Франсин Жорди
Франсин Жорди (фр. Francine Jordi) (р. 24 јуни 1977) — швајцарска пејачка од Ворб. Родено име ѝ е Франсин Леман (Francine Lehmann). Како мало девојче таа веќе пеела песни за јапонските туристи во Интерлакен.
Со ваква музичка дарба, таа во 1998 г. во Германија ја освоила наградата Гран при за народна музика. Оттогаш Франсин станала вистинска ѕвезда во Швајцарија со златни плочи, успеси по топ-листите и турнеи по земјите од германско говорно подрачје. Водела и две емисии на телевизијата ARD.
Во 2002 г. Жорди ја претставувала Швајцарија на Евровизија во Талин со песната на француски јазик насловена како „Во градината на мојата душа“ (Dans le jardin de mon âme). Истата есен, заедно со нејзината група направила соло турнеја низ Швајцарија.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место (германски)
ж
Оваа биографска статија за личност од Швајцарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |