Антон Подбевшек (13 јуни 1898, Ново Место - 14 ноември 1981, Љубљана) — словенечки поет.

Антон Подбевшек
Роден 13 јуни 1898
Ново Место, Австроунгарија
Починал 14 ноември 1981
Љубљана, СФРЈ
Националност Словенец
Занимање поет

Тој е основачот на словенечкиот поетски модернизам, кон дваесеттите години на дваесеттиот век. Извршил значајно влијание врз низа на истакнати словенечки поети.

Животопис

уреди

Подбевшек е роден во Грм Манор кај селото Кандија, денес дел од градот Ново Место. Таткото на Антон Подбевшек, работел во училиштето како чувар, а семејството живеело во манорирот до 1911 година[1].

За време на школските години, бил пријател со подоцнежниот истакнат сликар и графичар Божидар Јакац, авторот Фран Албрехт и композиторот Мариј Когој, кои живееле и студирале во Ново Место.

Подбевшек започнал да пишува поезија во средно училиште: првично под влијание на естетскиот модернизам на Отон Жупанчич, но подоцна се инспирирал од авангардните движења, особено во Италија. Неговото прво дело било збирката поезија „Жолти букви“ што го напиша на 16-годишна возраст, возбирката се чувствувало влијанието на италијанскиот Футуризам. Во 1917 година, бил мобилизиран од австроунгарската армија и испратен на италијански фронт. Бил ранет, ги минал последните месеци од војната во воената болница во Толмецо во Фриули. По неговото враќање, тој повторно воспоставил контакт со своите уметници пријатели од Ново Место со цел да воспостави авангардна уметничка заедница заснована врз идејата за тотална уметност дело што би вклучувала синтеза од литература, музика и визуелни уметности. Во 1920 година, го организирал модернистичкиот уметнички настан познат како Новомесна Пролет, заедно со композиторот Маријан Когој, поетот Миран Јарк и сликарот Божидар Јакац.

Го формирал и литературното списание „Три лебеди“, каде настојувал покрај модернизмот на поетската уметност да внесе и одреден ангажман за дневно - политичките збиднувања погледнати со еден критичен и аналитичен ракурс. Во 1925 година, тој ја објавил својата единствена збирка песни „Човек со бомби“.

Во подоцнежните години, покрај со повременото пишување на поезија, се занимавал и со превод, особено се истакнал со преводот на Волт Витман. Во средината на 1960-тите години, тој повторно станувал активен, внесувајќи го својот младешки авангарден сон кон движењето на новио словенечки авангардизам (особено групата ОХО и поезијата на Томаж Шаламун[2]

Творештво

уреди

Антон Подбевшек бил главен претставник на првата, радикална фаза на словенечките историски авангарди. Во своите песни користел слободен стих, минимален или телеграфски стих и необични слики.

Подоцна преминал од релативно едноставните песни во подолги, графички химни во лирска проза. Темите на неговата поезија била:егзистенцијализмот - поединечен и социјален како и одредени асоцијации на романтичниот или неоромантичниот призвук.

Неговите песни се одликуваат со таканаречен титански лирски субјект, што произлегува од неоромантичното лирско субјективно изразување, во кои преовладува идејата за натчовекот кај Фридрих Ниче и пантеизмот на Волт Витмен. Покрај тоа, во многу песни присутни се силни експресионистички влијанија.

Неговото дело вистински е откриено и по сиината на уметничкиот израз и по влијанието што го извршило кон шеесеттите години на минатиот век

Како поет, спаѓал во оние творци, чии дела секогаш се откриваат најчесто по нивната смрт, во знак на неговото откривање како значаен и влијателен поет во 2006 година театарот од Ново Место го добива неговото име, основан како театар „Антон Подбешешек“[3],[4]

Наводи

уреди