Шарл Месје

француски астроном

Шарл Месје (француски: Charles Messier; 26 јуни 1730 - 12 април 1817) — француски астроном, најпознат по неговиот каталог на длабоконебесни тела како маглини и ѕвездени јата наречени „Месјеови објекти“. Со каталогот Месје сакал да им помогне на набљудувачите и ловците на комети како него да ги разликуваат постојаните и минливите објекти на небото.

Шарл Месје
фр. Charles Messier
Портрет на Шарл Месје
Роден(а)26 јуни 1730(1730-06-26)
Бадонвилер, Франција
Починал(а)12 април 1817(1817-04-12) (возр. 86)
Париз, Франција
ЖивеалиштеПариз
ДржавјанствоФранцуско
НационалностФранцуска
Полињаастрономија
Познат поМесјеов каталог
Поважни наградиКрст на Легијата на честа

Живот

уреди

Месје е роден во Бадонвилер во областа Лотарингија (Лорена) како десетто од дванаесетте деца на судскиот редар Никола Месје и сопругата Франсоаз Б. Грандблез. Во детството му починале шест браќа и сестри, а во 1741, починал и татко му. Интересот за астрономијата му го поттикнало појавувањето на спектакуларната голема шестопашеста комета во 1744 и затемнувањето на Сонцето на 25 јули 1748. Во 1751 г. се вработил кај Жозеф Никола Делизл, астроном на воената морнарица, кој во него создал навика за подробно запишување на она што го забележувал на небото. Првото документирано набљудување на Месје бил преминот на Меркур на 6 мај 1753.

Во 1764 Месје станал член на Кралското друштво на Британија, во 1769 бил избран за странски член на Кралската шведска академија на науките, а на 30 јуни 1770 е назначен за академик во Француската академија на науките.

Покрај овие објекти, Месје открил и 13 комети[1].

Месјеовиот каталог

уреди

Првото издание на каталогот содржело 45 објекти 1774 и е објавено во списанието на Француската академија на науките во Париз. Конечната верзија е објавена во 1781 во Connoissance des Temps („Познавање на времето“) за 1784 г..[2] Конечниот список на Месјеови објекти пораснал на 103 објекти.

На неколку наврати во периодот од 1921 до 1966, астрономите и историчарите наишле на докази за уште седум објекти забележани од Месје или неговиот помошник, Пјер Мешен, набргу по објавувањето на конечното издание на каталогот. Овие седум објекти (од M104 до M110, се прифатени во астрономијата како „официјални“ Месјеови објектии.

Месјеовите ознаки на објектите, од M1 до M110 се користат и денес, како во професионалната, така и во аматерската астрономија.

Каталогот не е подреден на научна основа или по местоположба, како подоцнежниот Нов општ каталог. Но сепак, Месјеовиот каталог ги опфаќа речиси сите најспектакуларни примероци од петте типа на небесни објкти - расеани маглини, планетарни маглини, расеани јата, збиени јата и галаксии. Бидејќи Месје ги открил овие објекти со телескоп со релативно мал отвор (околу 102 мм), ова значи дека тие се најсјајните и најпривлечните длабоконебесни тела што можат да се видат од европско тло. Со тоа Меијеовите објекти се и најпопуларните небесни тела за набљудување и фотографирање кај аматерите со поголема опрема. Покрај ова, речиси сите овие објекти се меѓу најблиските до нас во својата класа, што значи дека се чест предмет на изучување кај професионалците, бидејќи од нив можат да се направат мошне детални и интересни слики.

Многу од објектите во каталогот се откритие на Месјеовиот помошник, Пјер Мешен.

Во негова чест е именуван кратерот Месје на Месечината и астероидот 7359 Месје.

Белешки

уреди
  1. Катаог на откритија на комети - Мајк Мејер (англиски)
  2. Charles Messier, 1781. Catalogue des Nébuleuses & des amas d'Étoiles. Connoissance des Temps за 1784 г. (обј. 1781), стр. 227-267 [Bibcode: 1781CdT..1784..227M].
    „Изворниот Месјеов каталог од 1781 г.“. Изворниот Месјеов каталог од 1781 г. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 10 ноември 2007. (француски)

Извори

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Англиски

уреди