Пријателски натпревар

Пријателски натпревар или Пријателска е спортски настан - во екипните спортови - за кои не се доделуваат бодови.[1]

Слика од пријателски натпревар во фудбал.

ДефиницијаУреди

Статистичките податоци за пријателскитe натпревар меѓу клубови (конечен резултат, присуство на играчи и резултати) немаат - обично - официјална вредност.[2] Ова се должи на фактот што екипите ги планираат пријателските натпревари во предсезонскиот период, односно пред официјално да почне сезоната, со цел да се подготоват за стартот на сезоната и да тренираат.[3][4]

За разлика од клубовите, пријателските натпревари на репрезентациите се поважни, бидејќи тие имаат поинтензивен распоред од клубовите.[5] За овие селекции, овие натпревари се користат за подготовка за меѓународни турнири.[6][7][8] Календарот обично ги опфаќа овие натпревари кога играчите се на одмор од својте клубови.[9]

ПравилаУреди

Поради неофицијалниот карактер, пријателскиот натпревар може да има различен правилник од другите натпревари.[10] Во фудбалот - на пример - дозволено е да се направат поголем број на замени на место вообичаено дозволените три.[11]

Исто така во фудбалот, календарот на ФИФА точно одредува кои датуми се наменети за меѓународни пријателски.

Поединечни спортовиУреди

Иако е типично за колективните спортови, пријателскиот натпревар е исто така присутен и во поединечните спортови каде што е познат под името "егзибиција": ова се случува, меѓу другите дисциплини, во бокс и други боречки спортови, потоа во тенис итн.

НаводиУреди

  1. Regolamento FIPAV per le gare della stagione 2003-04 (in PDF)
  2. Luigi Panella (14 декември 2012). „La Fifa gela Messi: "Impossibile confermare il suo record".
  3. „OGGI IN CAMPO ANCHE INTER E JUVENTUS“. la Repubblica. 15 август 1987. стр. 18.
  4. „Amichevoli, da Inter-Cska Sofia a Milan-Chelsea ecco il programma delle big“. 12 јули 2016.
  5. „A септември primo raduno dell'Italia“. la Repubblica. 6 август 1987. стр. 19. Roma
  6. „Учесниците на СП победуваат на пријателски натпревари“. 5 јуни 2014.[мртва врска]
  7. „Modulo di richiesta amichevoli della FIGC (in PDF)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-18. Посетено на 2018-02-17.
  8. „Кошарка, Кошаркарите со 10 пријателски натпревари ќе ја подигнуваат формата за ЕП“. Сител. 20 јули 2015.
  9. „Нашата фудбалска репрезентација ќе ја заврши сезоната против Иран и Азербејџан“. 23 мај 2016.
  10. „ФИФА ја поништи победата на Белгија над Луксембург“. 4 јуни 2014. Text "pubblisher:a1on.mk" ignored (help)
  11. F.I.G.C.A.I.A., уред. (17 април 2015). „Circolare n° 1 - Stagione sportiva 2004/2005“ (PDF). стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-17. Посетено на 17 април 2015.