Марибор (словенечки: Maribor) — втор град по големина во Словенија и најголемиот град во традиционалниот регион Штаерска. Тој е седиште на Градската општина Марибор, седиште на Дравскиот статистички регион и регионот Источна Словенија. Марибор е економско, административно и културно средиште во источна Словенија.

Марибор
Maribor
Град
По стрелките на часовникот од горе: Градот покрај Драва; Главен плоштад со Столбот на чумата; Базилика на Мајка Милостива; Стар мост преку Драва; Мариборски замок
Марибор is located in Slovenia
Марибор
Марибор
Местоположба на Марибор.
Координати: 46°33′N 15°39′E / 46.550° СГШ; 15.650° ИГД / 46.550; 15.650
Држава Словенија
Традиционален регионШтаерска
Статистички регионДравски
ОпштинаМарибор
Прво споменување1164
Градски привилегии1254
Површина
 • Вкупна40,98 км2 (1,582 ми2)
Надм. вис.&10000000000002747000000274,7 м
Население (2021)[1][2]
 • ВкупноRise 97.019
 • Густина2.366/км2 (6,130/ми2)
ДемонимМариборец (Mariborčan, машки), Мариборка (Mariborčanka, женски)
Час. појасСЕВ (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+02)
Поштенски бр.2000
Повик. бр.02
КлимаОкеанска
Регистарски табличкиMB

Марибор бил прв пат споменат како замок во 1164 година, како населба во 1209 година и како град во 1254 година. Како повеќето Словенечки Земји, Марибор бил под Хабсбуршка власт до 1918 година, кога Рудолф Мајстер и неговите луѓе го зачувале градот кон Државата на Словенците, Хрватите и Србите која потоа се припоила кон Кралството Србија за да го створат Кралството СХС. Во 1991 година, Марибор станал дел од независна Словенија.

Во 2012 година, заедно со португалски Гимарајш, Марибор бил европска престолнина на културата, а една година потоа, во 2013 беше европска престолнина на младите.

Во градот се сместени голем број на установи од национално значење, како што се Универзитетот во Марибор, Институтот за информатички науки, Словенечкиот народен театар Марибор и други.

Марибор има многу поволна позиција на крстосницата на значајни европски патишта, се наоѓа по течението на реката Драва и е во непосредна близина на познатиот планински скијачки центар Похорје.

Име на градот

уреди

Марибор прв пат бил споменат во историските извори како Марпурх (германски: Marpurch) околу 1145 година (и подоцна Мархбурх (Marchburch), Марбурк (Marburc), Мархпурх (Marchpurch), и е кованица од средногорногерманскиот марх (march, марка (краина)) и бурк (burc, тврдина). Во денешно време, за да не може словенечкиот град да се помеша со германскиот град Марбург, германското име на словенечкиот град е „Марбург ан дер Драу“ (Marburg an der Drau; во превод „Марбург на Драва“).

Денешната верзија на името е дело на хрватско-словенечкиот поет Станко Враз и датира од 1836 година. Враз го создал името во духот на Илирското движење по аналогија со името „Бранденбург“ (споредено со долнолужичкиот збор Брамборска). Месно, градот бил познат на словенечки како „Марпрк“ или „Марпрог“.[3] Враз го модифицирал името на градот така што го задржа првиот дел од зборот „Мар“, а германскиот „бург“ го променил во словенечкиот „бор“. На почетокот го употребувал името Марбор, а подоцна името Марибор. Од 1838 година сите негови пријатели почнале да го употребуваат името Марибор. Борбата за воведување на ова име траело во следните 25 години, посебно заради отпорот на словенечкиот народ.[4]

Името „Марибор“ било прифатено меѓу Словенците во 1861 година.[5] кога Ловро Томан објавил песна со име „Mar i bor“, давајќи му на името словенечко соединение „мар“ (да се грижи') + „и“ + „бор“ ('да се бори за').[6] Покрај неговите словенечки и германски имиња, градот е познат и како Марбургум (Marburgum) на латински и Марбурго (Marburgo) на италијански.[7][8][9]

Географија

уреди

Топографија

уреди

Марибор се наоѓа на 269,5 метри надморска височина, 15° 39' 12" географска должина и 46° 33' 39" географска ширина. Има поволна географска положба затоа што има добра транспортна (патничка и железничка) врска со други значајни градови, како што се Загреб, Грац и Љубљана.

Низ градот тече реката Драва, на која се наоѓа и „Мариборскиот остров“, каде што се наоѓаат голем број јавни плажи, базени, ресторани и други угостителски капацитети кои го прават островот привлечно одредиште кое е посетувано од многу месни граѓани и странски и домашни туристи. Драва го дели градот на два дела, од кои во северниот дел е сместено старото градско јадро. Двата дела на градот се поврзани преку четири мостови за патнички сообраќај, еден железнички и еден пешачки.

Во градот има два рида, Калварија и Пирамида, кои се опкружени со плантажи на винова лоза. Ридот Пирамида ја дефинира северната граница на градот. Тука се наоѓаат остатоци од првиот мариборски замок од 11 век, како и капела која е изградена во 19 век. Овој ред овозможува непречени погледи на целиот град и неговата околина.

Клима

уреди

Просечната годишна температура на воздухот е 9,0 °C. Најниската месечна просечна температура е во јануари -2,3 °C, а највисоката во јули 0,7 °C. Зимите се прилично студени, летата се жешки, а во пролет и есен преовладуваат умерени температури. За ваквите поволни климатски услови сведочи и повеќевековната лозарска традиција.[10]

Просечното количество на врнежи е 1050 mm; најмногу има во мај, јуни и јули. Есенските месеци се релативно суви. Мариборската клима се одликува со сончеви денови, чиј број на годишно ниво просечно изнесува 266. Тоа го прави Марибор еден од најсончевите градови во Словенија. Во Марибор маглите не се многу честа појава. Се појавуваат во ноември и декември како резултат на зголемена влажност на воздухот и зголемена облачност.[10]

Населби

уреди

Градот Марибор е поделен на 11 населби односно градски четврти (словенечки: mestne četrti). Реката Драва ги дели населбите Центар, Корошка Врата и Иван Цанкар на север од другите области јужно од неа. Различните населби се поврзани со четири патни мостови, железнички мост и пешачки мост.

  1. Брезје-Догоше-Зрковци
  2. Центар
  3. Иван Цанкар
  4. Корошка Врата
  5. Магдалена
  6. Нова Вас
  7. Побрежје
  8. Радвање
  9. Студенци
  10. Табор
  11. Тезно

Население

уреди

Населението на Марибор[11]

1991 1996 2002 2004 2007
119,828 116,147 110,668 112,558 119,071

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2021“. stat.si. Статистичка служба на Република Словенија. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 1 февруари 2023.
  2. „Mestna občina Maribor“. Посетено на 1 февруари 2023.
  3. Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Љубљана: Modrijan. стр. 252.
  4. Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 252.
  5. „Predstavitev mesta Maribor“. maribor.si (словенечки). Архивирано од изворникот на 27 јануари 2023. Посетено на 1 февруари 2023.
  6. „Maribor obeležuje 180. obletnico svojega imena“. maribor24.si (словенечки). 15 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 2020-10-12. Посетено на 1 февруари 2023.
  7. Berk, Sandi (2001). „O tujejezičnih ustreznicah za slovenska zemljepisna imena“. Geografski vestnik. 73 (1): 38.
  8. Il siglario mondiale di enti e imprese economiche. Milan: Banca commerciale italiana. 1977. стр. 1039, 1202.
  9. Žgajnar, Matija (27 април 1968). „Vojna in Osvobodilna fronta“. Delo: Sobotna priloga (116). стр. 13.
  10. 10,0 10,1 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2007-11-10. Посетено на 2015-12-23.
  11. „Tabela: Podatki s področja demografije (projekt Urban Audit) za občini Ljubljana in Maribor“. Архивирано од изворникот на 2010-04-30. Посетено на 2011-04-05.
  12. „Twin Towns - Graz Online - English Version“. www.graz.at. Архивирано од изворникот на 2009-11-08. Посетено на 2010-01-05.

Надворешни врски

уреди