Постојнска Јама
Постојнска Јама (словенечки: Postojnska jama) — карстен пештерски систем кај Постојна, Словенија, долг 20,5 км. Претставува втор најголем ваков систем во Словенија (по Миговец)[2] и една од најголемите посетителски места во земјата.[3] Јамата е создадена од реката Пивка.
Постојнска Јама | |
---|---|
Postojnska jama | |
Сталагмити во јамата | |
Место | Општина Постојна, Словенија |
Длабочина | 115 м |
Должина | 20,5 км |
Геологија | варовничка |
Пристап | пеш |
Регистар | Cave E-Cadastre[1] |
Историја
уредиПештерата прв ја опишал природонаучникот Јанез Вајкард Валвазор — основоположник на изучувањето на карстните појави.[4] Во 1818 г. мештанинот Лука Чеч открил нов дел од системот, кога се вршени подготовките за посетата на светиот римски цар Франц I на пештерата.
- Прв водич и електрично осветлување
Во 1819 г. Постојнската Јама е отворена за посети од јавноста и Чеч станал нејзиниот прв туристички водич. Во 1884 г. во пештерата е поставено електрично осветлување во земјата, дури и пред Љубљана.
- Посетителска железница
Во 1872 г. во пештерата е поставена посетителска железница за разгледување на внатрешнсота. Најпрвин вовчето го туркале самите водичи, но на почетокот на XX век туркањето го заменила гасна локомотива.
- Воено складиште
За време на Втората светска војна, германската војска ја пренаменила пештерата во складиште, каде се чувале 1.000 буриња авионско гориво. Залихите се уништени во април 1944 г. од словенечките партизани во оган кој беснеел цели седум дена, уништувајќи голем дел од пештерата и зацрнувајќи го влезот.[5][6][7]
- По војната
По 1945 г. гасната локомотива е заменета со електрична. За јавноста се отворени 5,3 км од пештерата, што претставува најдолгата јавно достапна пештерска атракција во светот. На крајот на 1990-тите била една од најпосетуваните изложбени пештери во светот, со речиси 1 милион туристи годишно.[8]
Туризмот во 21 век
Во јуни 2015 година, управата на пештерата известила дека пештерските нуркачи успеале да истражат дополнителен подводен дел од пештерата што води кон пештерата Планина, со што го продолжил системот на пештерата од 20.570 м (67.490 стапки) на 24.120 м (79.130 стапки).Во пештерата се наоѓала и единствената подземна пошта во светот.[9] [10]
Човечка рипка
уредиПостојнската Јама е позната како дом на ендемската човечка рипка (Proteus anguinus) — најголемиот пештерски водоземец во светот.
Галерија
уреди-
Концертен простор во јамата погоден за 10.000 публика
-
Вовчето во пештерата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Предлошка:Cite cecad
- ↑ Močnik, Blaž (16 August 2012). „Nov najdaljši jamski sistem je pod Migovcem“. Delo.si. Delo, d. d. ISSN 1854-6544.
- ↑ Kogovšek, Janja; Pipan, Tanja; Stanka, Šebela; Zupan Hajna, Nadja. „Postojnski jamski sistem“. Во Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Encyclopedia of Natural and Cultural Heritage in Slovenia]. Посетено на 14 August 2012. Занемарен непознатиот параметар
|trans_title=
(help) - ↑ Johann Weichard Valvasor, Die Ehre dess Hertzogthums Crain: das ist, Wahre, gründliche, und recht eigendliche Belegen- und Beschaffenheit dieses Römisch-Keyserlichen herrlichen Erblandes, Laybach 1689; преп. Љубљљана 1984
- ↑ Clark, Sydney. 1955. All the Best in Europe. New York: Dodd, Mead and Company, стр. 472.
- ↑ Šerko, Alfred, & Ivan Mishler. 1967. The Postojna Grottoes and the Other Marvels of the Karst. Postojna: Tiskarna Toneta Tomšiča, стр. 21.
- ↑ Merrill, Christopher. 1999. Only the Nails Remain: Scenes from the Balkan Wars. Lanham, MD: Rowman and Littlefield, стр. 91.
- ↑ Tičar, J.; Tomić, N.; Breg Valjavec, M.; Zorn, M.; Marković, S. B.; Gavrilov, M. B. (2018-08-11). „Speleotourism in Slovenia: balancing between mass tourism and geoheritage protection“. Open Geosciences (англиски). 10 (1): 344–357. Bibcode:2018OGeo...10...27T. doi:10.1515/geo-2018-0027. ISSN 2391-5447.
- ↑ „V Postojnski jami odkrili nov podvodni rov“ [A New Underwater Passage Found in Postojna Cave]. Delo.si (словенечки). 30 June 2015.
- ↑ „Inhabitat - Green Design, Innovation, Architecture, Green Building“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2023-01-28.
Надворешни врски
уреди„Постојнска Јама“ на Ризницата ? |
- Postojnska-jama
.eu - „„Чудесна камена бајка" — опширен напис за Постојнската јама“. Вечер. 7 март 2005.[мртва врска] (македонски)