Отвори го главното мени
Доколку сакате да прочитате за кошаркарскиот клуб, видете КК Тетекс.

ФК Тетекс е фудбалски клуб од Тетово, Македонија, кој моментално игра во Третата македонска фудбалска лига - Запад. Тетекс е двократен шампион во Купот на Македонија. Моментално Тетекс своите натпревари ги игра на АМС спортскиот центар во Тетово.

ФК Тетекс
Амблемот на ФК Тетекс
Целосно име ФК Тетекс Тетово
Прекар(и) Текстилци, Белите
Основан 1953; пред 65 години (1953)
Стадион АМС Спортски центар Тетово
Капацитет 1.000
Претседател Стево Алампиоски
Тренер Мирослав Јаковљевиќ
Лига Трета македонска лига - Запад
Втора лига
2018/2019
8ми (отпаднати)
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ИсторијаУреди

ФК Тетекс бил оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за прв пат станал шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освоил Купот. [1]

НавивачиУреди

Навивачите на ФК Тетекс се познати под името Војводи и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како Војводи Југ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навивачка група се бела и сина.

СоставУреди

Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:

Име Позиција Роден Држава
Љупчо Кметовски голман 8 јули 1972 (37 години)   Македонија
Марко Јованоски голман 24 јули 1988 (22 години)   Македонија
Димитар Петровски голман 23 мај 1990 (19 години)   Македонија
Даниел Јовановски Шиш одбрана   Македонија
Марјан Белчев
Ненад Мишковски одбрана 26 декември 1986 (22 години)   Македонија
Сашко Ристов одбрана   Македонија
Драган Наумовски среден ред 19 јули 1984 (25 години)   Македонија
Мирослав Јовановски среден ред 13 мај 1991 (18 години)   Македонија
Александар Урошевиќ среден ред 14 септември 1990 (18 години)   Македонија
Дарко Савевски среден ред 21 јуни 1971 (38 години)   Македонија
Димче Ристевски среден ред 6 ноември 1982 (26 години)   Македонија
Срѓан Захариевски среден ред 12 септември 1973 (35 години)   Македонија
Оливер Пеев среден ред 6 август 1987 (23 години)   Македонија
Ивица Глигоровски напад 15 април 1981 (29 години)   Македонија
Живорад Радониќ напад 2 октомври 1984 (24 години)   Македонија
Александар Стојановски напад 4 април 1984 (25 години)   Македонија
Генц Исени напад 28 март 1984 (26 години)   Косово

Стручен штабУреди

Име Функција
Горазд Цветковски шеф на стручен штаб
Борче Мирчевски тренер
Жарко Стојановски тренер
Дарко Марковиќ лекар
Јовица Илиевски физиотерапевт
Дончо Николовски физиотерапевт

Собрание на ФК ТетексУреди

ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски, Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди