Прва македонска фудбалска лига

Првата македонска лига е најсилната професионална фудбалска лига во Република Македонија. Администрирана е од Фудбалската Федерација на Македонија.

Прва македонска фудбалска лига
Prva Мakedonska Fudbalska Liga (emblem).png
ЗемјаМакедонија Македонија
КонфедерацијаУЕФА
Основана1992
Број на клубови10
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воВтора македонска фудбалска лига
Домашен купКуп на Македонија
Актуелен шампионВардар Вардар (6. титула) (2019/2020)
Најмногу титулиВардар Вардар (6 титули)
ВебсајтОфицијално мрежно место на ФФМ
ТрофејПрваФудбалскаЛига.gif
Прва фудбалска лига на Македонија 2020/2021

ФорматУреди

Низ историјата на Првата лига, бројот на клубови претежно се намалувал. Подоле е список на број на клубови низ сите сезони;

 
  • 18 екипи = 1992–1993
  • 16 екипи = 1993–1995
  • 15 екипи = 1995–1996
  • 14 екипи = 1996–2001
  • 12 екипи = 2001–2014
  • 10 екипи = 2014–2020
  • 12 екипи = 2020–2021

Лигата брои дванаесет клуба, кои играат по три меѓусебни натпревари во текот на 33 кола.[1]

Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подоле покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Лига Европа заедно со освојувачот на Купот на Македонија. На крајот на сезоната, последните две екипи отпаѓаат во Втората лига, додека осмата пласирана екипа игра бараж за опстанок со подобриот од бараж дуелот на второпласираните екипи од Втората лига - Исток и Запад.

УЕФА РанкингУреди

УЕФА Национален ранкинг за лигашкото учество во Европската фудбалска сезона 2019–20 (Претходната година во коси броеви) [2][3]

Членови на Првата лига во сезоната 2020/2021Уреди

Местоположба на екипите во сезоната 2020/21

Следните дванeсет клуба се натпреваруваат во Првата лига во сезоната 2020/2021.

Клуб Прекината позиција во
сезоната 2019/2020[4]
Академија Пандев 7.
Беласица 1. во прекинатата Втора лига - Исток
Борец 1919 9.
Вардар 1.
Македонија Ѓорче Петров 1932 6.
Пелистер 1. во прекинатата Втора лига - Запад
Работнички 8.
Ренова 4.
Силекс 2.
Струга Трим - Лум 10.
Шкендија 3.
Шкупи 1927 5.

Победници по сезонаУреди

Сезона Првак Второ место Трето место
1992/93
Вардар
Силекс
Балкан
1993/94
Вардар
Силекс
Балкан
1994/95
Вардар
Силекс
Слога Југомагнат
1995/96
Силекс
Слога Југомагнат
Вардар
1996/97
Силекс
Победа
Слога Југомагнат
1997/98
Силекс
Слога Југомагнат
Македонија Ѓ.П.
1998/99
Слога Југомагнат
Силекс
Победа
1999/00
Слога Југомагнат
Победа
Работнички Кометал
2000/01
Слога Југомагнат
Вардар
Победа
2001/02
Вардар
Беласица
Цементарница 55
2002/03
Вардар
Беласица
Победа
2003/04
Победа
Силекс
Вардар
2004/05
Работнички Кометал
Вардар
Победа
2005/06
Работнички Кометал
Македонија Ѓ.П.
Вардар

Сезона Првак Второ место Трето место
2006/07
Победа
Работнички Кометал
Македонија Ѓ.П.
2007/08
Работнички Кометал
Милано
Пелистер
2008/09
Македонија Ѓ.П.
Милано
Ренова
2009/10
Ренова
Работнички
Металург
2010/11
Шкендија
Металург
Ренова
2011/12
Вардар
Металург
Шкендија
2012/13
Вардар
Металург
Турново
2013/14
Работнички
Турново
Металург
2014/15
Вардар
Работнички
Шкендија
2015/16
Вардар
Шкендија
Силекс
2016/17
Вардар
Шкендија
Работнички
2017/18
Шкендија
Вардар
Работнички
2018/19
Шкендија
Вардар
Академија Пандев
2019/20[1]
Вардар
Силекс
Шкендија

Најмногу освоени шампионатиУреди

Според клубУреди

# Клуб Титули Сезони Второ место Сезони
1.
Вардар (2011-)[2]
6
2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2019/2020
3
2017/18
2.
Вардар (1992-2011)[2]
5
1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03
2
2000/01, 2004/05
3.
Работнички
4
2004/05, 2005/06, 2007/08, 2013/14
3
2006/07, 2009/10, 2014/15
4.
Силекс
3
1995/96, 1996/97, 1997/98
6
1992/93, 1993/94, 1994/95, 1998/99, 2003/04, 2019/20
5.=
Слога Југомагнат
3
1998/99, 1999/00, 2000/01
2
1995/96, 1997/98
5.=
Шкендија
3
2010/11, 2017/18, 2018/19
2
2015/16, 2016/17
7.
Победа
2
2003/04, 2006/07
2
1996/97, 1999/00
8.
Македонија Ѓорче Петров
1
2008/09
1
2005/06
9.
Ренова
1
2009/10
0
/
  • Со задебелени букви се моменталните учесници во Првата лига.

Според градУреди

# Град Титули Екипи
1.   Скопје 19 Вардар (нов) (6), Вардар (стар) (5), Работнички (4), Слога Југомагнат (3), Македонија Ѓорче Петров (1)
2.   Тетово 4 Шкендија (3), Ренова (1)
3.   Кратово 3 Силекс (3)
4.   Прилеп 2 Победа (2)

Најдобри стрелци на сите времињаУреди

Согласно до 17 октомври 2020 година.

Ова е нецелосен список. Може да биде пополнет.

# Играч Голови Играчки календарски години Екипи
1.
Бесарт Ибраими
175
2005-2009, 2015-2020 Влазрими, Напредок, Ренова, Шкендија
2.
Блаже Илијоски
166
2002-2006, 2007-2010, 2013, 2014, 2015, 2017-2019 Работнички, Металург, Пелистер, Шкупи
3.
Зоран Бошковски
125
1993-2001 Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Шкендија

Извор:[5][6]

  • Со задебелени букви се моменталните играчи во Првата лига.
  • Со коси букви се поранешните играчи во Првата лига.

ПоврзаноУреди

БелешкиУреди

1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 23 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[7] На 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине првенството без прогласување на првак.[8][9] На 26 јуни, Управниот одбор донел одлука Вардар да биде прогласен за првак,[10][11]
2. а : Вардар и денешниот Вардар А.Д. правно не се истиот клуб. Вардар А.Д. е клуб создаден во 1951 година под името Миравци, име кое било сменето во Вардар 1947 пред почетокот на сезоната 2011/2012. А потоа во средината на истата сезона, името било сменето во Вардар А.Д и оттогаш бил нарекуван едноставно Вардар. Првичниот Вардар моментално се натпреварува во понизок ранг под името Кожуф Гевгелија.

НаводиУреди

  1. „First League“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 19 July 2012.
  2. „UEFA Country Ranking 2015“. Bert Kassies. Посетено на 19 May 2012.
  3. „UEFA Country coefficients“. UEFA. Посетено на 9 август 2020.
  4. „First League“. Soccerway. Perform. Посетено на 31 декември 2019.
  5. Мартин Танасковски (27 март 2020). „Бројки за почит: Голгетерските „кралеви" во македонскиот фудбал“. gol.mk преку web.archive.org. Посетено на 27 март 2020.
  6. „Гол број 175 во ПМФЛ: Бесарт по десетти пат го "тресна" Вардар!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 17 октомври 2020. Посетено на 17 октомври 2020.
  7. „Националниот шампионат во сите конкуренции се прекинува на неодредено време“. Фудбалска Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
  8. „ФФМ ПРОГЛАСИ КРАЈ: Нема повеќе фудбал во Македонија!“. gol.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
  9. „ФФМ одлучи: Крај на сезоната – Прекин на Првата лига и Купот на Македонија!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
  10. „Вардар прогласен за нов шампион на Македонија, Собранието одложено за 12. јули“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јуни 2020. Посетено на 26 јуни 2020.
  11. „ОФИЦИЈАЛНО: Вардар е фудбалски првак на Македонија!“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јуни 2020. Посетено на 26 јуни 2020.

Надворешни врскиУреди

Најдобрите фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херзговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија