Отвори го главното мени

Антоан Лоран де Жисје

Ботаничар што ги класификувал цветните растенија

Антоан Лоран де Жисје (француски: Antoine-Laurent de Jussieu; 12 април 174817 септември 1836) — француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес. Класификацијата претставува дополнување и разработка на необјавното дело на неговиот чичко, Бернар де Жисје.

Антоан Лоран де Жисје
Antoine-Laurent de Jussieu
Jussieu Antoine-Laurent de 1748-1836.jpg
Роден12 април 1748(1748-04-12)
Лион, Франција
Починал17 септември 1836(1836-09-17) (воз. 88 г.)
Живеалиште Франција
Националност Франција
Полињаботаника
УстановиГрадина на растенијата, Париз
Познат покласификација на цветните растенија
Авторска кратенка (бот.)Juss.

ЖивотУреди

Жисје е роден во Лион. Студирал медицина во Париз, и дипломирал во 1770. Станал професор по ботаника во установата Градина на растенијата (Jardin des Plantes) од 1770 до 1826 г. Син му, Адриен Анри, исто така станал ботаничар.

Во трудот посветен на цветните растенија Genera plantarum („Растителни родови“, 1789), Жисје увоил методологија на класификација според простите особености на растенијата, идеја која ја добил од шкотско-францускиот ботаничар Мишел Адансон. Ова претставувало значаен напредок во однос на „вештачкиот“ систем на Карл Линеј, чие најпопуларно дело ги класификувало растенијата во класи и редови според бројот на прашници и толчници. Жисје сепак ја задржал Линеевата биномна номенклатура, поради што делото се стекнало со големо и долгосежно влијание - голем дел од растителните семејства и денес му се припишуваат на Жисје. Од семејствата зачувани во правилникот ICBN, 76 се на Жисје, наспроти само 11 на Линеј.[1]

Во 1788 е избран за странски член на Кралската шведска академија на науките.

Жисје бил член на истакнатата масонска ложа „Девет сестри“ (Les Neuf Sœurs)

ДелаУреди

НаводиУреди

Викиизвор има оригинални дела од или за:
  1. Morton, Alan, History of botanical science, 1981
  2. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња.  (англиски)