Лукреција Борџија
Лукреција Борџија (18 април 1480 - 24 јуни 1519) била вонбрачна ќерка на Родриго Борџија, кој подоцна станал папа под името Александар VI, и неговата љубовница Веноза Катанеј. Нејзините браќа се Чезаре Борџија, Џовани Борџија и Хофре Борџија. Таа е член на моќната ренесансна фамилија Борџија. Во некои од изворите често се сугерираа дека Чезаре и Лукреција најверојатно имале инцестуозни односи [1].
Лукреција Борџија | |
---|---|
Дама од Песаро и Градара Војвотка од Бишелие и Принцеза од Салерно Војвотка на Ферара, Модена и Реџио | |
Портрет на жена од Бартоломео Венето, традиционално се претпоставува дека тоа е Лукреција Борџија | |
Роден(а) | 18 април 1480 Subiaco, Italy |
Починал(а) | 24 јуни 1519 Ферара | (возр. 39)
Благородно семејство | Борџија |
Сопружник(ци) | Џовани Сфорца Алфонсо Алфонсо I |
Деца | |
Татко | Родриго Борџија (Папа Александар VI) |
Мајка | Ваноза Катанеј |
Фамилијата на Ликреција во подоцнежниот период станала синоним за безмилосната политика и корупција која била карактеристична за папството за време на ренесансата. Лукреција била жигосана како фатална жена и како таква е портретирана во многу уметнички дела, романи и филмови.
Меѓутоа многу малку, од изворите, се знае за животот на Лукреција, како и за степенот на нејзиното учество во политичката дејност на нејзиниот татко и браќа. Нејзината фамилија и организирале неколку брака со важни и моќни мажи, со цел фамилијата Борџија да стекне моќни сојузници и да ги оствари сопствените политички амбиции. Лукреција била во брак со Џовани Сфорца (господар на Пезаро), Алфонсо од Арагон (Војводата од Бисеглија) и Алфонсо Д' Есте (војвода од Ферара). Според традицијата, Алфонсо од Арагон бил незаконски син на кралот на Неапол и бил убиен од страна на Чезаре откако го изгубил своето политичко значање.
Извори
уреди- ↑ The Borgias by Ivan Cloulas, p. 52