Блерим Џемаили (албански: Blerim Xhemaili, роден во Тетово, 12 април 1986) — швајцарски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Монтреал Импакт на заем од Болоња.

Блерим Џемаили

Животопис

уреди

Џемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон[1], каде што играл до 2009 година. Потоа преминува во ФК Торино[2][3], за веднаш потоа да премине во Парма[4]. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати (состојба 2009).

Статистика

уреди
Сезона Клуб Игри Голови
2003-2004   Швајцарија - ФК Цирих 30 2
2004-2005   Швајцарија - ФК Цирих 26 1
2005-2006   Швајцарија - ФК Цирих 32 3
2006-2007   Швајцарија - ФК Цирих 23 3
2007-2008   Англија - Болтон 0 0
2008-2009   Италија-ФК Торино 13 0

Наводи

уреди
  1. „Bolton swoop for Džemaili and Cid“. BBC Sport. 9 февруари 2007. Посетено на 2009-06-16.
  2. „Xhemaili quits Bolton for Torino“. BBC Sport. 15 јуни 2009. Посетено на 2009-06-15.
  3. „Xhemaili signs for Torino“. Sky Sports. 15 јуни 2009. Посетено на 2009-06-15.
  4. „Torino vs Figline 1-0“ (италијански). Torino FC. 2009-08-09. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-09-01.

Надворешни врски

уреди