Марјан Алтипармаковски
Марјан Алтипармаковски, познат како Мацата, (роден 18 јули 1991 година) ― македонски фудбалер кој игра како напаѓач.[2] Тој има и хрватска националност.[3]
Марјан Алтипармаковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 18 јули 1991 | ||
Роден во |
Битола, Македонија, СФРЈ | ||
Висина | 1.85 м[1] | ||
Позиција | Напаѓач/втор напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Раднички | ||
Младинска кариера | |||
–2009 | Пелистер | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2010 | Пелистер | 25 | (6) |
2010–2013 | Шкода Ксанти | 4 | (1) |
2013 | Пелистер | 18 | (3) |
2014 | Панилијакос | 10 | (2) |
2014–2016 | Работнички | 63 | (20) |
2016–2017 | Интер Запрешиќ | 10 | (0) |
2017 | Судува | 21 | (5) |
2018 | Сараево | 2 | (0) |
2018 | Лачи | 14 | (1) |
2019–2020 | Пирин | 1 | (0) |
2020–2021 | Струга Трим - Лум | 29 | (7) |
2021–2023 | Брегалница 2008 | 54 | (11) |
2023- | Раднички | ||
Репрезентација | |||
2007 | Македонија под 17 години | 1 | (0) |
2010–2012 | Македонија под 21 година | 13 | (1) |
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиАлтипармаковски на негови 17 година ја започнал кариерата во Пелистер од Битола.[4] Тој потпишал тригодишен договор со Шкода Ксанти[5] на 5 јули 2010 година, и го напуштил клубот во мај 2013 година. Потоа се вратил во Македонија и Пелистер. Во јануари 2014 година, Алтипармаковски договорил договор со Панилијакос.
Во периодот од 2014 до 2016 година, фудбалерот бил играч на Работнички. Со тој клуб, Алтипармаковски го освоил Купот на Македонија 2014/15. Во летото 2015 година, Работнички и Алтипармаковски стигнале до бараж рундата (последниот филтер) за влез во групите на Лигата Европа 2015/16.[5]
На 15 јули 2016 година, Алтипармаковски го имал дебито за хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.[6]
Пред сезоната 2017, тој се приклучил на литванскиот А лигаш Судува.[2] На 13 февруари 2017 година, Алтипармаковски го постигнал својот прв гол, поточно во Купот на Литванија.[7] Со Судува, Алтипармаковски го освоил домашното првенство.[8]
Алтипармаковски потпишал за Сараево на 7 февруари 2018 година.[8]
Во август 2018 година, Марјан се приклучил на албанскиот Лачи.[9] Во јануари 2019 година, тој бил принуден да му бидат оперирани вкрстените лигаменти на ногата.[10] Во јуни истата година, додека бил слободен агент, Алтипармаковски стапил во тренажна постапка.[11]
Тој бил фудбалер на бугарскиот клуб Пирин во периодот од средината на 2019 година до март 2020 година,[5] при што тогаш има повреди.[3]
На 15 јули 2020 година, тој бил претставен кај македонскиот прволигаш Струга Трим - Лум.[12][13] Во јуни 2021 година, играчот ја напуштил Струга Трим - Лум.[14]
За сезоната 2021/22, тој во август потпишал за Брегалница 2008.[15] На крајот на октомври 2022 година, поради лични причини на фудбалерот, Брегалница 2008 и Алтипармаковски го раскинале договорот.[16] Но во јануари следната година, тој се вратил во штипскиот клуб и ја обновил соработката.[17] Откако му истекол договорот со Брегалница 2008, тој во јули истата година потпишал за српскиот Раднички од Белград.[18]
Репрезентативна кариера
уредиАлтипармаковски има одиграно 21 натпревар за младинските категории на Македонија и има постигнато 3 гола.[11]
Почести
уреди- Работнички
- Првак во Купот на Македонија (1): 2014/15
- Судува
- Првак во А лигата (1): 2017
Наводи
уреди- ↑ Марјан Алтипармаковски на WorldFootball.net
- ↑ 2,0 2,1 „"Sūduvos" gretose – du naujokai“ (литвански). FK Sūduva. 28 јануари 2017. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ 3,0 3,1 „Пирин" се раздели с бивш македонски национал“ (бугарски). pirinsport.com. 5 април 2020. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ „Home“.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Зоран Мишевски (28 март 2020). „Алтипармаковски: Во Работнички се пронајдов, а не погрешив и што ја избрав Литванија“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2020-03-29. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Александар Ковачев (15 јули 2016). „Ејупи и Ивановски го добија „македонското дерби" во првото коло на хрватскиот шампионат“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Сашо Поповски (14 февруари 2017). „Алтипармаковски со дебитантски гол во дресот на Судува“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2017-02-17. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ 8,0 8,1 Мартин Танасковски (7 февруари 2018). „Велкоски доби македонско друштво: Алтипармаковски потпиша за Сараево“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2018-02-18. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Горан Упале (22 август 2018). „Алтипармаковски конечно пронајде клуб: Ќе тресе мрежи за албански Љачи“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Горан Упале (24 јануари 2019). „Алтипармаковски ги оперираше вкрстените лигаменти, го чека долга пауза“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ 11,0 11,1 Зоран Мишевски (22 јуни 2019). „Алтипармаковски подготвен за кам-бек по тешката повреда“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2019-06-23. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Горан Упале (15 јули 2020). „ОФИЦИЈАЛНО: Струга го претстави најголемото летно засилување“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ „Oslobođenje - USK: Uhapšeno pet osoba zbog trgovine narkoticima“. 21 октомври 2023. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Зоран Мишевски (9 јуни 2021). „Ристевски, Миленковски и Алтипармаковски заминаа од Струга“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Мартин Танасковски (3 август 2021). „Марјан Алтипармаковски ќе тресе мрежи за штипска Брегалница“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Мартин Танасковски (27 октомври 2022). „Марјан Алтипармаковски поради лични причини раскина со Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2022-11-08. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Горан Упале (29 јануари 2023). „Алтипармаковски одново ќе го облече дресот на Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-01-31. Посетено на 1 ноември 2023.
- ↑ Зоран Мишевски (16 јули 2023). „Алтипармаковски има нов предизвик: Напаѓачот потпиша за Раднички Белград“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
Надворешни врски
уреди- Марјан Алтипармаковски на soccerway
- Марјан Алтипармаковски на ФК Работнички
- Марјан Алтипармаковски на Transfermarkt.com