Михо Чакеља (хрватски: Miho Čakelja; Дубровник, Хрватска, 9 јануари 1909Скопје, 12 април 1977) — македонски архитект и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Животопис

уреди

Чакеља е роден во хрватскиот град Дубровник на 9 јануари 1909 година.После дипломирањето на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1933 година, се доселил во Скопје, каде останал до крајот на својот живот[1]. Освен педагошката работа, развил богата проектантска и урбанистичка активност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимавал и со графички дизајн. Позначајни реализации: зградата на Вакувската дирекција во Скопје; зградата на Електродистрибуција во Скопје. Го проектирал архитектонскиот дел на термо и хидроелектрани во Македонија. Од урбанистичкото проектирање познапознач ајни дела му се: урбанистичкото решение за Културно-спортскиот центар „Сарај“ во Скопје во 1949 година, Директивниот план на Гостивар, работнички населби на рудникот „Злетово“. Негов проект била и Зградата на Ибни Пајко која е изградена во 1938 година[2]. Починал во Скопје на 12 април 1977 година.

Наводи

уреди
  1. Калабакова, Снежана. „Градот ќе го врати името „Дом Ибни Пајко" ако го има на стари фотографии“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-16.[мртва врска]
  2. „Пајко маало“. Вечер. Посетено на 2010-05-16.[мртва врска]