Рихард Јакопич
Рихард Јакопич (12 април 1869, Краково - 21 април 1943, Љубљана) — словенечки импресионистички сликар.
Рихард Јакопич | ||
Роден | 12 април 1869 Краково, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 21 април 1943 Љубљана, Југославија | |
Националност | Словенец | |
Занимање | сликар |
Тој беше водечки словенечки импресионист, покровител на уметноста и теоретичар. Заедно со Матеј Стерн, Матија Јама и Иван Грохар, тој бил за пионер на словенечкото импресионистичко сликарство[1].
Животопис
уредиРијард Јакопич е роден во Краково, предградие на Љубљана. Неговиот татко, Франк Јакопич, бил трговец со земјоделски добра. Рихард бил најмладиот од осумте деца.
Јакопич студирал на Академија за ликовни уметности Виена, за кратко време се врати дома поради болест, а потоа ги продолжи студиите во 1889 година, на Академија за ликовни уметности во Минхен а во 1890 година, во ателјето на Антон Ажбе - Уметничко училиште во Минхен. Потоа живеел во Љубљана, каде учествувал во основањето на словенечкото уметничко друштво, а по 1902 година во Шкофја Лока. Во 1903 година, тој ги продолжил студиите на Академијата за ликовни уметности во Прага. Во Љуљана, Јакопич ја основал словенечката школа за импресионистичко цртање и сликарство, претходник на Академија за ликовни уметности на Универзитетот во Љуљана. Тој бил иницијатор за основањето на Националната галерија на Словенија[2].
Јакопич е еден од најзначајните сликари на европскиот импресионизмот. Неговата специфична ликовна и колористичка постапка се од исклучително значење за идните ликовни уметници, заради слободата на потезот, колористичката хармонија и специфичната композиција.
Денес, неговите дела, заедно со останатите дела на словенечките импресионисти се главните експонати во Народната галерија во Љубљана, слики кои ја докажуваат европската позиција на словенечкиот импресионизам, поставен во највисоки рамки.[3]
Поважни дела
уреди- „Сончев рид“ (1903), Национална галерија, Љубљана
- „Брези во есен“ (1903), Национална галерија, Љубљана
- „Камнитник во снег“ (1903), Национална галерија, Љубљана
- „Зима“ (1904), Национална галерија, Љубљана
- „Покрај светилката“' (1904), Национална галерија, Љубљана
- „Студија за сонцето“(1905), Национална галерија, Љубљана
- „Крижанки“ (1909), Национална галерија, Љубљана
- „Спомени“ (1912), Национална галерија, Љубљана
- „Зелениот превез“ (1915), Национална галерија, Љубљана
- „Вечер на реката Сава“ (1926), Национална галерија, Љубљана
- „Слеп човек “' (1926), Национална галерија, Љубљана
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Рихард Јакопич. Национална галерија на Словенија