Шкоцјански Јами, или Шкоцјански Пештери (словенечки: Škocjanske jame, италијански: Grotte di San Canziano), ― пештерски систем во Словенија. Поради своето исклучително значење, Шкоцјанските Јами биле внесени на списокот на УНЕСКО на природни и културни места на светско наследство во 1986 година. Така, меѓународните научни кругови ја признале важноста на пештерите како едно од природните богатства на планетата Земја. Рангирајќи се меѓу најважните пештери во светот, Шкоцјанските Јами ги претставуваат најзначајните подземни феномени и на Карстното Плато и во Словенија. По осамостојувањето од Југославија во 1991 година, Словенија се обврзала на активна заштита на областа на Шкоцјанските Јами и го основала Регионалниот парк Шкоцјански Јами и нејзиниот управен орган, Агенција за јавни услуги на паркот Шкоцјански Јами.[2]

Шкоцјански Јами
светско наследство на УНЕСКО
МестоСловенија
Критериумприродно: (vii), (viii)
Навод390
Запис1986 (X заседание)
Површина413 хектари
Мреж. местоpark-skocjanske-jame.si
Координати45°40′N 14°0′E / 45.667° СГШ; 14.000° ИГД / 45.667; 14.000Координати: 45°40′N 14°0′E / 45.667° СГШ; 14.000° ИГД / 45.667; 14.000
Службен назив: Шкоцјански Јами
Прогласено:21 мај 1999
Број991[1]

Шкоцјански Јами – светско наследство – УНЕСКО уреди

  • Еден од најголемите познати подземни кањони во светот
  • Примери за природна убавина со голема естетска вредност
  • Поради посебните микроклиматски услови, се разви посебен екосистем
  • Областа има големо културно и историско значење бидејќи била населена уште од праисторијата
  • Типичен пример за допирен карст[3]

Опис уреди

 
Карта на Шкоцјанските Јами.

Шкоцјанските Јами ги претставуваат најзначајните подземни феномени и во карстниот регион и во Словенија.[4] Шкоцјанските Јами, исто така, биле запишани на Списокот на Рамсарските мочуришта од меѓународно значење на 18 мај 1999 година. Заедно со подземниот тек на реката Река, тие претставуваат едно од најдолгите карстни подземни мочуришта во Европа.

Истражената должина на пештерите е 6,200 м. Пештерите биле образувани во слој, со дебелина од 300 м, од варовник од времето на кредата и палеоценот.

 
Големата Долина и Малата Долина во Шкоцјан. Влезовите на пештерата се на дното на двете разурнати долини.

Реката Река исчезнува под земја кај Големата Долина (словенечки: Velika Dolina) во Шкоцјанските Јами и потоа тече под земја 34 км и излегува на површина во близина на Монфалконе каде што придонесува приближно една третина од протокот на реката Тимаво, која тече 2 км од изворите на Тимаво до Јадранското Море.[5] Поглед на големата река во сезоната на дождови, како што исчезнува под земја на дното на Големата Долина, 160 м под површината, е и величествено и застрашувачко.

Исклучителниот волумен на подземниот кањон е она што ги разликува Шкоцјанските Јами од другите пештери и го става меѓу најпознатите подземни одлики во светот. Реката што тече низ подземниот кањон се врти северозападно пред Церквеничкиот мост и го продолжува својот тек по Ханкеевиот Канал (словенечки: Hankejev kanal). Овој подземен канал е приближно 3.5 км долг, 10 до 60 м широк и над 140 м висок. Во некои точки се проширува во огромни подземни комори. Најголемата од нив е Мартеловата комора со волумен од 2.2 милиони кубни метри и се смета за најголемата откриена подземна комора во Европа и една од најголемите во светот. Кањонот со такви димензии сепак завршува со релативно мал сифон: сифон кој не може да се справи со огромниот волумен на вода што се излева во пештерата по обилните врнежи, предизвикувајќи големи поплави, при што нивото на водата може да се зголеми за повеќе од 100 м.[6]

Историја на истражувања уреди

 
Римстонски базени во Шкоцјанските Јами.

Првите пишани извори за Шкоцјанските Јами потекнуваат од антиката (II век п.н.е.) од Посидониј и се означени на најстарите објавени карти на овој дел од светот; на пример Лазиј-Ортелиевата карта од 1561 година и Меркаторовиот „Нов атлас“ (латински: Novus Atlas) од 1637 година. Фактот дека францускиот сликар Луј-Франсоа Каса (1782) бил нарачан да наслика некои пејзажни дела, исто така, докажува дека во 18 век пештерите биле сметани за една од најважните природни одлики во внатрешноста на Трст. Неговите слики сведочат дека во тоа време луѓето го посетувале дното на Големата Долина. Крањскиот изучувал Јохан Вајхард фон Валвасор го опишал тонењето на реката Река и нејзиниот подземен тек во 1689 година.

За снабдување на Трст со вода за пиење, бил направен обид да се следи подземниот тек на реката Река. Беа истражени длабоките шахти во карстот, како и Шкоцјанските Јами. Систематското истражување на Шкоцјанските Јами започна со спелеолошка експедиција во 1884 година. Истражувачите стигнале до бреговите на Мртвото Езеро (Mrtvo jezero) во 1890 година. Последното големо достигнување било откривањето на Тивката Јама (словенечки: Tiha jama) во 1904 година, кога некои месни луѓе се искачиле на 60 метарски ѕид на Милеровата Сала (словенечки: Müllerjeva dvorana). Следниот важен настан се случил во 1990 година, речиси 100 години по откривањето на Мртвото Езеро. Словенечките нуркачи успеале да го препливаат сифонот Леден Дишник (Ledeni dihnik) и откриле нови преку 200 метарски пештерски премини.[6]

Археологија уреди

 
Мал водопад во Шкоцјанските Јами.

Од памтивек луѓето биле привлекувани поради клисурата каде што под земја исчезнува реката Река како и влезовите на пештерите. Река тоне под карпест ѕид; на врвот се наоѓа селото Шкоцјан, по кое се именувани пештерите. Регионалниот парк Шкоцјански Јами е археолошки исклучително богат; тој бил населен почнувајќи од пред повеќе од десет илјади години. Вредно археолошко откритие во Мувјата Јама (словенечки: Mušja jama) укажува на влијанието на старогрчката цивилизација, каде што се наоѓал пештерски храм по крајот на бронзеното време и во железното време. Овој регион секако бил едно од најзначајните места за аџилак во Европа, пред три илјади години, особено на Средоземјето, каде што бил од важно култно значење во врска со задгробниот живот и поврзувањето со духовите на предците.[7]

Туризам уреди

 
Влезот на Шкоцјанските Јами.

Тешко е да се утврди кога навистина започнал туризмот во Шкоцјанските Јами. Според некои извори, во 1819 година, окружниот советник Матеј Томинц (Томинцовата Јама е именувана по него) наредил да бидат изградени скалила до дното на Големата Долина. Според други извори, скалите биле само обновени. Книгата за посетители била претставена на 1 јануари 1819 година. Овој датум се смета за почеток на современиот туризам во Шкоцјанските Јами.

Во последниве години, Шкочјанските Јами имале околу 100.000 посетители годишно. Првиот дел од пештерите — Мариничева Јама и Махорчичева Јама со Малата Долина — била отворена за туристи до 1933 година. Таа била сериозно оштетена во поплава во 1963 година. Во 2011 година била обновена и додаден е нов челичен мост.[8] Посетителите можат да го видат и делот од подземниот кањон со Големата Долина. Обиколките на пештерата се изведуваат на словенечки, англиски, италијански и германски јазик.

Наводи уреди

  1. „Skocjanske Jame“. Информациска службе за рамсарски места. Посетено на 2 февруари 2023.
  2. „The Škocjan Caves“. Архивирано од изворникот на 20 мај 2009. Посетено на 2 февруари 2023.
  3. „Nomination to the World Heritage List“ (PDF). Whc.unesco.org. Посетено на 2 февруари 2023.
  4. „Škocjan Caves - UNESCO World Heritage Centre“. Whc.unesco.org. Посетено на 2 февруари 2023.
  5. „LTER-Slovenia > Project Overview“. Lter.zrc-sazu.si. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 2 февруари 2023.
  6. 6,0 6,1 Kranjc, Andrej (2002). „Zgodovinski pregled in opis jam“ [A Historical Overview and Description of the Caves]. Park Škocjanske jame [The Škocjan Caves Park] (словенечки). Škocjan Caves Park. стр. 42–57.
  7. Turk, Peter (2002). „Archaeology“. Во Peric, Borut (уред.). The Škocjan Caves Regional Park. Park Škocjanske jame. стр. 86–97. ISBN 9612381283.
  8. Kuhar, Špela; Struna Bregar, Ana (24 февруари 2012). „Mostovi kot znamenitost“ [Bridges as a Landmark]. Mladina.si (словенечки) (8). Посетено на 2 февруари 2023.

Надворешни врски уреди