Сократ Маркилов
Сократ Данаилов Маркилов (1924 - 1993) — еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.
Сократ Маркилов | ||
Роден | 12 април 1921 Бутково, Кралство Грција | |
---|---|---|
Починал | 4 август 1993 Бања Банско, Банско, Македонија | (возр. 72)|
Почивалиште | Петрич, Бугарија |
Маркилов е роден на 12 април 1921 година во селото Бутково, Валовишко, Егејска Македонија. Во Втората светска војна, тој дезертирал од бугарската војска и се придружил на антифашистичкото движење. По војната живеел во градот Петрич, каде поради својата македонска етничка определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956 година). Неколкупати бил фрлан во бугарските затвори, каде одлежал 17 години општо. Првиот пат добил пресуда од 12 години, а во 1974 од 5 години затвор. Неговото семејство било интернирано во градот Ловеч, при што жена му се самоубила.
Маркилов е еден од основачите и најактивни дејци на Независната македонска организација „Илинден“ (во 1968 година), сè до нејзиното откривање во 1973 година, кога е уапсен. Подоцна е и еден од основачите на ОМО „Илинден“ (април 1990). Учествува во организацијата на првиот и воедно најмасовен собир на Македонците кај Роженскиот манастир во 1990 година. Од тоа време во сеќавање ќе останат неговите искажувања:
- „Немам што да изгубам. Ниту деца, ниту жена, ми останува само голиот живот. А него секогаш можам да го дадам за Македонија“.
- „Масовниот собир на Роженскиот манастир претставува голема победа на македонизмот во Бугарија и на организацијата ОМО „Илинден“. За тоа сонував. Во овој собир веќе никој не ќе може да ја сопре борбата на Македонците".
Умирел на 4 август 1993 во Бања Банско, Банско. Погребен е, по негова желба, во Петрич.
Извори
уреди- Спомени на Сократ Маркилов (снимени на магнетофонска лента од Васил Јотевски), мај-јуни 1991
Литература
уреди- Македонија над сè, Стојан Георгиев-Томовичин, Битола, 1990
Надворешни врски
уреди- Документарец - „Животот помина мој Сократе“
- Документарец за собирот на Роженскиот манастир 1990 година со кратко интервју на Сократ Маркилов
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |