Куп на Македонија ― фудбалски турнир организиран од ФФМ. За првпат турнирот бил одржан во 1992 година. Победникот во купот добива право да се натпреварува во првото квалификациско коло на Конференциската лига.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после завршен четврфиналниот дел на Купот) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[1] На 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине Купот.[2][3]
1. б : Македонија Ѓорче Петров и Македонија Ѓорче Петров 1932 правно не се истиот клуб. Македонија Ѓорче Петров 1932 е клуб создаден во 1982 година под името Треска, име кое било сменето во средината на сезоната 2011/2012.