Фабрицио Раванели

Фабрицио Раванели (роден на 11 декември 1968 година во Перуџа) — италијански фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата напаѓач.

Фабрицио Раванели
Лични податоци
Роден на 11 декември 1968(1968-12-11)(55 г.)
Роден во Перуџа, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2005 (36 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986-1989 Перуџа Перуџа 90 (41)
1989-1990 Авелино Авелино 7 (0)
1990Казертана Казертана 27 (12)
1990-1992 Реџана Реџана 66 (24)
1992-1996 Јувентус Јувентус 111 (41)
1996-1997 Мидлсбро Мидлсбро 35 (17)
1998-2000 Марсеј Олимпик Марсеј 64 (28)
2000-2001 Лацио Лацио 27 (4)
2001-2003 Дарби Каунти Дарби Каунти 50 (14)
2003 Данди Данди 5 (0)
2004-2005 Перуџа Перуџа 39 (9)
Репрезентација
1995-1999 Италија Италија 22 (8)
Раководител на екипите
2011-2013 Јувентус Јувентус (младинци)
2013 Ајачио Ајачио
2018 Арсенал Киев Арсенал Киев
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

По неколку искуства во Серија Ц2, Ц1 и Б лигите во Италија, тој дошол во преден план носејќи го дресот на Перуџа и Реџана, што му овозможило да ја преживее најсјајната фаза во својата кариера во редовите на Јувентус, каде освоил еден Куп на УЕФА, едно скудето, еден Куп на Италија, еден Суперкуп на Италија и една титула во Лигата на шампионите. Потоа тој се преселил во Мидлсбро, а потоа и во Олимпик Марсеј, пред да се врати во Италија во 2000 година, потпишувајќи за Лацио, каде освоил уште едно скудето, Куп на Италија и Суперкуп. Во подоцнежните години од својата кариера, тој настапувал за Дарби Каунти, Данди и уште еднаш на Перуџа, каде ја завршил својата кариера во 2005 година.

За италијанската репрезентацијата настапил 22 пати, во периодот од 1995 до 1999 година. Учествувал на Европското првенство 1996.

Неговиот прекар во Италија бил Penna Bianca (во превод "белото перо")[1] додека во Англија бил наречен Silver Fox (во превод "сребрената лисица").[2] и двата се однесуваат на раното побелување на неговата коса. Додека играл за Јувентус, Раванели двапати бил номиниран за Златната топка во 1995 и 1996 година, завршувајќи на 12-тото и 16-тото место соодветно.

Прослава на головите

уреди

тој е запаметен и по особената радост по секој негов гол, што тој лично го измисли, а се состоеше од тоа да ја покрие главата со кошулата на играта и да продолжи да трча со раширени раце.[3][4][5]

Клупска кариера

уреди

Раните години во Серија Б и Серија Ц

уреди
 
Раванели во дресот на Перуџа, во сезоната 1988-1989.

Раванели започнал да игра фудбал во неговиот роден град, во клубот Перуџа Калчо, во Серија Ц2 лигата. За време на сезоната 1987-1988 тој станал хит со постигнати 23 гола,[6] кои го прават најдобар стрелец во првенството и му овозможил на својот клуб да избри промоција во Серија Ц1 лигата. Во неговите први три сезони во Перуџа тој забил вкупно 41 гол, пред да биде купен од страна на Авелино, каде собрал само 7 настапи во Серија Б. Потоа тие го испратиле на заем во Касертана во Серија Ц1, а потоа во сезоната 1990-1991 тој се преселил во редовите на Реџана во Серија Б, каде што одиграл две сезони во кој постигнал 24 гола.

Јувентус

уреди

Пред почетокот на сезоната 1992-1993 тренерот на Јувентус, Џовани Трапатони го довел Раванели во овој клуб за сума од 3 милијарди лири.[7] Своето деби во Серија А, Раванели го имал на 6 септември 1992, во натпреварот Каљари-Јувентус 0-0.[8] Во првата сезона со клубот тој го освоил Купот на УЕФА, победувајќи ја во финалето германската Борусија од Дортмунд.

За време на сезоната 1994-1995, со доаѓањето на новиот тренер Марчело Липи, Јувентус го освоил своето 23-то скудето и деветтиот наслов во италијанскиот куп во историјата на клубот. На 27 септември 1994, Раванели постигнал 5 гола во натпреварот од Купот на УЕФА, Јувентус-ЦСКА Софија 5-1, што е рекорд за играч на Јувентус во европските купови.[9]

Во следната сезона 1995-96, Раванели постигнал гол во финалето на Лигата на шампионите, со кој им донел предност на бјанконерите против Ајакс(на крајот Јувентус победил по изведување на пенали).[10]

На крајот од оваа сезона тој и ставил крај на соработката со тимот од Торино, и се преселил во екипата на Мидлзборо во англиската Премиер лига.

Мидлзборо

уреди

Во летото 1996, менаџерот на Мидлзборо Брајан Робсон го купува Раванели за сума од 7.000.000 £. Тој веднаш направил позитивно влијание по трансферот во Премиер лигата иако неговиот успех не бил одржан. Тој постигнал хет-трик на неговото лигашко деби против Ливерпул на денот на отворањето на сезоната 1996-1997 во Премиер лигата.[11] И покрај тоа што бил еден од најдобрите стрелци во првенството, Мидлзборо испаднал од лигата во годината во која тој му се приклучил на клубот.[12] Тој сепак, им помогнал да стигнат до финалето во двата домашни купа таа сезона. Тој ги започнал и двете финалиња во почетната постава, но Мидлзборо загубил со 2-0 од Челзи во финалето на ФА Купот[13] и со 2-1 на вкупен резултат од Лестер Сити во финалето на Лига купот, каде тој постигнал гол во првиот натпревар од финалето во 94-тата минута од продолжението,[14] и кога се чинело дека Мидлзборо ќе победи само неколку минути пред крајот Емил Хески погодил за изедначување и го испратил натпреварот во преигрување, во кое Лестер победил со 1-0. Тој се отуѓил од соиграчите и навивачите, со неговите постојани поплаки и критики за режимот на тренинг во клубот, како и за самиот град, и покрај тоа што бил еден од највисоко платените фудбалер во Премиер лигата во времето.

Олимпик Марсеј

уреди

По испаѓањето на Мидлзборо, Раванели се преселил во Олимпик Марсеј. Во сезоната 1998-1999, Марсеј завршил на второто место во француската прва дивизија, со еден бод помалку од шампионот Бордо. Наредната сезона тие се натпреварувале во Лигата на шампионите, а Раванели постигнал еден гол против Штурм Грац на Велодром. Тој постигнал вкупно 28 гола во трите сезони во француското првенство.

Лацио

уреди

Тој се вратил во Италија во 1999 година, кога бил ангажиран од страна на Лацио, каде што најчесто бил користен како резерва. Тој го освоил своето второ скудето во кариерата, а исто така бил победник и во италијанскиот куп во првата година и во италијанскиот суперкуп следната година.

Дарби Каунти

уреди

Во јули 2001 година, Раванели му се приклучил на Дарби Каунти со слободен трансфер,[15] потпишувајќи со нив двегодишен договор. Тој не можел да го спаси клубот од испаѓање во 2002 година.[16] Поради финансиските проблеми на Дарби, тие морале да ја одложат исплатата на неговата плата која била платена за неколку години.

Данди

уреди

По завршувањето на неговиот договор со Дерби тој бил ослободен од клубот, како и сите нивни најдобро платени играчи. Раванели потоа поминал краток период играјќи за Данди во Шкотската Премиер лига. На 5 првенствени натпревари неуспеал да постигне ниту еден погодок, но затоа постигнал хет-трик во натпревар од Шкотскиот куп.

Враќање во Перуџа

уреди
 
Дресот на Раванели во Перуџа

По завршувањето на авантурите во Европа, тој се вратил назад во родниот град Перуџа во јануари 2004 година, и одново заиграл за Перуџа Калчо во Серија А под водство на Серсе Козми. Благодарение на головите на Раванели во завршницата од сезоната, клубот се движел нагоре и стигнал барем до плејофот во кој контроверзно загубиле од Фјорентина, па така Перуџа како поразена испаднала во Серија Б.

За време на сезоната 2004-2005 напаѓачот сè уште играл во Перуџа, со цел да му помогне на клубот да се врати во елита. По финалето на плејофот против Торино, Раванели одлучил да се пензионира од фудбалот, преземајќи ја позицијата на технички директор во младинскиот сектор на бјанкоросите.

Репрезентативна кариера

уреди

Раванели одиграл вкупно 22 натпревари за репрезентација на Италија и постигнал 8 голови. Тој го направил своето деби за Аѕурите на 25 март 1995 за време на квалификацискиот натпревар за Евро 1996 против Естонија, кога тој успеал да постигне и гол.

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-3-1995 Салерно Италија   4 – 1   Естонија Квал. за Евро 1996 1
29-3-1995 Киев Украина   0 – 2   Италија Квал. за Евро 1996 -
6-9-1995 Удине Италија   1 – 0   Словенија Квал. за Евро 1996 1
8-10-1995 Сплит Хрватска   1 – 1   Италија Квал. за Евро 1996 -
11-11-1995 Бари Италија   3 – 1   Украина Квал. за Евро 1996 2
15-11-1995 Реџо Емилија Италија   4 – 0   Литванија Квал. за Евро 1996 -
24-1-1996 Терни Италија   3 – 0   Велс Пријателска 1
29-5-1996 Кремона Италија   2 – 2   Белгија Пријателска -
1-6-1996 Будимпешта Унгарија   0 – 2   Италија Пријателска -
11-6-1996 Ливерпул Италија   2 – 1   Русија Евро 1996 - Прва фаза -
14-6-1996 Ливерпул Чешка   2 – 1   Италија Евро 1996 - Прва фаза -
5-10-1996 Кишињев Молдавија   1 – 3   Италија Квал. за СП 1998 2
9-10-1996 Перуџа Италија   1 – 0   Грузија Квал. за СП 1998 1
6-11-1996 Сарајево Босна и Херцеговина   2 – 1   Италија Пријателска -
22-1-1997 Палермо Италија   2 – 0   Северна Ирска Пријателска -
12-2-1997 Лондон Англија   0 – 1   Италија Квал. за СП 1998 -
30-4-1997 Неапол Италија   3 – 0   Полска Квал. за СП 1998 -
29-10-1997 Москва Русија   1 – 1   Италија Квал. за СП 1998 -
15-11-1997 Наполи Италија   1 – 0   Русија Квал. за СП 1998 -
28-1-1998 Катанија Италија   3 – 0   Словачка Пријателска -
22-4-1998 Парма Италија   3 – 1   Парагвај Пријателска -
2-6-1998 Гетеборг Шведска   1 – 0   Италија Пријателска -
Вкупно Настапи 22 Голови 8

Тренерска кариера

уреди

На 13 јули 2011, тој станал тренер на јуниорите на Јувентус во категорија 99 (родени 1999 годината и подоцна)[17], додека во следната сезона тој бил тренер на регионалните младинци.[18]

На 8 јуни 2013 бил ангажиран како тренер на првиот тим на Ајачо, во Лига 1;[19] меѓутоа бил отпуштен на 2 ноември поради лошите резултати.[20]

Тренерска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 4 мај 2015.

Сезона Екипа Првенство Место Учинок
Одиграни Победи Нерешени Порази % успешност
2013-2014   Ајачо Л1 19º [21] (отпуштен) &1000000000000001300000013 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &0&100000000000007690000007,69
Вкупно во кариерата &1000000000000001300000013 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &0&100000000000007690000007,69

Титули

уреди

  Јувентус

уреди

  Лацио

уреди

Наводи

уреди
  1. „Fabrizio "Penna Bianca" RAVANELLI“. Архивирано од изворникот на 18 септември 2009. Посетено на 3 јули 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  2. Pietro Oleotto (24 јуни 2012). „Ravanelli ci crede: "Siamo i favoriti".
  3. Предлошка:Cita news
  4. Предлошка:Cita news
  5. Предлошка:Cita web
  6. „Италијанско првенство 1987-1988“ (англиски). rsssf.com. 26 октомври 2000.
  7. „плеер - комплетна колекција 1961-2012 panini“. panini. јули 2, 2012. стр. стр. 10. Проверете ги датумските вредности во: |year=, |year= / |date= mismatch (help); Отсутно или празно |url= (help)
  8. Каљари-Јувентус 0-0
  9. „Viaggio tra le Stelle: Fabrizio Ravanelli“. juventus.com. 27 јули 2011.
  10. „1995/96: Јуве на врвот во Европа“. Сојуз на европските фудбалски асоцијации. 22 мај 1996.
  11. Turnbull, Simon (19 August 1996). „Silver hair, silverware?“. The Independent. Independent Print Limited. Посетено на 5 March 2012.
  12. Brewin, John (24 April 2009). „Big-spending Boro undone by no-show“. ESPN Soccernet. ESPN. Архивирано од изворникот на 2012-11-06. Посетено на 5 March 2012.
  13. Ridley, Ian (18 May 1997). „The Chelsea Power Show“. The Independent. Independent Print Limited. Посетено на 5 March 2012.
  14. Moore, Glenn (7 April 1997). „Football: Heskey levels at the last to deflate Juninho“. The Independent. Independent Print Limited. Посетено на 5 March 2012.
  15. „Derby axe Ravanelli“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 9 May 2002. Посетено на 5 March 2012.
  16. „Ливерпул го испрати Дерби во понизок ранг“. БиБиСи Спорт. British Broadcasting Corporation. 20 април 2002 година. Посетено на 5 март 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. juventus.com, уред. (13 јули 2011). „Ravanelli: «Ritorno a casa!»“. Посетено на 25 септември 2014.
  18. tuttomercatoweb.com, уред. (7 јуни 2013). „Esclusiva TMW - Ravanelli sull'Ajaccio: "Resto concentrato sulla Juventus". Посетено на 25 септември 2014.
  19. ac-ajaccio.com, уред. (8 јуни 2013). „Fabrizio Ravanalle est l'entraîneur de l'ACA“ (француски). Архивирано од изворникот на 2013-07-01. Посетено на 25 септември 2014.
  20. gazzetta.it, уред. (2 ноември 2013). „Bayern in rimonta con Müller, l'Ajaccio esonera Ravanelli“. Посетено на 25 септември 2014.
  21. Позиција на тимот по 12 кола. На крајот на сезоната Ајачо завршиле 20º.

Надворешни врски

уреди