Национална арена „Тоше Проески“

(Пренасочено од Арена Филип II)

Национална арена „Тоше Проески“ (поранешни имиња: Филип II Македонски, Градски стадион, Телеком арена) — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.

Национална арена „Тоше Проески“
Градски стадион
Место Градски парк, Скопје, Македонија
Отворен 1947
Проширен 2008-2011
Сопственик Град Скопје
Оператор ФФМ
Подлога трева
Главен изведувач ГП Бетон
Игра ФК Работнички
ФК Вардар
Фудбалска репрезентација на Македонија
Гледачи 33.011

Тековната максимална сместивост на арената изнесува над 33.011. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.[1] Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.[2][3]

Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

Изградба и реконструкција

уреди

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[4]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор.[5] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[6]

Настани

уреди

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година.[7][8][9][10] Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година[11] помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1, а стрелци на головите биле Иско и Касемиро за Реал Мадрид, додека почесниот погодок за црвените ѓаволи го постигнал Лукаку во 62-та минута.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Арената „Филип II" се ребрендира во „Телеком арена". Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 4 ноември 2016. Посетено на 5 ноември 2016.
  2. „„Телеком" го раскина договорот со АДСДП: Се враќа „Филип Втори"!“. ekipa.mk. 7 септември 2017. Посетено на 28 мај 2018.
  3. „Нема повеќе „Телеком Арена", Германците го раскинуваат договорот?!“. sportski.mk. 7 септември 2017. Посетено на 28 мај 2018.
  4. „Утрински весник“. Архивирано од изворникот на 2010-07-29. Посетено на 2010-08-09.
  5. Сител Телевизија
  6. Build.mk
  7. Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup uefa.com 30 јуни 2015
  8. УЕФА официјално соопшти: Супер купот во 2017 на арената „Филип Втори“! Архивирано на 3 јули 2015 г. ekipa.mk 30 јуни 2015
  9. Огромно признание за Македонија: Скопје е прв град во регионот со натпревар од ваков ранг! Архивирано на 3 јули 2015 г. ekipa.mk 30 јуни 2015
  10. 12.000 Македонци ќе можат да купат билети за Суперкупот 2017! - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/konechno-vrven-fudbal-vo-zhivo-makedoncite-kje-mozhat-da-kupat-12000#sthash.SzcgEr59.dpuf sportmedia.mk 30 јуни 2015
  11. „Скопје и Македонија се покажаа среќни за Реал (М)“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 2017-08-09.

Координати:   42°0′20.64″N, 21°25′32.13″E