
- Jakob Ruda (Јакоб Руда, 1900)
- Knjiga za lahkomiselne ljudi (Книга за лесноумни луѓe, 1901)
- Tujci (Странци, 1901)
- Za narodov blagor (За добротата на народот, 1901)
- Na klancu (На ридот, 1902)
- Kralj na Betajnovi (Кралот на Бетајнова, 1902)
- Ob zori (Во зора, 1903)
- Križ na gori (Крст на гора, 1904)
- Gospa Judit (Госпоѓа Џудит, 1904)
- Hiša Marije Pomočnice (Куќата на Марија Пошничката, 1904)
- Potepuh Marko in Kralj Matjaž (Вагабонтот Марко и Крал Матјаж, 1905)
- V mesečini (Во месечева светлина, 1905)
- Nina (Нина, 1906)
- Martin Kačur (Мартин Качур, 1906)
- Aleš iz razora (Алеш од браздите, 1907)
- Hlapec Jernej in njegova pravica (Слугата Јернеј и неговата правда, 1907)
- Krpanova kobila (Крпанова кобила, 1907)
- Zgodbe iz doline šentflorjanske (Приказни од Долината на Св. Флоријан, 1908)
- Pohujšanje v dolini Šentflorjanski (Скандал во Долината на Св. Флоријан, 1908)
- Novo življenje (Нов живот, 1908)
- Kurent (Курент, 1909)
- Za križem (По крстот, 1909)
- Hlapci (Слуги, 1910)
- Bela krizantema (Бела хризантема, 1910)
- Volja do moči (Волјната на моќта, 1911)
- Troje povesti (Три приказни, 1911)
- Lepa Vida (Убава Вида, 1912)
- Milan in Milena (Милан и Милена, 1913)
- Moje življenje (Мојот живот, 1914, објавена во 1920)
- Podobe iz sanj (Слики од сонови, напишана во 1917-1918, објавена во 1920)
- Mimo življenja (напишана во 1904, објавена во 1920)
- Romantične duše (Романтични души, напишана во 1897, објавена во 1922)
Наводи
уреди- ↑ Pirjevec 1964
- ↑ 2,0 2,1 Kos 1983, стр. 230
- ↑ Doležal-Jenstrle 2003
- ↑ Košiček 2001
- ↑ Puhar 1982
- ↑ Žižek 1987
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Milorad Živančević (1971). Živan Milisavac (уред.). Jugoslovenski književni leksikon [Југословенски книжевен лексикон] (српскохрватски). Нови Сад): Матица српска. стр. 57–59.
- ↑ Kos 1982, стр. 41–42
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 317
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 317–318
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 176
- ↑ Janko Kos, Pregled slovenske književnosti, 235
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 317–324
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 317
- ↑ Pirjevec 1964, стр. 324
- ↑ Zver 1996
Дополнителна книжевност
уреди- Cankar, Ivan (1968), Bela krizantema, Ljubljana: DZS.
- Doležal-Jenstrle, Alenka (2003), Mitologizacija ženske v Cankarjevi prozi, Ljubljana: Filozofska fakulteta Univerze v Ljubljani.
- Dović, Marijan (2006), Cankar kot utemeljitelj profesionalnega pisatelja - umetnika, Ljubljana: Slavistično društvo Slovenije.
- Gradišnik, Janez (2004), „Spomini na Dejanje“, Nova revija (269/270).
- Hribar, Spomenka (2005), „Slovenska khatarsis“, Revija 2000 (174/176): 25–70.
- Kos, Janko; и др. (1982), Slovenska književnost, Ljubljana: Cankarjeva založba.
- Kos, Janko (1983), Pregled slovenskega slovstva, Ljubljana: DZS.
- Kos, Janko, Pregled slovenske književnosti.
- Košiček, Marijan (2001), Ženska in ljubezen v očeh Ivana Cankarja, Ljubljana: Tangram.
- Pirjevec, Dušan (1964), Ivan Cankar in evropska literatura, Ljubljana: Cankarjeva založba.
- Puhar, Alenka (1982), Prvotno besedilo življenja, Zagreb: Globus.
- Vidmar, Josip (1962), Drobni eseji, Maribor: Obzorja.
- Žižek, Slavoj (1987), Jezik, ideologija, Slovenci, Ljubljana: Delavska enotnost.
- Zver, Milan (1996), Sto let socialdemokracije na Slovenskem, Ljubljana: Nova obzorja.
Надворешни врски
уреди„Иван Цанкар“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: Ivan Cankar |