Егзон Белица

македонски фудбалер

Егзон Белица (албански: Egzon Belica; роден на 3 септември 1990) ― македонски професионален фудбалер од албанска народност, кој игра како одбранбен играч за Работнички.[1]

Егзон Белица
Белица како играч на Интер Турку во 2015 година
Лични податоци
Роден на 3 септември 1990(1990-09-03)(34 г.)
Роден во Струга, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.88 м
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Работнички
Младинска кариера
-2006 Беса
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2010 Беса
2010–2011 Работнички 17 (0)
2011–2012 Охрид 2004 17 (0)
2012–2013 Конкордија Кјажна 11 (0)
2013–2014 Шкендија 24 (0)
2015–2016 Интер Турку 56 (3)
2017–2018 Рига 5 (0)
2018–2022 Партизани 150 (5)
2022—2023 Приштина 21 (0)
2023– Работнички 9 (0)

Кариера

уреди

Партизани

уреди

Во првите денови од јануари 2018 година, Белица му се приклучил на албанскиот клуб Партизани од Тирана, на 10-дневна проба во Анталија, Турција.[2] Успешно ја поминал пробата и на 23 јануари бил претставен како најнов играч на Партизани, склучувајќи 18-месечен договор и земајќи го дресо со број 2 за вториот дел од сезоната 2017/18.[3] Тој го одигра својот прв натпревар за клубот три дена подоцна, започнувајќи во поразот со 1–0 на гости кај Фљамуртари од Валона во 17. натпревар од првенството.[4] Белица го постигнал својот прв гол во албанската Суперлига подоцна на 28 февруари, постигнувајќи го третиот во високата победа на Партизани со 6-0 против Лушња кој бил во долнител дел на табелата.[5] На крајот, тој успеал да игра на 19 лигашки натпревари, сите со целосни 90 минути, бидејќи Партизани успеал да го освои петтото место; тој исто така одиграл два куп-натпревари кога Партизани бил исфрлен во четврт-финалето од Фљамуртари во правилото за гол во гости.[6][7] На 31 мај, настапите на Белица биле наградени бидејќи клубот му понудил продолжување на договорот, што тој го прифатил, а договорот наводно содржел зголемување на платата за 20%.[8]

Приштина и Работнички

уреди

Во септември 2022 година, Белица станал играч на Приштина.[9]

Во јули 2023 година, Егзон по втор пат станал играч на Работнички.[10][11]

Наводи

уреди
  1. Егзон Белица на soccerway
  2. Sotir Kora (6 јануари 2018). „Partizani në stërvitje/ pritet Egzon Belica, dy lojtarë nga Kosova në provë“ [Партизани на тренинг/ се очекува Егзон Белица, двајца играчи од Косово на проба] (албански). SuperSport Albania. Посетено на 9 ноември 2023.
  3. Alfred Lleshi (23 јануари 2018). „Belica "kalon klasën", firmos me Partizanin për 1 vit e gjysmë“ [Белица го „помина класот“, потпишува година и пол со Партизани] (албански). Telesport.al. Посетено на 9 ноември 2023.
  4. Julian Hoxhaj (26 јануари 2018). „Penallti në shtesë, Flamurtari mposht Partizanin“ [Пенал во судиското надополнување, Фљамуртари го совлада Партизани] (албански). Telesport.al. Посетено на 9 ноември 2023.
  5. „Hakmarrje e vonuar, Partizani goleadë Lushnjes“ [Одложена одмазда, гол-фест на Партизани до Лушња] (албански). Top-Channel.tv. 28 февруари 2018. Посетено на 9 ноември 2023.
  6. „Ka paqartësi, por ja pse Partizani është në Europë“ [Има неизвесности, но еве зошто Партизани е во Европа] (албански). Panorama.com.al. 25 мај 2018. Посетено на 9 ноември 2023.
  7. „Fitore pa vlerë, Flamurtari eliminon Partizanin nga Kupa e Shqipërisë (VIDEO)“ [Безвредна победа, Фљамуртари го елиминира Партизани од Купот на Албанија (ВИДЕО)] (албански). Sport.albeu.com. 14 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-06. Посетено на 9 ноември 2023.
  8. „Nis puna për rinovimet, Belica firmos i pari te Partizani“ [Започнува работата за подновувања, Белица потпишува прв во Партизани] (албански). Panorama Sport. 31 мај 2018. Посетено на 9 ноември 2023.
  9. „Егзон Белица и официјално во Приштина!“. sportsport.mk. 9 септември 2022. Посетено на 9 ноември 2023.[мртва врска]
  10. „Работнички го врати искусниот Егзон Белица во своите редови“. ekipa.mk. 12 јули 2023. Архивирано од изворникот 2023-07-14. Посетено на 9 ноември 2023.
  11. Зоран Мишевски (13 јули 2023). „Егзон Белица по дванаесет години се врати во Работнички“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-14. Посетено на 9 ноември 2023.

Надворешни врски

уреди