Скриеносеменици

(Пренасочено од Цветни растенија)
Magnoliophyta (скриеносемени)
Период: касна Јура - денес
Цвет од магнолија
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Magnoliophyta
традиционални класи:

Magnoliopsida - дикотиледони растенија
Liliopsida - монокотиледони растенија

Никулец на жолт грав ( претставник на дикотиледони )

Скриеносемените (цветни) растенија (научно: оддел Magnoliophyta, по растението магнолија, уште и Angiospermae, од латински angi = затворено, грчки sperma = семе) сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат цветните растенија, кои воедно се и доминантната форма на растенија на Земјата. Овие растенија се главниот извор на храна за повеќето цицачи и човекот, како и извор на повеќе материјали и природни производи. Тука се вклучени најмногу грмушки и тревести растенија, повеќето познати дрвја (освен боровите и другите четинари), како и некои специјализирани растенија од типот на сочници, паразити и водни растенија. Познати се околу 230 000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето копнени екосистеми. Околу две третини се наоѓаат во тропските региони, каде се во голема опасност од истребување како резултат на човечката дејност. Само околу 1000 видови се од поголема економска важност, а како хранлив ресурс служат околу 15 видови.

Палма и нејзините плодови е претставник на монокотиледоните

Скриеносемени растенија се наречени поради тоа што нивната семка е заштитена во внатрешните делови на плодот со дебела и црвста обививка , за разлика од голосемените растенија каде што семката не е заштитена со дебела и цврста обвивка , туку се наоѓа залепена на дрвенестите ливчиња на женската шишарка која што е заштитена со нежно , тенко и привидно крилце за да се заштити при процесот на расејување . Скриеносемените растенија се поделени на : монокотиледони и дикотиледони . Одлики на монокотиледоните се : монокотиледоните имаат 1 котиледон ( 1 семено ливче ) , имаат жилест корен , спроводните снопчиња ( ксилем и флоем ) се расфрлани , имаат паралелна нерватура на лист и имаат трочлен цвет . Примери за монокотиледони се : житни растенија , кокос , урма , банана и слично . Одлики на дикотиледони растенија се : дикотиледоните имаат 2 котиледона ( 2 семени ливчиња ) , имаат осков корен , спроводните снопчиња во вид на прстен , имаат жилеста нерватура на лист и имаат петточлен цвет . Примери за дикотиледони се : грав , леќа , грашок , боранија , краставица , домат и слично .

Цветот како основно обележје на скриеносемените растенија

уреди
Повеќе информации во Цвет.
 
Различни бои и форми на цветови.
 
Дванаесет различни цветови на растенија од фамилијата главоцветни (Asteraceae)

Карактеристично обележје на скриеносемениците е цветот, чија функција е размножување преку развиток на семе. Цветот е силно изменет изданок составен од четири основни делови поредени во одделни кругови. Надворешниот круг се состои од чашкини ливчиња (sepala) кои обично се зелени. Внатрешниот круг е изграден од венечни ливчиња (petala) кои исто така се изменети листови, но најчесто се повпечатливо обоени. Третиот круг го сочинуваат прашниците (stamen), односно машкиот дел од цветот кој произведува полен. Највнатрешниот дел од цветот е женскиот и е претставен со плодните листови (pistillum-и) кои се сраснати и образуваат плодник (carpellum).

Семето кај скриеносемениците се развива во јајчник, дел од плодникот кој ги обвива и заштитува овулите што содржат јајце-клетки. Семето се развива од овулата по опрашувањето и оплодувањето. Овулите и семињата, сепак, не се среќаваат само кај скриеносемениците. Нив ги има и кај голосемените растенија. Развитокот на семиња од овулите затворени во јајчник (овариум), кој се зголемува во плод како што оплоденото семе расте, е единствена одлика за скриеносемениците.

Еволуција

уреди

Цветот веројатно еволуирал од некоја изумрена голосемена група на растенија која поседувала хермафродитни шишарки кои се опрашувале со помош на инсекти. Денешните голосеменици најчесто се опрашуваат со ветер (анемофилија), но кај некои фосили постојат индикации за опрашување со инсекти (ентомофилија).