ФК Победа — поранешен фудбалски клуб од Прилеп кој се натпреварувал во Прва македонска фудбалска лига.

ФК Победа
Амблемот на ФК Победа
Целосно име ФК Победа Прилеп
Основан 1941
Распаднат
Стадион Стадион Гоце Делчев
Капацитет 15.000
Лига Прва лига
2008/2009 8ми
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја уреди

Клубот е формиран во 1941 година. Најпрво го носел името „Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“. Во поранешната СФРЈ седум пати бил првак на Македонија и тоа во сезоните: 1952/53, 1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига. Никогаш не успеал да влезе во најквалитетната Прва лига иако на неколкупати бил на чекор од неа.

Од осамостојувањето на Македонија се натпреварувал во најквалитетното друштво и секогаш бил на самиот врв, а ги има освоено и шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот Куп во сезоната 2001/02. Домашните натпревари ги играл на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп кој има капацитет од 15.000 гледачи, а настапувал во традиционалните црвено-бели дресови. Поради местењето натпревар со ерменски ФК Пјуник, Победа била казнета од УЕФА и ФФМ и била отстранета од Првата лига.

Клубот наследник кој ги презема трофеите и историјата бил основан во 2010 година под името „Викторија“, подоцна сменето во Победа Јуниор. Сепак, тие не се сметаат за наследници на оригиналната Победа и резултатите на двата клуба се запишуваат посебно од ФФМ.

Успеси уреди

  Прва македонска републичка лига:

  • Победници (7): 1953, 1959, 1962, 1963, 1979, 1981, 1986

  Прва македонска фудбалска лига:

  Републички Куп на Македонија:

  • Победници (8):1951, 1958, 1960, 1961, 1963, 1964, 1977, 1987

  Куп на Македонија:

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди