Томислав Чокревски
Томислав Чокревски (11 декември 1934—5 декември 2017) — македонски универзитетски професор, социолог и државник.
Томислав Чокревски | |
---|---|
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 23 февруари 1996 – 30 ноември 1998 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Љубомир Фрчкоски |
Наследник | Павле Трајанов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 декември 1934 Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
Починал(а) | 5 декември 2017 Скопје, Македонија | (возр. 82)
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
уредиЧокревски е роден во Битола на 11 декември 1934 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје[1] во 1958 година. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1967, а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката демократија“ во 1976 година. На Правниот факултет во Скопје бил избран за предавач по предметот социологија во 1968, за виш предавач во 1972, за вонреден во 1977 и за редовен професор во 1982 година. Бил уредник на списанието „Погледи“ во 1964 година и републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година[2]. Бил декан на Правниот факултет во Скопје во 1991 и 1992, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992/93 - 1993/94) и министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски од 1995 до 1998 година.
Библиографија
уредиОбјавил поголем број монографски дела и учебници од областите на социолошките и политичките науки. Основната идеја што ја следи во социологијата е функцијата на големите организации во демократијата.
- Организационо општество, “Студентски збор“, Скопје, 1995;
- Социологија на правото, “Студентски збор“, Скопје, 2000.
Наводи
уреди- ↑ „Проф. д-р Томислав Чокревски“. Правен факултет „Јустинијан I“. Архивирано од изворникот на 2009-08-30. Посетено на 2009-11-19.
- ↑ Правен факултет - Педесет години, 1951-2001, Скопје, 2001.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Љубомир Фрчкоски |
Министер за внатрешни работи на Македонија 1996–1998 |
Наследник Павле Трајанов |