Димче Николов — еден од позначајните македонски графичари и ликовни уметници.[1]

Димче Николов
Роден 21 февруари 1953
(Битола, Македонија Македонија
Починал 30 април 1998
Скопје, Македонија Македонија
Занимање графичар, сликар

Животопис

уреди

Димче Николов е роден на 21 февруари 1953 година во Битола, тогашна СФР Југославија

Завршил училиште за применета уметност во Скопје каде што под сугестија и настојување на професорот и истакнат уметник од постарата генерација Ристо Калчевски во 1974 година се запишува на Академијата за ликовни уметности во Љубљана., Словенија. На академијата, се запишал на сликарскиот оддел во класата на професорот Штефан Планинц.

По дипломирањето се запишал и завршил во 1978 година, постдипломски студии по графика во истата академија во класата на еден од поистакнатите словенечки и југословенски графичари - Богдан Борчич.

Во 1979 година станува член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија.

Во 1986 година по 12 годишен престој во Словенија се вратил во Македонија и станува професор на графичкиот отсек на факултетот за ликовни уметности во Скопје.. Станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Во 1995 година станал декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје[2].

Во 1998 година на 30 април ненадејно починал во Скопје.

Творештво

уреди

Создавал апстрактни, лирскo третирани знаковни композиции со употреба на црно-бели ефекти: (Предел 14, 1979; Предел 22, 1980). Тој ја поставил графичката уметност на исто рамниште со сликарството и со вајарството. Претставувајќи ја својата ликовна преокупација преку класичните графички техники (линорез, литографија, сува игла, бакропис, акватинта), Николов постигна висок квалитет, со што оставил важна трага во развојот на графичката уметност во Македонија[3]. Во својот ликовен опус, тој стигнал до естетско, композициско совршенство кое е паралелно со истакнатите дела и творци особено од полскиот и јапонскиот графички универзум.

Неговите дела и по симболиката и по структурата која навидум е со минималистичи мотивски елементи, всушност е своевидна рефлексивна монументалност чие значење и загледаност во иднината на човечкото опстојување, допрва треба да се протолкуваат и да се одгонетнат.

Неговото дело е поблску до своевидна филозовска интровертност и длабочина која за жал не е протолкувана адекватно и константно, бидејќи изискуваат и одрден филозофко - есеистички критички контекст кој е во рамките на светското ликовно толкување и дешифрирање.

Неговото творечко присуство денес е поинтензивно и вистински валоризирано во Словенија и други графички центри во светот, наспроти анемичното, скоро таксативно бележење на неговиот удел во развојот на македонската уметност.

Изложби - избор

уреди

Тој бил автор на многу самостојни изложби во Југославија и во странство и учествувал на многу групни изложби.

• Љубљана, Галерија Арс, 1979

Белград, Галерија на графичкиот колектив, 1984

Париз, Центар за современа уметност, 1984

Брисел - галерија Лувиер & Лиеж, заедно со Богдан Борчич, 1987

Фрехен - МГТ, 1983

Краков - МГТ, 1984

Торонто - МГТ, 1984

Торонто - МГБ, минијатури, 1984

Гренобл - Европска графика, 1984

Канагава (префектура) - МГТ, 1989

Чиле - МГТ, 1990

Кјото - МУФ, 1980

Сеул - МГТ, 1980

Барселона - МИ на цртеж, 1981

Виена - Графиката на Источна Европа, 1995

Даблин - МГТ, 1997

Напа , Калифорнија - МГТ, 1991

Фредикстад - МГТ, 1991

Њујорк (град) - МГТ, 1994

Гиор - Музеј на современата уметност, 1996

Лондон - Студио Риверсид, 1998

Шамолиер - Галерија на современата уметност, 2000

Битола - МГТ, 2002

Скопје - МСУ, 2008

Награди - избор

уреди

Димче Николов бил еден од најнаградуваните македонски графичари и воопшто уметници.

Љубљана - награда за млад автор, 1983

Фрехен - МГТ, 1983,

Битола - ЈГТ, 1984

Лублин - МГТ, 1985

Краков - МГТ, 1986

Сеул - Награда за плакат,, 1987

Ферол - МИТ, 1990

• Љубљана - МГТ, 1991

Сапоро - МГБ, 1991

Гиор - Награда на Академијата за наука и уметност, 1995

Оуренсе - МГТ, 1996

• Шамолиер - Големата Награда, 1997

Скопје - Награда 11 - ти октомври 1997

Намур - Големата Награда, 1998

Библиографија - избор

уреди

Ричард Иванишевиќ - Сликарски Рефлексии, „Млад борец “, 4 февруари 1981

Паскал Гилевски - Симболички предели, „Вечер “, 14 05 1985

Величковски Владимир - Триенале на современата југословенска графика, „Политика “, 03 12 1981

Лилјана Чукул - „Димче Николов“, Графички колектив, Белград , 1984

Финохеиро Ѓузепе - Светската уметност, Италија , 1987

Борис Петковски - Графички истражувања, Разгледи , 1989

• Борис Петковски - Графичките сонувања на Димче Николов, МГТ - Љубљана, 1993

Наводи

уреди
  1. НИКОЛОВ, Димче[мртва врска]
  2. „графичарот Димче Николов“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 2020-04-25.
  3. Изложба на Димче Николов во Битола

Надворешни врски

уреди