Исусово воскресение

(Пренасочено од Христово Воскресение)

Во системот на христијански верувања, Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крст, бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен третиот ден по закопот, а потоа им се укажал на многу луѓе во периодот од 40 дена по смртта, пред да се врати на небото.

Воскресение на Исус од Ноел Којпел, 1700.

Според евангелието, Исус воскреснал од мртвите третиот ден по распнувањето на крстот. Од смртта до воскресе нието поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна [1]. Според Лука, имало два ангела [2], а според Марко пак, млад човек облечен во бело [3]. Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин се јавил на Марија Магдалена.[3] Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.[4]

Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред Апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник.

Наводи

уреди