Национална арена „Тоше Проески“
Национална арена „Тоше Проески“ (поранешни имиња: Филип II Македонски, Градски стадион, Телеком арена) — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.
Национална арена „Тоше Проески“ | |
---|---|
Градски стадион | |
Место | Градски парк, Скопје, Македонија |
Отворен | 1947 |
Проширен | 2008-2011 |
Сопственик | Град Скопје |
Оператор | ФФМ |
Подлога | трева |
Главен изведувач | ГП Бетон |
Игра | ФК Работнички ФК Вардар Фудбалска репрезентација на Македонија |
Гледачи | 33.011 |
Тековната максимална сместивост на арената изнесува над 33.011. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.[1] Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.[2][3]
Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.
Изградба и реконструкција
уредиИзградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[4]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор.[5] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[6]
Настани
уредиВо јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година.[7][8][9][10] Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година[11] помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1, а стрелци на головите биле Иско и Касемиро за Реал Мадрид, додека почесниот погодок за црвените ѓаволи го постигнал Лукаку во 62-та минута.
Галерија
уреди-
Квалификациски меч во УЕФА Европа лигата
-
Поглед однадвор
-
Поглед од Водно
-
Арената навечер
-
Поглед од јужната трибина
-
Роналдо се подготвува да влезе во игра на УЕФА Супер Куп 2017 во Скопје
-
Играчите на екипите излегуваат на теренот на УЕФА Супер Куп 2017 во Скопје
-
Екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид пред почетокот на натпреварот на УЕФА Супер Куп 2017 во Скопје
-
Церемонијата пред натпреварот на УЕФА Супер Куп 2017 во Скопје
-
Роналдо изведува слободен удар на Филип Втори Арената на УЕФА Супер Куп 2017 во Скопје
-
Поглед на Филип Втори Арената
Наводи
уреди- ↑ „Арената „Филип II" се ребрендира во „Телеком арена"“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 4 ноември 2016. Посетено на 5 ноември 2016.
- ↑ „„Телеком" го раскина договорот со АДСДП: Се враќа „Филип Втори"!“. ekipa.mk. 7 септември 2017. Посетено на 28 мај 2018.
- ↑ „Нема повеќе „Телеком Арена", Германците го раскинуваат договорот?!“. sportski.mk. 7 септември 2017. Посетено на 28 мај 2018.
- ↑ „Утрински весник“. Архивирано од изворникот на 2010-07-29. Посетено на 2010-08-09.
- ↑ Сител Телевизија
- ↑ Build.mk
- ↑ Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup uefa.com 30 јуни 2015
- ↑ УЕФА официјално соопшти: Супер купот во 2017 на арената „Филип Втори“! Архивирано на 3 јули 2015 г. ekipa.mk 30 јуни 2015
- ↑ Огромно признание за Македонија: Скопје е прв град во регионот со натпревар од ваков ранг! Архивирано на 3 јули 2015 г. ekipa.mk 30 јуни 2015
- ↑ 12.000 Македонци ќе можат да купат билети за Суперкупот 2017! - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/konechno-vrven-fudbal-vo-zhivo-makedoncite-kje-mozhat-da-kupat-12000#sthash.SzcgEr59.dpuf sportmedia.mk 30 јуни 2015
- ↑ „Скопје и Македонија се покажаа среќни за Реал (М)“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 2017-08-09.
„Национална арена „Тоше Проески““ на Ризницата ? |
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |