ФК Работнички
ФК Работнички ― македонски фудбалски клуб од Скопје. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.
Целосно име | Фудбалски клуб Работнички | ||
---|---|---|---|
Прекари | „Романтичари“ „Железничари“ „Црвени“ „Дебармаалци“ „Херојот“ | ||
Основан | 4 октомври 1937 | ||
Стадион | Филип II арена (Капацитет: 33.460) | ||
Џевахир Холдинг | |||
Претседател | Драган Поповски | ||
Тренер | Милан Илиевски | ||
Лига | Прва македонска фудбалска лига | ||
2023/24 | 8. од 11 места | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
|
Фудбал | Кошарка | Ракомет |
---|
Историја
уредиПозадина и фудбалскиот интерес на Дебармаалци
уредиДебар Маало е населба на десниот брег на реката Вардар веднаш до Градскиот Парк. Насте Дуковски, еден од првите активисти на Работнички, велел дека Дебар Маало имало само четири-пет куќи кога неговото семејство во 1922 година се населило доаѓајќи од Дебарско. Главно се населувале семејства кои доаѓале од Дебар, Галичник и Тетово и тоа најповеќе оние кои се занимавале со ѕидарскиот занает.[1]
Дебар Маало спаѓа меѓу шестте скопски населби кои се граделе од 1923 до 1928 година. Покрај Македонците, го населиле и Срби и нешто Црногорци главно дојдени по Првата светска војна. Во правец на Тафталиџе и селото Долно Нерези се протегале широки полјани на кои младите од Дебар Маало по цел ден играле фудбал. Младинците кои биле вработени едвај чекале да помине долгиот работен ден или да дојде неделата за да се соберат тука и да заиграат топка на две голчиња, а помладите како да не ги познавале другите детски игри – и ним фудбалот им бил најомилен. Неделите и неработните денови биле празник на фудбалот и на сите полјани во Дебар Маало се играло фудбал. Оние со поголемо фудбалско знаење, пак, ги користеле игралиштата на познатите скопски екипи Граѓански и ССК во Градскиот Парк.[1]
Во Дебар Маало постоеле две кафеани: едната се викала „Нада“ и била сопственост на Трајко Георгиевски – Ќорот, а другата „Јавор“ на Радомир Вукичевиќ. Овие две кафани биле главно сврталиште на младите Дебармаалци кои тука навраќале секојдневно. Кога не биле на фудбал или во кафеана, младите крстосувале по околните овоштарници или ја посетувале Руската Плажа на Вардар.[1]
Во периодот меѓу двете светски војни Дебар Маало се истакнало како една од најпознатите револуционерни населби во Скопје. Дебармаалци речиси исклучиво и припаѓале на работничката класа и секојдневно на своја кожа ја чувствувале репресијата на тогашниот српски режим. Со своите напредни револуционерни идеи се истакнувале многу личности кои подоцна ќе останат запишани како херои во историјата на македонскиот народ, а меѓу нив предничел Дане Крапчев кој најмногу се истакнал во создавањето и организацијата на Фудбалскиот клуб Работнички.
Сфаќајќи ја важноста на фудбалот и моќта која тој ја има и увидувајќи го ентузијазмот за оваа игра како и револуционерната свест на младината, Дане Крапчев ја добил идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало и сите случувања (спортски и револуционерни) во тој дел на градот.
И многу пред формирањето на ФК Работнички младите посакувале и се обидувале да формираат и регистрираат свој фудбалски клуб. Постоеле повеќе обиди за вакво нешто но сите завршувале неуспешно. Ваквите желби биле особено актуелни во 1935 и 1936 година кога постоел голем број на локални екипи кои играле меѓусебно, но ниту една од нив не го прераснала маалскиот, локален карактер. Во ова време ниту тогашната власт не била расположена да разговара за ваквите предлози бидејќи во Дебар Маало имала свое здружение наречено „Хумано-културно друштво Дебар Маало“ преку кое режимот сакал да ја истакне својата „грижа“ за сиромашната работничка класа, но неговата активност згаснала при крајот на 1936 година.
Пролетта 1937 кулминирало прашањето за постоење на организиран фудбалски клуб преку кој оваа средина би се претставила во градот и пошироко. Младите загреано дискутирале дека во маалото може да се состави солидна фудбалска екипа која би била подобра од половина постоечки клубови во Скопје, која би имала најверна публика и слично. Прашањето се поставило во најсериозна форма и постарите повеќе не можеле да молчат и морале да се вклучат во оваа акција. Во меаните кај Трајко и Радомир кои биле сврталиште на младите, во овој период започнало да се расправа за основањето на фудбалскиот клуб и неговото егзистирање.
Создавање
уредиВо судбинската 1937 година, неколку настани биле клучни за создавањето на клубот. Најважниот момент се случил на собирот на повлијателните младинци во собата на Дане Крапчев. Тој внимателно ги сослушал сите мислења, а со неговите особини, трпеливост и почитување веќе ги освојувал луѓето, а поради широките познавања се здобил со голем авторитет. Со избрани и убави зборови дал образложение за предлогот да биде создаден фудбалски клуб, проширувајќи ја концепцијата дека во неговите рамки треба да биде создадена и библиотека, како и шаховска секција што ќе овозможи масовно опфаќање на младината од Дебар Маало. Неговиот предлог бил едногласно прифатен.[2]
Името Работнички го предложил Дане Крапчев на споменатиот собир, иако според кажувањата на повеќе сведоци, сите потсвесно посакувале такво име. Жителите на овој крај произлегувале од работнички семејства, од работничка средина и кога го слушнале името веднаш го прифатиле. Тоа име ги освоило, се впило во нивните срца и во него гледале нешто возвишено. Тоа име ги исполнило со гордост, фудбалскиот клуб ќе го носи името на класата на која и припаѓаат, се почувствувале среќни дека и на ова поле ќе имаат свој достоен претставник. Активистите на клубот од овој период се сеќаваат дека името Работнички и предложената црвена боја на дресовите биле настан кој ги воодушевил и возбудил сите Дебармаалци.[2]
За основањето на клубот и неговото службено регистрирање, требало да бидат совладани доста пречки и потешкотии. За клубот да биде регистриран пред надлежниот орган требало да се спроведе постапка која се предвидувала со повеќе правила. Надлежниот орган било Министерството за физичко воспитување на народот на Кралството Југославија од Белград, а пак претходна согласност требало да се добие од Кралската банска управа на Вардарска Бановина во Скопје и управата на Скопскиот фудбалски потсојуз (фудбалското раководство на целата Вардарска Бановина).[2]
Основачкото собрание на клубот било одржано во втората половина на 1937 година (точната дата не може да се пронајде во документите), во кафеаната „Нада“ на Трајко Георгиевски – Ќорот едно неделно претпладне во бавчата на кафеаната во сенката под лозницата. На собранието биле присутни 30-40 лица меѓу кои биле играчите, а имало и некои видни граѓани, како и претставници на други фудбалски клубови од градот. Плановите за иднината на клубот ги претставил кандидатот за претседател Александар Танев. Во неговото обраќање бил изнесен и предлогот клубот да го носи името Спортски Клуб Работнички Скопје со седиште во Скопје, во Дебар Маало, а адреса на просториите на клубот немало потреба да се назначи, бидејќи било доволно да се каже Дебар Маало.[2]
Правилата на клубот биле подготвувани неколку месеци. Клучно прашање во тој момент било кои лица ќе се јават како основачи, т.е. кои лица ќе одговараат за исправноста на клубот пред власта. Имено, требало да бидат предложени лица кои од една страна ќе се борат за интересите на клубот, но пред органите на власта би биле политички чисти. Тоа требало да бидат личности со одреден авторитет, положба во општеството, сериозни и почитувани, во кои власта би имала доверба. Заради својата револуционерна дејност, Дане Крапчев не смеел да фигурира во службените документи на клубот ниту да се наоѓа на каква било клупска положба . По долгите договарања и широките советувања, како предлагачи биле назначени Александар Танев, Благоја Јовановски и Дамјан Жантев – авторитетни граѓани од Дебар Маало кои ги потпишале правилата на клубот.[2]
Велешанецот Ацо Танев бил предложен за претседател на клубот заради својата револуционерна дејност, но и политички чиста личност пред власта на тогашната Вардарска Бановина заради која вршел функција во градската општина. Подоцна, првиот претседател на Работнички во една интервју на прашањето што го привлекло кон овој клуб ќе одговори: „Ме привлекоа луѓето. Живеев меѓу нив, во таа сиромашна работничка средина. Луѓето беа добри, посебно младинците. Во таа сиромаштија го сакаа спортот и веќе играа фудбал во некои маалски екипи кои имаа свои имиња. Ги обединивме сите во еден клуб на кого му дадовме име Работнички, односно тогаш Раднички. Името беше класна определба. Кога баравме дозвола на претставниците на власта требаше да им објаснуваме зошто го бараме тоа име и црвената боја. Мене скоро пет часа ме сослушуваа во Управата. Јас давав аргументи кои ги сметав за убедливи. Власта го прифати името, но црвената боја не. На власта многу добро и беше познато што значи црвената боја за револуционерното движење, дека тоа е познат симбол и заради тоа не ја прифатија и енергично бараа тој став во правилникот во однос на бојата да се измени.“[2]
Членовите на иницијативниот одбор поради ова барање на власта по многу разговори и договарања се договориле да ја предложат црната боја за боја на клубот. Немале избор, морале да тактизираат, неприфаќањето на овој услов можело да го оневозможи основањето на клубот.[2]
Во службено одобрената боја на дресовите – црна, екипата ги одиграла само двата квалификациони натпревари, за потоа дресовите да бидат заменети со традиционалните црвени кои Работнички ги носи до ден денес. На натпреварот во Тетово со Љуботен во 1938 година, полицијата барала играчите да настапат во дресовите кои се предвидени со правилникот бидејќи во спротивно воопшто нема да може да настапат. Играчите и управата ја надмудриле полицијата излегувајќи на теренот со дресови во темноцрвени дресови. Знаејќи го ова, навивачите при влегувањето на играчите на теренот и во текот на целиот натпревар екипата ја поздравувале со скандирање „црвени, црвени“.[2]
Имињата на активистите полицијата на Вардарската Бановина долго и детално ги проверувала. Дебармаалци и тука ја надиграле полицијата одбирајќи личности кои не биле компромитирани, а во исто време биле револуционерни дејци. Љубо Ѓурашковиќ, Александар Санде Мицковски, Борис Мисајловски, Киро Ангеловски – Шапкарот, како и синовите на Трајко Георгиевски – Ќорот: Димко Георгиевски и Никола Георгиевски биле првите активисти на новосоздадениот Работнички, а кафеаната „Нада“ долго време била економат и соблекувална на клубот.[2]
Покрај сите проблеми, на клубот му се заканувало и нерегистрирање и поради дејностите на „жолтите синдикати“ односно ЈУГОРАС (Југословенска радничка странка (партија)) која всушност претставувал предавнички синдикат организиран од буржоаската влада која сакала да ги отстрани работниците од суштината на класната борба. ЈУГОРАС бил собир на разни отпадници кои ја имале улогата на растурачи на штрајкови и дејствувале против единството и револуционерноста на работничката класа во тоа време. Во исто време кога Дебармаалци поднеле барање за создавање клуб со име Работнички, ЈУГОРАС поднел исто такво барање за создавање на клуб со истото име. Меѓутоа вистинскиот Работнички покрај љубовта и ентузијазмот на Дебармаалци, веќе ги освојувал и симпатиите на целиот град и тоа бил главен фактор кој придонел барањето на ЈУГОРАС да биде одбиено. Подоцна ЈУГОРАС најпрво правел напори да го стави Работнички под своја контрола со ветувања за материјална помош, а откако оваа понуда била одбиена се обиделе и со закани да ги заплашат Дебармаалци. Сепак, со обемна акција организирана и предводена од Дане Крапчев, клубот успеал да им одолее на овие напади.[2]
После сите неволји, проблеми и премрежја со актот број 8666 од 4 октомври 1937 година, одн. сл. бр. 6697/37, правниот назив на оваа новооснована спортска организација бил Спорт Клуб „Раднички“. Анализирајќи ги натаму одредбите од правилникот, може да се заклучи дека поимот „Спорт клуб“ се однесува на сегашниот организациски облик „Спортско друштво“, што самото по себе го зголемува значењето на Работнички. Тоа значи дека ФК Работнички не е создаден како фудбалски клуб, туку неговиот организациски облик отсекогаш бил спортско друштво.[2]
Рани почетоци
уредиПо регистрацијата на СК Работнички во Белград, и одобрувањето на неговите правила, екипата нестрпливо ги чекала првите натпревари. Скопскиот фудбалски потсојуз ги одредил екипите на ФК Вардар Топаана и ФК Олимпија да бидат првите противници на Работнички во квалификационите натпревари поради тоа што секоја новосоздадена екипа морала да одигра два приемни натпревари за да се оцени нејзиното фудбалско знаење. ФК Вардар Топаана бил еден од најстарите клубови во Скопје кој во натпреварувачката 1937/38 настапувал во Првиот разред во првенството на Град Скопје. ФК Олимпија била создадена подоцна и учествувала во првенството на Вториот разред. Со голем полет и желба за самодокажување Работнички ги одиграл овие два натпревари во висок стил. Вардар бил поразен високо со 6:1, додека Олимпија била победена со 2:1. Натпреварите биле одиграни пролетта 1938 година, по кои Потсојузот го вклучил Работнички во Вториот разред.[3]
Натпреварувачката 1938/39 е првата службена сезона на ФК Работнички. Од петте екипи го освоил четвртото место со само еден бод помалку од второпласираната Слога и третопласираниот Рапид. Одиграл осум натпревари од кои победил на четири, а исто толку изгубил. Освоил вкупно осум бодови со гол-разлика 14:11 која всушност била подобра од двете екипи пласирани пред него. Таа сезона победник на Вториот разред била екипата на Олимпија која преминала во повисок ранг.[3]
Веќе во втората своја сезона (1939/40), полетноста и фудбалското знаење Работнички ги докажал во голем стил освојувајќи го Вториот разред во конкуренција на шест екипи. Во десетте натпревари екипата немала ниту еден пораз, само еден нерешен резултат и убедлива гол-разлика 45:6. Освоени биле деветнаесет бодови, шест повеќе од второпласираната екипа. Како првак на Вториот разред, Работнички преминал во најсилната градска лига.[3]
Првенството во сезоната 1940/41 не го доживеало својот крај, а во оние малку натпревари кои ги одиграл Работнички забележал една победа, две нерешени и еден пораз. Дел од првотимците на клубот во тоа време меѓу кои Благоја Мисајловски, Михе Ивановски, Стефан Стефановиќ – Треф, Василие Терзиќ – Кореја, Никола Таневски и други се приклучиле кон активностите на партизанското движење во Македонија па во такви околности за нив фудбалот станал второстепена активност и често отсуствувале од тренинзите и натпреварите.[3]
Покрај гореспоменатите револуционери, за првата екипа во тој период настапувале: Станко Сенковски – Караман, Илија Кокиновски, Коста Ангеловски – Шапкарот, Трајко Николовски, Насте Дуковски, Борис Богоевски – Будо, Крсто Георгиевски, Тошо Венинов, Роман Лечевски, Бошко Димовски – Џамџија, Санде Богоевски, Димче Русјаковски, Бошко Тонев, Милан Качаревиќ, Ване Петровски, Душко Атанасовски, Киро Николовски, Васко Кокиновски, Васе Богоевски, Стевче Попчевски, Мазлам Карабиш, голманот Мумла, Трајче Василевски – Шипош, Анте Андоновски – Кула и секако човекот чие име вечно ќе биде запишано во аналите на клубот, Митко Каварџик кој со сопствени средства ги купил првите дресови на ФК Работнички.[3]
Во овој период Работнички немал изградено игралиште, па тренинзите ги одржувал на полјаните во Дебар Маало. Првото игралиште на клубот се наоѓало кај сегашната барака на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, на плацот на големопоседникот Владан Поповиќ. Овие игралишта биле нерамни тревни терени на кои биле поставени стативи, а натпреварите Работнички ги играл на терените на ССК и Граѓански.[3]
Носејќи ја во себе чесноста како одраз на домашното воспитување и сиромаштијата како белег на тогашните општествено-политички прилики, овие младинци делеле и добро и зло и растејќи заедно се вклопиле во организираниот живот на спортскиот колектив Работнички. Овие оценки биле дадени во написот во весникот „Глас Југа“ (бројот од 1 јануари 1941 година) кој излегувал пред војната во Скопје. Авторот кој се потпишал со иницијалите Б.К. дал позитивна оценка за клубот, велејќи дека младата екипа основана пред само неколку години веќе избила во редот на најдобрите скопски фудбалски екипи. „Во него играат сосема млади играчи, никој не постар од 20 години, работници и пред сè добри другари кои извонредно се сложуваат и меѓусебно почитуваат како на теренот, така и вон него.“[3]
За љубовта кон Работнички и симпатиите кои клубот набрзо ги освоил низ целиот град, зборува и податокот дека пред секој натпревар во продажба биле пуштани преку 1000 влезни билети кои најчесто биле премалку за сите оние кои сакале да го гледаат Работнички. Билетите ги продавале главно во Чаршијата, по дуќаните, кај службениците и работниците кои со тоа директно го помагале клубот. Работнички најмногу приврзаници имал во Дебар Маало кои редовно давале доброволен прилог и плаќале членарина. Од овој крај редовно доаѓале по неколку стотини верни навивачи. Во тие први години била создавана традицијата за верност кон клубот, љубовта кон клубот растела од ден во ден, а се воздигнувало сè што Работнички претставувал за народот. Оваа љубов продолжила со несмален интензитет и во тешките години кои следувале, а својата кулминација ја доживеала по ослободувањето. Скопјани се радувале, тагувале, често биле разочарани, но никогаш не го напуштиле својот клуб и неговите спортисти.[3]
Во последните денови на 1939 година било одржано второто годишно собрание на Работнички. На ова собрание во Управниот одбор биле избрани Дамјан Жантев за претседател, Александар Ѓерѓановиќ за прв секретар, Љубо Ѓурашковиќ за втор секретар, Димко Георгиевски за благајник и Димитар Таневски за економ. Жантев бил долгогодишен функционер во клубот, имал своја приватна месарница во Дебар Маало и преку неа клубот го помагал сесрдно. Секретарите Ѓерѓановиќ и Ѓурашковиќ кои биле Црногорци по потекло, живееле во Дебар Маало и биле блиски соработници на Дане Крапчев.[3]
Во овој период Работнички преку Дане Крапчев и секретарите на клубот воспоставил допири со работничките спортски клубови Раднички Крагујевац, Вележ Мостар, Борац Бања Лука и Солин Сплит, меѓутоа до службени пријателски натпревари не дошло поради тоа што активистите на Работнички биле под постојана присмотра од полицијата на Вардарската Бановина. Со цел клубот да не се најде под угнетување на режимот, средбите постојано биле одложувани.[3]
Втора светска војна (1941-1944)
уредиВо месец јуни 1941 година, бугарската национална спортска федерација решила за свои членови да ги прими клубовите од „ослободените земји“. Со ова решение се формирале две нови спортски области со седиште во Скопје и Битола. Работнички, односно сега веќе Свобода, станал член на Скопската спортска област и бил примен во „Прва дивизија“ (прва градска лига) во која уште настапувале Ботев, ЖСК и Вардар Топаана. ФК Македонија станала член на Елитната дивизија (национална лига на Бугарија).[4]
Првенството на Скопската спортска област започнало во април 1942 година. Се играло во еднокружен систем, а Работнички ги загубила првите два натпревари и тоа со Вардар Топаана 0:2 и со ЖСК 1:3. Бидејќи ги освоиле првите две места, овие екипи имале право да учествуваат во квалификациите за Елитната дивизија. Работнички го освоил третото место.[4]
Во слободните термини се одигрувале многу пријателски натпревари, а еден од нив бил забележан и од „Скопски весник“. Работнички и ЖСК одиграле пријателски натпревар во кој ЖСК бил голем фаворит и се очекувала негова лесна и брза победа, меѓутоа Работнички се прикажал во добро издание и стигнал до нерешен резултат 2:2. Понатаму весникот забележал: „Важно и радосно е за Скопје што се формираат екипи кои со малку повеќе труд и време ќе и бидат рамноправни противници на ФК Македонија на спортското поле.“[4]
Новото првенство започнало во месец септември 1942 година. Клубовите од Скопската спортска област биле поделени во три групи: Скопска, Кумановска и Велешка. Во првото коло Работнички го победил Ботев со 4:1, што било оценето како големо изненадување бидејќи претходно Ботев го победил Вардар Топаана – првакот од претходното првенство. Другите два натпревари со ЖСК и Вардар ги загубил со 0:4 и одново се пласирал на третото место.[4]
По завршувањето на есенскиот дел на лигата, во Скопје бил одигран Зимскиот фудбалски куп. Работнички во првото коло го победил Ботев со 2:1, а во второто се сретнал со Македонија. Овој натпревар се одиграл на 21 декември 1942 година. Македонија победила со 5:0, а на полувреме било 2:0. За овој натпревар „Скопски весник“ навел: „ФК Македонија настапи со подмладен состав и само тројца првотимци. Се сретна со екипата на скопските работници. Иако Македонија цело време ја држеше играта во свои нозе, Свобода прикажа упорна игра.“ Интересно во овој текст е тоа што името „Свобода“ се споменува само еднаш, а инаку Работнички постојано е ословуван како „клуб на скопските работници“ што јасно става до знаење дека јавноста во градот добро знаела за кој клуб станува збор и кој е неговиот вистински идентитет.[4]
Во овој период под стручното раководство на тренерот Илеш Шпиц, ФК Македонија изградила многу квалитетен состав кој поради војната не успеал да ги докаже своите предности. Бидејќи во 1942 година, Работнички се префрлил на фудбалското игралиште во Градскиот Парк каде и денес се наоѓа, честопати биле одигрувани тренинг-натпревари со екипата на соседот ФК Македонија.[4]
Интересно е да се напомене дека бугарската културно-просветна организација „Труд и радост“ се обидувала да ги врбува СК Вардар Топаана и СК Ботев да работат и опстојуваат под нејзин патронат. Во „Скопски весник“ било објавено дека била постигната согласност меѓу околиското работничко здружение и управниот одбор на СК Ботев „кој е клуб составен исклучиво од работници“ истиот да стане „Работнички Спортски Клуб“ на ова здружение, со ветување дека бугарскиот работнички сојуз овој нов клуб ќе го снабдува со сета неопходна опрема, а како прва помош му пратил 50.000 лева.[4]
Својата асимилаторска политика бугарскиот окупатор се обидувал да ја спроведе и во спортот. На овој начин се обидел да врбува и спортски екипи. Интересно е дека во таа програма не го предвидувале Работнички, т.е. Свобода.[4]
Во месец август 1943 година, бил одржан пријателски турнир на кој учествувале четири скопски екипи: Македонија, Вардар, Балкан и Работнички. Во полуфиналето Македонија го победила Работнички со 4:1 (2:1).[4]
Новото првенство започнало во месец септември 1943 година и предизвикало голем интерес поради вклучувањето на ФК Македонија во Скопската лига. Имено, незадоволни од тоа како екипата била третирана во националната лига на Бугарија, ФК Македонија решила да се приклучи во натпреварите од Скопската лига. Во ова првенство Работнички забележал четири победи и два порази. Шар бил победен со 4:0, Ботев со 5:1, Балкан 2:1, од Македонија бил забележан висок пораз од 1:10, Вардар бил победен со резултат 5:3, а бил забележан и пораз од ЖСК но резултатот од натпреварот не е познат. Со завршувањето на третото место на табелата зад Македонија и ЖСК, оваа сезона е оценета како солидна за ФК Работнички.[4]
Покрај солидните резултати на теренот, оваа сезона ќе биде забележана и како трагична заради судбината на еден од фудбалерите на клубот – Томо Кокиновски кој на натпреварот против Шар добил силен удар во ногата и скршеница на потколеницата. Поради ненавремената интервенција на ногата се јавила гангрена и истата морала да биде ампутирана. По повод овој настан, во месец декември 1943 на семејството на Кокиновски од страна на бугарскиот Спортски клуб Левски од Софија му биле дарувани 6.000 лева. Имено, бил закажан пријателски натпревар меѓу ФК Македонија и Левски Софија. Во најавата за оваа средба „Скопски весник“ напишал: „Целиот приход од овој натпревар е за помош на настраданиот играч на СК Работнички, Томо Кокиновски, кој од пред извесно време остана без едната нога. На вчерашниот состанок на софискиот СК Левски спроведена е акција за собирање помош меѓу членовите на управниот совет на клубот за настраданиот Кокинов. Уште веднаш била собрана сума од 6000 лева која во недела треба да биде доставена во Скопје и предадена на Кокиновски.“[4]
Во месец март 1944 година започнале натпреварите од новото првенство. Во првото коло Работнички катастрофално го поразил Ботев со 12:1 (4:0). Во екипата на победникот најдобар во одбраната бил Таневски, а во нападот Димитровски и Атанасовски кој постигнал шест голови. Работнички одиграл 2:2 против екипата на Вардар Топаана, а бил поразен од ЖСК и повторно завршил на третото место.[4]
Како што претходно било изнесено, спортската активност на Работнички во 1944 година била сериозно намалена, а во летото истата година и престанала. Речиси сите членови на екипата и управата на клубот биле вклучени во завршните операции за конечното ослободување на градот и земјата, а активноста на Работнички продолжила во слободна Македонија.[4]
Во периодот за време на војната (1941-1944) за ФК Работнички односно Свобода настапувале следните спортисти: Стојан Видински, Атанас Геџо Јанакиевски (голмани), Душко Миркуловски, Киро Николовски, Трајка Николовски, Васко Кокиновски, Никола Таневски – Јанде, Благоја Мисајловски, Михе Ивановски, Александар Сандре Богоевски, Бошко Димитровски – Џамџија, Благоја Маневски – Жапче, Тошо Венинов, Миле Јовановиќ, Толе Кокиновски, Стојче Костовски – Толчи, Димитар Димитровски – Циц, Славко Матовски, Душко Атанасовски, Игнат Матеев, Митко Танев – Каварџик, Трајко Василевски – Шипош, Богоев, Кула и Зија.[4]
Возобновување (1945-1949)
уредиУште во првите месеци по ослободувањето на Скопје, поранешните членови на ФК Работнички кои се наоѓале во градот, а сега на различни функции во народната власт, на разни воени должности, во претпријатијата што биле обновувани и создавани, започнале со подготовките за обновување на дејноста на клубот. Подготовките се вршеле во текот на зимата 1944 година, за со доаѓањето на пролетта 1945 година активните членови на клубот да излезат на зелениот терен на своите први тренинзи во ослободениот град.[5]
Ова бил малуброен состав бидејќи половина и повеќе од играчите се наоѓале надвор од градот во воените единици кои се бореле на Сремскиот фронт или во единиците кои ги гонеле остатоците на балистите и други банди. Некои од нив биле во Првата ударна младинска чета на акција во Скопска Црна Гора.[5]
Меѓу иницијаторите за обновување на работата на клубот како посебно активен се истакнал Трајан Ивановски кој во клубот од 1940 до 1944 година се наоѓал на функцијата секретар. Во прво време својата активност фудбалскиот клуб ја обновил во скромни размери.[5]
Десетгодишната традиција на Работнички ги поттикнала функционерите во општеството на размислување за формирање на масовно спортско друштво кое ќе ја развива спортската активност меѓу скопските работници и ќе ги претставува на полето на спортот. Оваа идеја набрзо била прифатена од активистите на Работнички и бидејќи се вклопувала во поставките за новата организација на физичката култура, по кратки подготовки било одржано основачкото собрание.[5]
На 1 јули 1945 година во просториите на Работничкиот дом во Скопје, во присуство на голем број активисти, спортисти и симпатизери и важни личности од градскиот живот, создадено е Фискултурно синдикално друштво Работнички. На истиот состанок бил донесен и статутот на друштвото и бил избран управен одбор. За претседател бил избран Александар Цанко Христов, а за секретар Манас Спасовски.[5]
Дневниот ред на основачкото собрание бил следниот:[5] 1. Читање на решението за пристапување на клубот кон Месниот синдикален совет 2. Поздравен збор од делегатот на Месниот синдикален совет 3. Извештај на секретарот за досегашната работа на клубот 4. Читање и примање на правилникот на клубот 5. Давање разрешница на досегашната управа и избор на нова управа 6. Реферат од Трајан Ивановски под наслов „Организација на работничките фискултурни друштва“ 7. Разно
Една од основните задачи кои собранието ги поставило пред новото спортско друштво била развивањето и омасовувањето на активностите на физичката култура меѓу работничката младина и работниците воопшто. Речиси сите градски работнички фискултурни секции продолжиле преку дејноста на ФСД Работнички. Фискултурните секции како на пример „Градител“, „Треска“, „Графичар“, „Металец“ и други во 1946 година организационо се поврзале за ФСД Работнички.[5]
Активностите за создавање и организација на екипи во различни спортови биле раководени од управниот одбор на друштвото и синдикалниот совет на градот. Во овој период (1945-1948) активноста на Работнички дала значаен придонес во опоравувањето на штотуку ослободеното Скопје.[5]
Изреката „Преку масовноста кон повисоки спортски резултати“ всушност била поставена задача за издигнување на спортскиот квалитет во постојните спортови. Истовремено оваа парола значела и прифаќање на нови спортови за кои во Македонија постоеле услови за развој. Во овој период покрај фудбалот како споредни активности биле развивани одбојката, неколку атлетски дисциплини, велосипедизмот, пливањето и сосема малку ракометот. Од сите овие спортови, фудбалот имал најголема традиција и неговото обновување било приоритет. Пролетта 1945 година пред еден натпревар на ФК Работнички се одиграл и првиот одбојкарски натпревар по ослободувањето. Во месец јуни 1945 година во Скопје бил организиран и првиот фискултурен слет во Македонија на кој се одржале натпревари во атлетика. На ова републичко првенство се појавиле и настапиле спортисти од Работнички, а со тоа се поставиле и основите на Атлетскиот клуб Работнички. Ова говори дека Работнички веќе во 1945 година имал три спортски клуба кои играле значајна улога во развојот на македонскиот спорт. Во почетокот на 1946 година бил создаден Скијачкиот клуб Работнички, а неколку месеци подоцна и Кошаркарскиот клуб Работнички кој станал еден од највлијателните и најуспешните претставници на Друштвото.[5]
Поради обновената организација во синдикалната организација под чиј патронат се наоѓал ФСД Работнички во 1949 година било предложено Работнички да биде преземен од поголема работна организација која понатаму ќе се грижи за развојот и напредокот на клубот. Изборот паднал на работниот колектив на Македонската железница. Членството на синдикалниот одбор на железничарските работници со воодушевување ја прифатило можноста за преземање на Спортското друштво Работнички за кое, пак, работата под овој патронат донела уште поголем елан и ентузијазам за постигнување нови успеси на сите спортски борилишта.[5]
Послевоени натпреварувања
уредиПрвото фудбалско првенство на Македонија било одржано во пролетта 1946 година со само шест екипи: Победа, Македонија и Работнички од Скопје, Гоце Делчев од Прилеп, 11 Октомври од Куманово и Пелистер од Битола. Било играно двокружно, секој со секого. Во таа конкуренција на шест екипи првото место во тогашната Македонска лига, го освоила Победа од Скопје со 17 бодови пред Македонија со 16 и Пелистер со 8 бодови, Работнички бил четврти со 7, 11 Октомври и Гоце Делчев со по 6. Во сезоната 1952, Работнички учествувал во Првата југословенска фудбалска лига, но само една сезона бидејќи завршил на претпоследното место и се вратил во Втората југословенска лига. По вторпат во друштвото на најдобрите клубови во поранешна Југославија, Работнички се нашол во сезоната 1953/54 но бил последен и повторно испаднал. Во оваа сезона се сретнал со Вардар во прволигашка конкуренција и двапати играл нерешено со него – 2:2, 1:1.[6]
Во тој период, работници на ФК Работнички биле Благој Ивановски – Марјан како генерален секретар, Стојан Богоевски – Гајда како тренер, Мирослав Јовановски како претседател. Фудбалери биле: Кирил Гичевски – Гинда, Миле Герасимовски – Гале, Благој Мојсов, Георги Георгиевски – Жути, Цветко Бачваровски, Урош Петровски, Спиро Петровски, Кирчо Стојановски, Стевче Димитровски, Д-р Војче Димитровски, Тодор Балевски – Велф, Божо Вучиновски, Атанас Радевски – Брсјак, Христо Христовски – Мулац.[6]
Во независна Македонија
уредиВо периодот од осамостојувањето на Македонија, Работнички започнал во Втората македонска фудбалска лига и таму се натпреварувал до сезоната 1997/98 кога го освоил првото место и бил унапреден во Првата македонска фудбалска лига и оттогаш е постојан член на најквалитетното македосното фудбалско натпреварување. Врвот на својот успех Работнички го достигнал во периодот од 1999 година до 2008 година кога спонзор на клубот била силното претпријатие „Кометал“, така што тој го носел името „Работнички Кометал“. Во овој период, „Работнички Кометал“ станал силен и стабилен фудбалски клуб, којшто полека но сигурно почнал да надвладејува во македонскиот фудбал, а напоредно со тоа и достојно да се претставува на европската сцена.
Во летото 2003 година, Работнички кој правно бил здружение на граѓани, кој до тој момент го носел името Железничарски фудбалски клуб Работнички Кометал, го сменил името во Фудбалски клуб Работнички Кометал.[7]
Во сезоната 2009/10, „Работнички“ играл во финалето на Купот на Македонија, каде загубил од Тетекс со 2:3, а натпреварот останал во сеќавање по тоа што фудбалерите на Работнички не ги примиле медалите за освоеното второ место.
Во сезоната 2013/14, Работнички ја освоил двојната круна, освојувајќи ги титулата во македонското првенство и Купот на Македонија.
Во сезоната 2014/15, во полуфиналето на Купот на Македонија, Работнички ја елиминирал екипата на Ренова, со победа на домашен терен од 2:1 и нерешен резултат во вториот натпревар (1:1). На тој начин, по петти пат, „Работнички“ обезбедил пласман во финалето на Купот, каде се сретнал со Тетекс.[8] Во финалето, одиграно на Стадионот „Филип Втори“ во Скопје, Работнички го победил „Тетекс“ со 2:1 и така, по четврти пат го освоил Купот на Македонија. Головите за Работнички ги постигнале капитенот Блаже Илијоски и Марјан Алтипармаковски.[9]
Во април 2023 година, било најавено дека претпријатието Џевахир Холдинг (Cevahir Holding) ќе стане сопственик на клубот.[10][11] Во октомври истата година, Џевахир Холдинг за 600 илјади евра го купил Работнички.[12][13]
Ветерани
уредиЗдружението на ветераните неформално функционира уште од сознавањето на ФК Работнички во 1937 година.
Службено, здружението на ветераните на Работнички е формално регистрирано пред надлежен суд со одобрување број 29/05 на 18 февруари 2005, и е забележано во регистарот на здруженија на граѓани од фондации под регистарски број 1928 под името Работнички „Ветерани“ - Скопје, со седиште во Скопје. Здружението функционира во соработка со Работнички, општо споредувајќи ги неговите политики, делегира свои членови во органите на управување на клубот, дава свои мислења, предлози од заеднички интерес, и сето тоа со цел постигнување на поголеми резултати и давање вистинска афирмација на клубот и во Македонија и во странство. Основни извори на финансирање на здружението се: запишување такса, спонзорство, како и стоки кои се набавуваат и продаваат од страна на клубот. Членови на здружението се: Активни членови кои имаат поминато голем број на години во водење на клубот како и спортисти кои биле активни фудбалери во клубот долги години, како и голем број граѓани кои покажаа интерес за приклучување на здружението. Во здружението има членови од сите области на општествениот живот, вклучувајќи: правници, професори, директори на познати фирми, амбасадори, тренери, познати фудбалери-претставници и многу други познати личности од спортот и јавниот живот.
Претседател на Здружението од нејзиното создавање е адвокатот Драган Поповски, генерален секретар е Ристо Поповски, а селектор е Ѓорѓи Стојановски. Со посебен интерес е да се спомене дека здружението на ветерани на ФК Работнички е првиот од таков вид во Република Македонија. Од моментот на создавањето, здружението покажало голем развој на фудбалската работа, како и создавање и проширување на пријателски врски со други фудбалски клубови во Македонија и во странство. За таа цел, здружението има воспоставено пријателски спортски односи со екипи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, Грција, Словенија, Хрватска и Шведска.
Здружението на Ветерани Работнички е и редовен учесник во традиционалниот меѓународен Варна КУП, што е одржуван секоја година во Варна, Бугарија. Во натпреаврувачки мечеви како со екипи од Бугарија, одигра неколку натпревари со екипи од Романија, со екипи од Турција и со екипи од Србија. Речиси со сите кои се вклучени во работата на здружението, преку напорна работа и упорност, добиени се одлични резултати и помогнаа да се освојат безброј натпреварувања и меѓународни признанија. Успешната активност на здружението продолжува понатаму сè повеќе.
Како полни и одговорен наследници на позитивни промени се Димовски, Попоски, Лазаров, Милошевски, Зефиќ, М. Андреевски, Д. Стојановски, Јаневски, Н. Богоевски, С. Богојевски, Џипунов, Јанев, Јовевски, Ингилизов, Бојчевски, Илиевски, Петковски, Ангеловски, Неделковски, Мицевски, Љушев, Нешовски, Цонев, Недељковиќ, М. Стојановски, Лазаревски, Скендеровиќ, итн.
Титули
уреди- Прва македонска фудбалска лига (4): 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2013/14
- Куп на Македонија (4): 2007/08, 2008/09, 2013/14, 2014/15
- Втора македонска фудбалска лига (1): 1997/98
- Македонска републичка лига (10): 1951/52, 1953/54, 1954/55, 1956/57, 1957/58, 1965/66, 1967/68, 1972/73, 1976/77, 1979/80
- Македонски републички куп (5): 1953/54, 1956/57, 1973/74, 1982/83, 1987/88
Доскорешни сезони
уредиСезона | Лига | Куп | Други Натпреварувања | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дивизија | О | П | Н | З | Д.Г. | П.Г. | Бод | Поз | ||||
1992/93 | 2. МФЛ | 38 | 15 | 9 | 14 | 48 | 47 | 39 | 10-ти | |||
1993/94 | 2. МФЛ Запад | 26 | 9 | 4 | 13 | 31 | 38 | 22 | 13ти | |||
1994/95 | 2. МФЛ Запад | 32 | 11 | 7 | 14 | 47 | 41 | 40 | 11ти | |||
1995/96 | 2. МФЛ Запад | 30 | 11 | 10 | 9 | 45 | 33 | 43 | 10-ти | |||
1996/97 | 2. МФЛ Запад | 29 | 11 | 5 | 13 | 28 | 35 | 38 | 11ти | |||
1997/98 | 2. МФЛ Запад | 30 | 20 | 7 | 3 | 62 | 18 | 67 | 1ви ↑ | |||
1998/99 | 1. МФЛ | 26 | 9 | 5 | 12 | 38 | 46 | 32 | 9ти | 1/4 | ||
1999/00 | 1. МФЛ | 26 | 16 | 2 | 8 | 41 | 26 | 50 | 3ти | 1/2 | ||
2000/01 | 1. МФЛ | 26 | 12 | 3 | 11 | 43 | 36 | 39 | 6ти | 1/8 | УЕФА Куп | КР |
2001/02 | 1. МФЛ | 32 | 15 | 5 | 12 | 53 | 45 | 21[1] | 6ти | 1/8 | ||
2002/03 | 1. МФЛ | 33 | 16 | 6 | 11 | 41 | 35 | 54 | 4ти | 1/8 | ||
2003/04 | 1. МФЛ | 33 | 16 | 10 | 7 | 58 | 40 | 58 | 4ти | 1/2 | ||
2004/05 | 1. МФЛ | 33 | 25 | 3 | 5 | 66 | 23 | 78 | 1ви | 1/4 | ||
2005/06 | 1. МФЛ | 33 | 21 | 9 | 3 | 64 | 26 | 72 | 1ви | 1Р | Лига на Шампиони | КР2 |
2006/07 | 1. МФЛ | 33 | 19 | 10 | 4 | 75 | 25 | 67 | 2ри | 1/4 | ||
2007/08 | 1. МФЛ | 33 | 24 | 7 | 2 | 51 | 11 | 79 | 1ви | П | УЕФА Куп | 1Р |
2008/09 | 1. МФЛ | 30 | 13 | 8 | 9 | 40 | 25 | 47 | 4ти | П | Лига на Шампиони | КР1 |
2009/10 | 1. МФЛ | 26 | 15 | 5 | 6 | 38 | 20 | 50 | 2ри | ВП | Лига Европа | КР3 |
2010/11 | 1. МФЛ | 33 | 15 | 10 | 8 | 53 | 31 | 55 | 4ти | 1Р | Лига Европа | КР3 |
2011/12 | 1. МФЛ | 33 | 11 | 8 | 14 | 49 | 45 | 41 | 8ми | ВП | Лига Европа | ПР |
2012/13 | 1. МФЛ | 33 | 16 | 5 | 12 | 47 | 42 | 53 | 4ти | 1Р | ||
2013/14 | 1. МФЛ | 33 | 18 | 8 | 7 | 66 | 35 | 62 | 1ви | П | ||
2014/15 | 1. МФЛ | 32 | 20 | 6 | 6 | 55 | 30 | 66 | 2ри | П | Лига на Шампиони | КР2 |
2015/16 | 1. МФЛ | 32 | 10 | 13 | 9 | 36 | 30 | 43 | 4ти | ВП | Лига Европа | ПР |
2016/17 | 1. МФЛ | 36 | 14 | 12 | 10 | 49 | 41 | 54 | 3ти | 1/2 | Лига Европа | КР1 |
2017/18 | 1. МФЛ | 36 | 14 | 10 | 12 | 50 | 43 | 52 | 3ти | 1/8 | Лига Европа | КР2 |
2018/19 | 1. МФЛ | 36 | 13 | 7 | 16 | 43 | 49 | 46 | 7ми | 1/4 | Лига Европа | КР1 |
2019/201 | 1. МФЛ | 23 | 8 | 4 | 11 | 21 | 29 | 28 | 8ми | 1/4 | ||
2020/21 | 1. МФЛ | 33 | 11 | 15 | 7 | 45 | 39 | 48 | 5ти | 1/8 | ||
2021/22 | 1. МФЛ | 33 | 13 | 4 | 6 | 29 | 35 | 43 | 8ми | 1/8 | ||
2022/23 | 1. МФЛ | 30 | 11 | 4 | 15 | 37 | 48 | 37 | 8ми | 1/8 | ||
2023/24 | 1. МФЛ | ? |
- 1. a : Бодовите се согласно според втората фаза. Од двете фази, Работнички остварил вкупно 50 бода.
1Сезоната 2019/20 била прекината поради Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија.[14]
Легенда
1ви | 2ри | ↑ | ↓ |
Првак | Вицепрвак | Унапреден | Отпаднат |
|
|
|
Европски натпревари
уредиСезона | Натпреварување | Фаза | Земја | Клуб | Резултат | Вкупен | Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2000/01 | УЕФА Куп | Ква. фаза | Ворскла Полтава | 0–2, 0–2 | 0-4 | |||
2005/06 | Лига на шампиони | 1. ква. фаза | Сконто | 6–0, 0–1 | 6-1 | |||
2. ква. фаза | Локомотив Москва | 1–1, 0–2 | 1-3 | |||||
2006/07 | Лига на шампиони | 1. ква. фаза | Ф91 Диделанж | 1–0, 0–0 | 1-0 | |||
2. ква. фаза | Дебрецин | 1–1, 4–1 | 5-2 | |||||
3. ква. фаза | Лил | 0–3, 0–1 | 0-4 | |||||
2006/07 | УЕФА Куп | 1. фаза | Базел | 2–6, 0–1 | 2-7 | |||
2007/08 | УЕФА Куп | 1. ква. фаза | Горица | 2–1, 2–1 | 4-2 | |||
2. ква. фаза | Зрињски Мостар | 0–0, 2–1 | 2-1 | |||||
1. фаза | Болтон | 1–1, 0–1 | 1-2 | |||||
2008/09 | Лига на шампиони | 1. ква. фаза | Интер Баку | 1–1, 0–0 | 1-1 | Гол во гости | ||
2009/10 | Лига Европа | 2. ква. фаза | Крусејдерс | 1–1, 4–2 | 5-3 | |||
3. ква. фаза | Оденсе | 3–4, 0–3 | 3-7 | |||||
2010/11 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Луситанос | 5–0, 6–0 | 11-0 | |||
2. ква. фаза | Мика | 1–0, 0–0 | 1-0 | |||||
3. ква. фаза | Ливерпул | 0–2, 0–2 | 0-2 | |||||
2011/12 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Нарва Транс | 4–1, 3–0 | 7-1 | |||
2. ква. фаза | Јувенес Догана | 1–0, 3–0 | 4-0 | |||||
3. ква. фаза | Анортозис | 2–0, 1–2 | 3-2 | |||||
плеј-оф фаза | Лацио | 0–6, 1–3 | 1-9 | |||||
2014/15 | Лига на шампиони | 2. ква. фаза | Хелсинки | 0–0, 1–2 | 1-2 | |||
2015/16 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Флора Талин | 2–0, 0–1 | 2-1 | |||
2. ква. фаза | Јелгава | 2–0, 0–1 | 2-1 | |||||
3. ква. фаза | Трабзонспор | 1–0, 1–1 | 2-1 | По продол. | ||||
плеј-оф фаза | Рубин Казан | 1–1, 0–1 | 1-2 | |||||
2016/17 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Будуќност | 1–1, 0-1 | 1-2 | |||
2017/18 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Тре Пене | 6-0, 1-0 | 7-0 | |||
2. ква. фаза | Динамо Минск | 1–1, 0-3 | 1-4 | |||||
2018/19 | Лига Европа | 1. ква. фаза | Хонвед | 2–1, 0-4 | 2-5 |
Со преземање на клубот од страна на препријатието „Кометал“ во 1999 година, Работнички бележел постојан напредок: еднаш се натпреварувал во УЕФА Купот (2000/01), а во сезоната 2004/05 убедливо го освоил првото место во Државното првенство во Македонија со што изборил учество во „Лигата на шампионите“. Во своето прво излегување на меѓународната сцена, во Купот на УЕФА, „Работнички Кометал“ се сретнал со екипата на „ФК Ворскла“ од Полтава, Полска при што бил елиминиран во првото коло. На 16 јули 2010 година, „Работнички Кометал“ го добил за противник славниот Ливерпул во третото квалификациско коло на Лига Европа. Во првиот натпревар, одигран на 29 јули 2010 година, Работнички загубил со 2:0, а поразот од 2-0 се повторил и на реваншот една недела подоцна. Следната година, „Работнички“ играл против „Лацио“ во бараж натпреварот за влез во Лига Европа, во кој Работнички бил поразен.
Во сезоната 2014/15, ФК Работнички играл против финскиот првак ХЈК Хелсинки во второто квалификационо коло на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар, одигран во Скопје, резултатот бил нерешен (0:0), додека на гостувањето ФК Работнички претрпел пораз од 1:2. Притоа, двата гола ФК Работнички ги примил во периодот од 22. до 26. минута од првото полувреме, додека единствениот гол го постигнал во вториот дел, а стрелец бил Стефан Вујчиќ.[15]
Во сезоната 2015/16, ФК Работнички играл против естонска Флора Талин во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар, Работнички гостувал во Талин каде загубил со резултат 1:0.[16][17] Работнички ја анулирал негативата, победувајќи го противникот со 2:0 на Арената Филип Втори. Стрелци на головите биле Чума Анене и Марјан Алтипармаковски.[18][19] Во второто квалификационо коло, Работнички се сретнал со летонска Јелгава. Првиот натревар Работнички гостувал каде загубил со резултат 1:0.[20][21][22] Вториот натревар, на домашен терен Работнички го добил со 2:0. Стрелци на головите биле Баже Илијоски и Суад Сахити.[23][24][25] Во третото квалификациско коло Работнички играл против фаворитот од Турција - Трабзонспор. Првиот натпревар бил одигран со Скопје и резултатот гласел 1:0 за Работнички. Стрелец на голот бил Баже Илијоски.[26][27][28] Во вториот натпревар на гости, резултатот бил 1:1 по продолженија. Голот го постигнал Кире Маркоски.[29][30][31][32] Во плејоф фазата Работнички играл проти рускиот Рубин Казан. Првиот натпревар одигран на Арената Филип Втори завршил 1:1, а голот го постигнал Кире Маркоски.[33][34][35] Вториот натревар бил поразен со 1:0 и со тоа бил елиминиран.[36][37][38]
Во сезоната 2016/17, ФК Работнички играл против црногорска Будуќност во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар Работнички бил домаќин кога натпреварот завршил со 1:1. Голот за Работнички го постигнал Елиф Елмас.[39][40][41] На вториот натпревар бил поразен со 1:0 и бил елиминиран.[42][43]
Во сезоната 2017/18, ФК Работнички играл против Тре Пене од Сан Марино во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар Работнички на гости победил со 0:1. Стрелец на голот бил Дејан Митрев.[44][45] Во вториот натпревар Работнички на домашен терен победил со 6:0. Стрелците за Работнички биле Суад Сахити и Кире Маркоски, додека двојци стрелци биле Бојан Најденов и Стојанче Велинов.[46][47] Во второто квалификационо коло Работнички играл против белоруски Динамо Минск. На домашен терен Работнички ремизирал со 1:1. Голот за Работнички го постигнал Бојан Најденов од пенал.[48][49] Во вториот натпревар, Работнички на гости загубил од Динамо со 3:0.[50] Во сезоната 2018/19, ФК Работнички играл против Хонвед од Унгарија во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар Работнички дома победил со 2:1. Стрелци на головите биле Петар Петковски и Николче Шаркоски.[51] Во вториот натпревар, Работнички на гости убедливо загубил со 4:0.[52]
Натреварувањата на Работнички во Европа
уреди
Заклучно до 17 јули 2018 година.[53]
|
|
Тековен состав
уреди- Обновено на 18 август 2023.
|
|
Управа
уредиСедиштето на управата на ФК Работнички е: Кошаркарска сала Градски Парк бб, Скопје; телефон/факс: +389 2 3246-516.
|
|
Поврзано
уреди- Фудбалска федерација на Македонија
- Прва македонска фудбалска лига
- Куп на Македонија
- КК Работнички
- РК Работнички
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Како започна се (пред 1937)“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 2014-10-09. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 „Формирање (1937)“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 29 јули 2014. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 „Херојот е роден (1938-1941)“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2014. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 „Спортска активност во периодот 1941-1944“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2014. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 „Возобновување (1945-1949)“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 24 јули 2014. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ 6,0 6,1 „Работнички од Скопје на двапати играше во Првата лига на Југославија“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2014. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ „Запишување во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации“ (PDF) (43). Службен весник на Република Македонија. 1 јули 2003: 14. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-06-02. Посетено на 18 август 2023. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Работнички ќе ја брани куп-титулата против Тетекс“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 25.
- ↑ „Илијоски: Му се радувам на убавиот гол“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 26-27.
- ↑ „Турски „Џевахир" влегува во Работнички!“. ekipa.mk. 13 април 2023. Архивирано од изворникот 2023-04-20. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ Мартин Танасковски (14 април 2023). „Богат спонзор го враќа Работнички на шампионските патеки“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-18. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ „Џевахир го купи Работнички за 600.000 евра!“. sport1.mk. 17 октомври 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-17. Посетено на 30 октомври 2023.
- ↑ „Џевахир го купи ФК Работнички за 600.000 евра!“. 24fudbal.mk. 17 октомври 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-27. Посетено на 30 октомври 2023.
- ↑ „Вонредна седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија: Прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020“. Фудбалска Федерација на Македонија. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот 2020-06-04. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ "Работнички постигна гол, ама прими два и се збогува од ЛШ", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 25.
- ↑ Лига Европа: Флора Талин ја доби првата битка, Работнички минимално поразен во Естонија Архивирано на 20 август 2015 г. sport365.mk 2 јули 2015
- ↑ ЛИГА НА ЕВРОПА: Работнички загуби во Талин Архивирано на 6 јули 2015 г. telegraf.mk 2 јули 2015
- ↑ Работнички ја мина Флора и оди на Јелгава Архивирано на 17 јули 2015 г. telegraf.mk 9 јули 2015
- ↑ ЛЕ: Работнички ја совлада Флора со 2:0, Јелгава следен соперник Архивирано на 19 јули 2015 г. sitel.com.mk 10 јули 2015
- ↑ Неискористените шанси на Работнички, Јелгава ги казни во 87 минута[мртва врска] supersport.com.mk 16 јули 2015
- ↑ Кога не се користат шансите: Јелгава го казни Работнички во 87. минута![мртва врска] ekipa.mk 16 јули 2015
- ↑ Шансите за Работнички, победата за Јелгава[мртва врска] 24fudbal.com.mk 16 јули 2015
- ↑ Работнички е класа за Јелгава: Илијоски и Сахити обезбедија двомеч со Трабзонспор sportmedia.mk 23 јули 2015
- ↑ Работнички со триумф од 2-0 ја елиминираше Јелгава Архивирано на 25 јули 2015 г. 24fudbal.com.mk 23 јули 2015
- ↑ Ангеловски: Ја остваривме целта Архивирано на 26 јули 2015 г. plusinfo.mk 24 јули 2015
- ↑ ФК Работнички – 1 : 0 – Трабзонспор[мртва врска] fkrabotnicki.com 30 јули 2015
- ↑ Аферим бе Работнички: Трабзон падна на „романтика“ (1-0) Архивирано на 1 август 2015 г. ekipa.mk 30 јули 2015
- ↑ Работнички не ферма никого, Баже Илијоски погоди за 1-0 против Трабзонспор Архивирано на 1 август 2015 г. republika.mk 30 јули 2015
- ↑ ГОЛ ЗА ИСТОРИЈА: Кире Маркоски, глава ти се позлатила Архивирано на 8 август 2015 г. ekipa.mk 6 август 2015
- ↑ Леле, леле „романтично“: Работнички оди во плеј-оф, Марковски го замолчи Трабзон Архивирано на 10 август 2015 г. sport365.mk 6 август 2015
- ↑ Романтична приказна во Трабзон, Работнички го сруши големиот противник! Архивирано на 7 август 2015 г. 24fudbal.com.mk 6 август 2015
- ↑ Херојско издание на Работнички, златното момче Кире Маркоски го носи Работнички понатаму Архивирано на 10 август 2015 г. sportclub.mk 6 август 2015
- ↑ Видео: „Романтичарите“ не потклекнаа ни пред Рубин Архивирано на 22 август 2015 г. ekipa.mk 20 август 2015
- ↑ Лига Европа: Шансите остануваат, Работнички ремизираше со Рубин Казан Архивирано на 21 август 2015 г. sport365.mk 20 август 2015
- ↑ Кога гостува руски тим во Македонија неизбежно е реми - 1-1! sportmedia.mk 21 август 2015
- ↑ Казан-от остана шанса што ќе се прераскажува: Работнички елиминиран од Рубин Архивирано на 29 август 2015 г. ekipa.mk 27 август 2015
- ↑ „Романтичарите“ елиминирани со кренати глави: Карлос Едуардо го сруши сонот за Лига на Европа - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/romanticharite-eliminirani-so-krenati-glavi-karlos-eduardo-go-srushi-sonot#sthash.CRDFU5kA.dpuf sportmedia.mk 27 август 2015
- ↑ Лига Европа: Феноменот Работнички ја заврши европската бајка во Казањ Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 27 август 2015
- ↑ Работнички се изнапромашува, па Будуќност со реми си замина Архивирано на 29 јуни 2016 г. ekipa.mk 28 јуни 2016
- ↑ Пречката сојузник на Будуќност: Работнички немаше среќа да победи во Скопје sportmedia.mk 28 јуни 2016
- ↑ Резервите му донесоа реми на Работнички против Будуќност[мртва врска] sport365.mk 28 јуни 2016
- ↑ Работнички „падна“ во Подгорица sportmedia.mk 7 јули 2016
- ↑ Кратко „романтично“ лето: Работнички сезонава стигна само до Подгорица Архивирано на 11 јули 2016 г. ekipa.mk 7 јули 2016
- ↑ „Работнички со минимален триумф се враќа од Сан Марино“. ekipa.mk. 29 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
- ↑ „Минимална победа за Работнички на навидум лесното гостување во Сан Марино“. gol.mk. 30 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
- ↑ „Работнички му даде „шестка" на Тре Пене и чека на Динамо Минск и Рунавик!“. gol.mk. 6 јули 2017. Посетено на 15 јули 2017.
- ↑ „Нема романса за Тре Пене, Работнички со 6:0 го декласира клубот од Сан Марино“. sportmedia.mk. 6 јули 2017. Посетено на 15 јули 2017.
- ↑ „Не е „романтично", ама е надежно: Работнички ремизираше (1-1) со Динамо Минск“. ekipa.mk. 13 јули 2017. Посетено на 16 јули 2017.
- ↑ „Најденов го фати Динамо на „спиење", Работнички со оптимизам ќе патува за Белорусија“. gol.mk. 13 јули 2017. Посетено на 16 јули 2017.
- ↑ „Динамо Минск - Работнички“. gol.mk. 20 јули 2017. Посетено на 25 јуни 2018.
- ↑ „„Романтичарите" го добија Хонвед со 2-1, стрелаа Петар Петковски и Шаркоски“. ekipa.mk. 11 јули 2018. Посетено на 28 јули 2018.
- ↑ „Толку од европското лето на Работнички – Убедлив пораз од Хонвед“. ekipa.mk. 17 јули 2018. Посетено на 28 јули 2018.
- ↑ „Club record in UEFA competitions“. UEFA.com.
- ↑ „Раководство“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот 2023-02-06. Посетено на 18 август 2023.
- ↑ „Стручен штаб“. ФК Работнички. Архивирано од изворникот 2023-06-08. Посетено на 18 август 2023.
Надворешни врски
уреди- Службено мрежно место Архивирано на 5 мај 2021 г.
- ФК Работнички на Facebook
- ФК Работнички на Твитер
- Инфо за клубот на MacedonianFootball (англиски)
- Фудбалска федерација на Македонија (македонски)