Сремски фронт бил воен фронт формиран по ослободувањето на Белград, стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата Мохово - источно од Товарник - западно од Шид - Илинци - река Босут - Батровци. Во јануари 1945 г. со наредба на ВК на НОВЈ биле формирани I, II и III, а на 1 март и IV армија на НОВЈ.

Сремски фронт
Дел од Втората светска војна во Југославија

Линијата на Сремскиот фронт (на југоисток) како дел од Источниот фронт во Европа во април 1945.
Датум 21 октомври 1944 – 12 април 1945[1]
Место Срем, Славонија, Барања (Југославија)
Исход Победа на Југословенската армија и Сојузниците
Завојувани страни
Сојузниците:
Партизани
(вклучувајќи и Италија Италијански партизани)
 СССР
Бугарија Бугарија
Оската:
 Трет Рајх
 Независна Држава Хрватска
Команданти и водачи
Јосип Броз Тито Трет Рајх Александар Лер
Жртви и загуби
13,500+ убиени[2]
(вклучувајќи Italian partisans 163 убиени)
СССР 1,100 убиени
Бугарија 630 убиени
Вкупно 30,000 убиени[2]
Единици на 15 македонски корпус поминуваат низ Батајница на пат за Сремскиот фронт, март 1945

Во јануари 1945 г. XV МНОУК бил префрлен во Земун за Сремскиот фронт. Формациски влегол во I армија. Бројната состојба на корпусот на 21 јануари изнесувала 15.400 борци и старешини. Во текот на март 1945 г. на корпусот формациски му се придодадени I и II македонска артилериска бригада. Борците биле вооружени со ново, посовремено оружје добиено од советската армија. Македонскиот XV корпус во состав од 42 и 48 македонска дивизија и I и II Македонска артилериска бригада на Сремскиот фронт учествувале со околу 25.000 борци и старешини.

Фронтот бил пробиен на 13 април 1945, единиците ги продолжиле борбите до конечното ослободување на Југославија.

Наводи

уреди
  1. 62nd Anniversary announcement, B92, 2007.
  2. 2,0 2,1 Stratište srpske mladosti, Vlada Arsić, 2008. (српски)