Македонски железници
Македонски железници (МЖ) — јавно претпријатие за железничка инфраструктура на Република Македонија.
Македонски железници | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
МЖ 711 на Железничката станица во Скопје | |||||||
Работа | |||||||
Државна железница | Македонски железници | ||||||
Инфраструктурно претпријатие | Македонски железници Инфраструктура | ||||||
Статистика | |||||||
Патнички км | 154.705.000 | ||||||
Должина на мрежата | |||||||
Вкупна | 925 км | ||||||
Електрифицирани | 315 км | ||||||
Колосек | |||||||
Главен | 1.435 мм (стандарден) | ||||||
Напојување | |||||||
Главно | 25 kV 50 Hz | ||||||
Features | |||||||
Станици | 117 | ||||||
|
Железничка мрежа
уредиЖелезничката мрежа во Република Македонија има:
Железнички линии
уреди- граница со Србија - Табановце - Куманово - Скопје - Велес - Градско - Гевгелија - граница со Грција (како дел од коридор X)
- Куманово - Бељаковце (во ремонт и градба до Крива Паланка и граница со Бугарија, како дел од коридор VIII)
- Градско - Шивец (до индустријата за фероникел крај Кавадарци)
- граница со Косово - Волково - Ѓорче Петров - Скопје
- Ѓорче Петров - Тетово - Гостивар - Зајас - Кичево (која треба да се продолжи до Охрид и Струга и граница со Албанија, како дел од коридорот VIII)
- Зајас - Тајмиште (до рудникот за железна руда)
- Велес - Прилеп - Бакарно Гумно - Битола - Кременица - граница со Грција (како дел од коридор Х) (во ремонт дел до граница со Грција до 2016)
- Бакарно Гумно - Сопотница (до рудникот за железна руда)
- Велес - Овче Поле - Штип - Кочани
Возен ред
уредиВозниот ред е определен согласно Објавата [2][3] на Македонски железници за 2021 година.
Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[4]
Историја
уредиПрвата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското Царство. На 9 август 1873 година со железница биле поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која во 1874 година е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници.[5] На 14 јуни 1894 година Солун е поврзан и со Битола.[5] На 20 октомври 1924 година завршена е делницата Велес-Штип и првиот влез влегува на станицата во Штип.[5] Пругата, пак, Велес – Битола е предадена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.[6]
Во февруари 2015 година, „Македонски железници“ се модернизирале со 107 нови транспортни вагони, како дел од проектот за набавка на 150 вагони, реализиран од страна на македонската влада.[7]
Македонски железници, повеќепати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година:
- 1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа
- 1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје
- 1977 Железничкa транспортна организација – Скопје
- 1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје
- 2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
- 2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје
Наводи
уреди- ↑ „Железничка мрежа“. Македонски железници - Инфраструктура. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Возен ред - Поаѓање од Скопје“. Македонски железници - Транспорт. 2021. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Возен ред - Пристигање во Скопје“. Македонски железници - Транспорт. 2021. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 [1] Официјална веб страна на Македонски железници, Извод од возен ред Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „МЖ Возен ред, 13122009-11122010“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 5,0 5,1 5,2 „Историја на Македонски Железници преку фото документација“.[мртва врска]
- ↑ м-р Гордан Стојиќ. „Регионален железнички сообраќај на релација Скопје-Велес-Битола“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-23. Посетено на 2016-09-04.
- ↑ „Пристигнати се 107 нови вагони, се очекуваат уште 43“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 6.
Надворешни врски
уреди- Македонски железници Архивирано на 17 декември 2008 г. — Официјална страница на МЖ
- Видеоканал на Јутјуб — сè за МЖ