Список на споменици на природата на Македонија
природно место во Македонија прогласено за споменик поради неговата исклучителна важност
(Пренасочено од Список на споменици на природата во Македонија)
Ова e список на спомениците на природата на Македонија. Некои од нив се прогласени со посебен закон донесен во Собранието на РМ, а некои со одлуки на општините. Според Законот за заштита на природата, овие заштитени подрачја припаѓаат на категоријата III на МСЗП.[1]
Список на споменици на природата
уредиИме на споменикот | Површина (хектари)[2] |
Прогласен[2] | Место и општина | Координати | Опис |
---|---|---|---|---|---|
Бањичко Кале | 200 | 1983 | Бањица, Чашка | 41°41′41″N 21°37′41″E / 41.6947° СГШ; 21.6280° ИГД | Наоѓалиштето се наоѓа околу 3 км западно над селото. Во варовнички плочи била најдена богата морска фауна составена од школки, амонити и полжави. Профилот е особенит за базалтниот дел на горна креда и по богатството на фосилните асоцијации спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта. |
Белешничка Река | 3,906 | 2001 | Белица, Македонски Брод | 41°41′16″N 21°18′39″E / 41.6878° СГШ; 21.3107° ИГД | Извориштето и се наоѓа на западните падини на Јакупица, на селото, на надморска височина од 570 м. Иако оваа река има кус водотек од 5,2 км, таа има многу интересен пејсаж, особено во нејзиниот горен тек. Во сливот на реката има поголем број на спелеолошки предмети кои се истакнуваат по богатството со украси. |
Вевчански Извори | 1,370[3] | 1999 20.03.2012[3] |
Вевчани, Вевчани | 41°14′27″N 20°33′44″E / 41.2408° СГШ; 20.5622° ИГД | |
Див Прнар на Висока Чука | — | 1977 | Петрово и Габрово, Гевгелија | 41°16′26″N 22°19′26″E / 41.2738° СГШ; 22.3238° ИГД | Дивиот прнар или бодилката (Ilex aquifolium) се наоѓа на точката Висока Чука на шумското стопанство Кожуф - Гевгелија. |
Гладница | 52 | 1988 | Гевгелија | Оваа елова состоина се наоѓа во шумско стопанската единица Долница II која е сопственост на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, во изворишниот дел на реката Дешница. Состоината е една од најзачуваните во шумскиот слив од источниот дел на Кожуф и се наоѓа на надмоска височина од 1560 до 1700 м. Тука се наоѓа асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale. | |
Новоконска шума од гол човек | 5 | 1987[4] | Ново Конско, Гевгелија | 41°10′00″N 22°25′00″E / 41.1666° СГШ; 22.4166° ИГД | Наоѓалиштето на видот гол човек (Arbutus andrachne) се наоѓа 2,5 км западно од селото Ново Конско, од десната страна на Конска Река. Особенита е асоцијацијата Phillyreo - Carpinetum arientalis. Во Македонија, Arbutus-от се наоѓа оддалечен од својот главен ареал по засолети и реликтни страништа и тоа само во кањонскиот дел на Црна Река и по долината на Конска Река. |
Горна Слатинска Пештера | 2 | 1953[5] | Слатина, Македонски Брод | 41°35′00″N 21°29′00″E / 41.5833° СГШ; 21.4833° ИГД | |
Градешка Река | ? | 1996[4] | Зовиќ, Новаци | 41°06′32″N 21°43′51″E / 41.1088° СГШ; 21.7309° ИГД | |
Демиркаписка Клисура | 334 | 1960[5] | Демир Капија | 41°24′07″N 22°15′41″E / 41.4019° СГШ; 22.2615° ИГД | |
Дојранско Езеро | 2,720[6] | 1977 12.04.2011[6] |
Дојран | 41°12′42″N 22°44′49″E / 41.2116° СГШ; 22.7469° ИГД | |
Дојрански платани | ? | 1970[5] | Нов Дојран и Стар Дојран, Дојран | Чинарските стебла (Platanus orientalis) се наоѓаат покрај бреговата линија на Дојранското Езеро на потегот од пред влезот на Нов Дојран до Стар Дојран. | |
Дреновска Клисура | 241 | 1991, 2017 | Дреново и Раец, Росоман | 41°26′12″N 21°52′10″E / 41.4366° СГШ; 21.8694° ИГД | Наоѓалиштето се наоѓа во самата Дреновска (Дреначка) Клисура, на патниот правец Кавадарци-Прилеп. Границите на наоѓалиштето се природно определени, а порано зафаќала површина од 260 хектари. Тука е присутен сојузот Phragmition. Застапени видови: Moli nia coerulea Vor., Erianthus hostii, Adiantum copillus veneris, Pyracantha coccinea, Carex cuspidata. |
Дувало | — | 1979 | Косел, Охрид | 41°10′09″N 20°50′14″E / 41.1693° СГШ; 20.8371° ИГД | |
Зрзе | 135 | 1996 | Зрзе, Долнени | 41°30′45″N 21°20′00″E / 41.5126° СГШ; 21.3334° ИГД | |
Прељубишка јасика | ? | 1967 | Прељубиште, Јегуновце | Јасиковото стебло (Populus tremula) се наоѓа во непосредната близина до селото. Тоа е едно од најзачуваните и најзабележителните стебла од овој вид во Македонија. Височината на стеблото е преку 24 м, обемот е преку 8,60 м, а проекцијата на крошната е преку 18 м. | |
Калница | 0.67 | 1960[5] | Ваташа, Кавадарци | 41°25′21″N 22°01′37″E / 41.4226° СГШ; 22.0270° ИГД | Палеонтолошко наоѓалиште со множество на фосилни коски од ’рбетници главно од пикермиска фауна. |
Камени Кукли | 55 | 01.08.2008[7] | Куклица, Кратово | 42°06′19″N 22°03′18″E / 42.1052° СГШ; 22.0551° ИГД | |
Каласлари | 153 | 29.04.1983 | Горно и Долно Каласлари, Велес | 41°41′48″N 21°49′08″E / 41.6968° СГШ; 21.8189° ИГД | Фосилното наоѓалиште било откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес-Гевгелија. По множеството на пронајдените фосилизирани цицачи (коњи, жирафи, газели, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите наоѓалишта кои досега биле откриени во светот. |
Калиштански платани | ? | 1961[5] | Калишта, Струга | Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа во дворното место на Калишкиот манастир на брегот на Охридското Езеро во Калишта. | |
Карши Бавчи | 15 | 1967 | Кратово, Кратово | 42°04′34″N 22°10′43″E / 42.0760° СГШ; 22.1785° ИГД | Се наоѓа на падините на возвишението Баба кај градот. Претставува формација на вулкански карпи. Во непосредна близина се и кратовските борови кои исто така се споменик на природата. |
Катлановски Предел | 5,442[5] | 1991[5][8] | Петровец | 41°52′05″N 21°42′32″E / 41.8681° СГШ; 21.7088° ИГД | Се наоѓа на местото каде што реката Пчиња во всекла своето корито во Катлановскиот Рид и изградила куса клисура. На овој простор е присутна специфична појава на отворена пукнатина од неотектонско потекло, низ која повремено се дистрибуираат термоминерални води, од кои биле наталожени впечатливи драперасти наслаги на бигор. Должината на пукнатината изнесува 350 м, а ширина на отворот е до 30 см. Тука се среќава асоцијацијата Erythronio - Carpinetum orientalis. На левата страна на Приња непосредно крај одморалиштето на пензионерите, на падината околу 50 м над домот се среќава флората: Erythronium dens canis, Galanthus graecus, Scilla bifolia, Fritillaria graeca var. gussichiae, Anemone ranunculoides и други. |
Кожле | 85 | 27.01.1985 | Кожле, Петровец | Се наоѓа во Бадерската Клисура на Пчиња, југоисточно од селото Кожле. На овој простор во месноста Прнар и Корија постои своевидна мешана флористичка состоина од питома и дива фоја (Juniperus foetidissima и Juniperus excelsa). Пределот претставува северозападна ареална граница во Македонија. | |
Колешински Водопади | 254 | 1985 | Колешино, Ново Село | 41°21′06″N 22°48′00″E / 41.3516° СГШ; 22.8001° ИГД | |
Колешински платан | 1986[5] | Колешино, Ново Село | 41°21′06″N 22°48′00″E / 41.3516° СГШ; 22.8001° ИГД | Две чинарски стебла (Platanus orientalis) кои се наоѓаат на мегданот во селото, чии висини изнесуваат преку 20-22 м. | |
Конопиште | 69 | 1986 | Конопиште, Кавадарци | 41°14′12″N 22°05′01″E / 41.2366° СГШ; 22.0835° ИГД | Се наоѓа на 1,5 км јужно од селото и претставува геоморфолошки предмет - природна појава на земјени столбови (земјени пирамиди), кои претставуваат исклучително интересни и многу ретки облици на интензивна ерозија на земјиштето. Предметот се наоѓа во една куса суводолница на десната долинска страна од реката Бошава, на надморска височина од 740 м. |
Конче | 66 | 1986 | Конче, Конче | Група од десет стебла од орев (Juglans regia), четири стебла од липа (Tilia grandifolia Ehrh.) и едно стебло од чинар (Platanus orientalis). Оваа група на стебла се наоѓа во дворното место на црквата „Св. Илија“ во селото. | |
Горнобелички костен | — | 1996 | Горна Белица, Струга | Костеновото стебло (Castanea sativa) се наоѓа во атарот на селото и е едно од најзачуваните стебла од овој вид до Македонија. Висината на стеблото е преку 20 м, обемот му е преку 6,30 м, а проекцијата на крошната е преку 23 м. | |
Кратовски борови | 1967 | Кратово, Кратово | Боровите стебла (Pinus sylvestris) се наоѓаат во местото викано Карши Бавчи во самиот град. Висината на стеблата е преку 18 м, а обемот на стеблата е преку 2,40 м, односно преку 2,80 м. | ||
Локви - Големо Коњари | 15[9] | 14.09.2010[9] | Големо Коњари, Прилеп | Наоѓалиштето се наоѓа во Горна Пелагонија. Тоа се неколку дождовни локви расфрлени на необработена засолена почва која е користена како пасиште, наспроти селото Големо Коњари покрај патот Прилеп-Крушево. Досега ова е единствено наоѓалиште за ендемичниот вид вилинско радче (Chirocephalus pelagonicus). Типичниот биотоп на видот се неколкуте алкални темпорални локви со висока содржина на растворени соли. Од биогеографски аспект, видот припаѓа кон средоземниот комплекс на арбореални елементи, во епирската група на видови кои потекнуваат од терциерното рефугијано средиште на југозападен Балкан. Според Европскиот црвен список на без’рбетни претставници за слатководни екосистеми, видот Chirocephalus pelagonicus е сместен во категоријата загрозен (EN) B2c. Во рамките на заштитеното подрачје се среќаваат и други ретки видови: Imnadia yeyetta - критично загрозен (CR), Tanymastix motasi - загрозен (ED) и други. | |
Македонски даб во Трпејца | ? | 1967[5] | Трпејца, Охрид | Дабовото стебло (Quercus Macedonica) се наоѓата во селото и истото е најголемото стебло од овој вид во Македонија. Височината му изнесува преку 18 м, а обемот на стеблото е преку 4,60 м. | |
Манастир | 35 | 1961 | Манастир, Прилеп | 41°10′59″N 21°43′31″E / 41.1831° СГШ; 21.7252° ИГД | Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Пули во близина на мариовското село. Претставува значајно наоѓалиште со фосилни остатоци од ’рбетници и макрофлора (Castana ataria, Querqus pseudocactanea Fagus, Populus (јасика), Acer (јавор) и други), кои се наоѓаат во вулканогено-седименталната низа со слојот на дијатомејска земја. |
Маркови Кули | 3,647 | 10.04.2006[10] | Прилеп, Прилеп | 41°24′36″N 21°33′30″E / 41.4101° СГШ; 21.5584° ИГД | |
Мајден | — | 2003 | Мајден, Кавадарци | 41°09′29″N 21°56′43″E / 41.1581° СГШ; 21.9452° ИГД | |
Матка | 6,575 | 1944, 1994 | Матка, Сарај, Сопиште, Желино | 41°55′12″N 21°14′28″E / 41.9200° СГШ; 21.2410° ИГД | |
Мачевска црна топола | — | 1983 | Мачево, Берово | Црна топола (Populus nigra) која се наоѓа на 1 км источно од селото, од десната страна на реката Брегалница. Оваа топола е најголемото стебло од овој во источниот дел од Републиката. Височината на стеблото е преку 26 м, а обемот е преку 8,30 м. | |
Млечник | 21 | 1964[5] | Ташмаруништа, Струга | 41°16′48″N 20°39′01″E / 41.2800° СГШ; 20.6502° ИГД | Се наоѓа на планината Караорман, на падините ориентирани кон Струшката Котлина, на надморска височина од 980 м. Поточна таа лежи под стрмнините на гребенот Млечник. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Пештерата има спелеолошко знаење. |
Мокрински платани | 2 | 1988 | Мокрино, Ново Село | Состоината од чинар (Platanus orientalis), во која има поединечна примеси од костен (Castanea sativa), габер (Carpinus betulus) и евла (Alnus glutinosa) се наоѓаат во атарот на Мокрино и се распоредени во круг. Димензиите на сите стебла се прилично изедначени со висина од преку 18 до 22 метри, и пречник од преку 50 до 60 см. | |
Моноспитовско Блато | 851 | 1987 | Моноспитово и Банско, Струмица | 41°23′39″N 22°46′21″E / 41.3941° СГШ; 22.7725° ИГД | Блато кое се наоѓа во подножјето на Беласица во Струмичкото Поле со надморска височина од 240 м. Во самото Блато растат Glyceria fluitans, Sparganium neglectum, Scirpus maritimus, Typha angustifolia, а по работ на Блатото каде што осцилира нивото на водата, се среќава шумска растителност со Alnus glutinossa, Periploca graeca, Acer tataricum, потоа Osmunda regalis, Pteridium aquilinum, Nephrodium thelipteris. Тука се среќава асоцијацијата Periploco - Alnetum glutinosae. Овде се мешаат средоземните со евроазиските видови кои секако се остатови од глацијалниот период во нашите краишта. |
Мурите | 62 | 1987 | кај Бреза, Берово | 41°41′30″N 22°58′37″E / 41.6916° СГШ; 22.9769° ИГД | Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Мурите на Малешевските Планини, на надморска височина од 1200-1400 м. Местото претставува мешана состоина од обична ела (Abies alba), балканска бука (Fagus moesiaca), бел бор (Pinus sylvestris) и европска смрека (Picea excelsa). Главен момент за прогласување на местото е што на релативно мал простор се среќаваат четири вида на дрвни видови и што смреката овде ја достигнуца најјужната и најисточната граница на нејзиниот ареал. Оваа состоина се наоѓа 16 к североисточно од Берово (оддел 10, потоддели б и в од шумско-стопанската единица Малешевски Планини II). Главен вид е елата бидејќи таа тука го достигнува најисточниот ареал во Републиката, додека пак смреката покрај најисточниот, го зазема и најјужниот ареал. |
Смоларски платан | ? | Смолари, Ново Село | Чинарски стебла (Platanus orientalis) со висина преку 21 м. | ||
Орашац[11] | 3 | 1967 | Орашац, Куманово | Наоѓалиштето се наоѓа на ридот, околу 500 м западно од селото, во седименти на горно јурски фли (титонски кат) биле откриени претставници на морска фауна - амонити, белемнити и школки, во литолошка средина од плочести песочници и варовници. Овој геотоп е особен дел од средоземната морска провинција од горна јура на територијата на Република Македонија, значаен за реконструкцијата на палео еколошкиште услови во геосинкалниот развој од тој период. | |
Орашачки даб | 1967[11][12] | Орашац, Куманово | Дабовото стебло (Quercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) се наоѓа во близина на црквата „Св. Илија“, во атарот на селото. Стеблото е високо преку 20 м, со преку обем од 6 м, и распод на гранки од преку 20 м. | ||
Орлово Брдо | 2,241 | 01.04.2003 | Црвени Брегови и Шеоба, Неготино | 41°34′12″N 22°07′53″E / 41.5700° СГШ; 22.1313° ИГД | |
Острово | 29 | 1976 | Горно Лисиче, Општина Аеродром[13][14] (во непосредна близина на Трубарево) | По осушувањето на Катлановското Блато во 1965 година, со мелиотаривните зафати во Скопската Котлина, како единствено одморалиште на птици преселници останала месноста Острово североисточно од Горно Лисиче и југозападно Трубарево. Тука се задржуваат поголем број од птиците пејачки кои се среќаваат во околината на Скопје. | |
Охридски алепски борови | — | Охрид, Охрид | |||
Охридски чемпреси | — | Охрид, Охрид | |||
Охридски чемпреси во црквата „Св. Климент“ | — | Охрид, Охрид | |||
Охридско Езеро | 24,700 | 1977 | Охридско и Струшко | 41°02′14″N 20°43′08″E / 41.0372° СГШ; 20.7188° ИГД | |
Превалец | 14 | 1960 | Превалец, Велес | 41°42′18″N 21°45′09″E / 41.7049° СГШ; 21.7524° ИГД | Значењето на местото е во тоа што претставува прво откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи - пикермиска фауна во Македонија. Наоѓалиштето случајно било откриено од германскиот истражувач Југман во 1917 година за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска, а утврдени се многубројни родови и видои на фосилизирани цицачи и тоа: мајмуни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони, носорози, свињи, хиени и други животни. Помеѓу останатите видови, пронајдени биле и: Mesopithecus pentelici, Hipparion graciee, Traqoceras amaltheus и други. |
Прељубишки тополи | ? | Прељубиште, Јегуновце | |||
Преспанско Езеро | 17,788.61[15] | 1977 12.04.2011[15] |
Ресен | 40°53′07″N 21°00′32″E / 40.8852° СГШ; 21.0088° ИГД | |
Речица | — | 1986[5] | Голема Речица, Тетово | 41°59′24″N 20°56′39″E / 41.9900° СГШ; 20.9443° ИГД | Шестаесте стебла од липа (Tilia sp.). Истите се високи преку 18 до 28 м, со пречник од преку 40 до 76 см. |
Ручица | 1785 | 1969 | Јакупица, Студеничани[16] | Поранешен посебен резерват со борова шума од кривул (Pinus mugo) на планината Јакупица.[17] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1969 година.[18] Се наоѓа северно од Солунска Глава кај месноста Ручица на надморска височина од 1500-2000 м. Подрачјето е заштитено поради што има единствена компактна зачувана состоина од борот кривул во Македонија, а истовремено тоа е најјужното наоѓалиште на ареалот на распростанување на Балканскиот Полуостров. | |
Скопска тврдина | 1.34 (вкупно) 0.67 (Кале-Скопска тврдина) 0.67 (Скопска тврдина) |
1987 | Центар (Скопје) | 42°00′09″N 21°26′00″E / 42.0025° СГШ; 21.4334° ИГД | Наоѓалиштето именувано Кале-Скопска тврдина се наоѓа на старите отсеци на југозападниот дел на тврдината. Се состои од плиоценски седименти во кои се наоѓаат бројни мошне добро зачувани остатоци од флора, но исто така и на слатководна езерска фауна. Наоѓалиштето наречено Скопска тврдина се наоѓа на западната страна од тврдината и се состои од палеонтолошко наоѓалиште на зачувана без’рбетна ’рбетна фосилна фауна со посебни геолошко-палеонтолошки особености. |
Слатински Извор | 414 | 22.02.2011[19] | Македонски Брод | 41°35′42″N 21°11′23″E / 41.5949° СГШ; 21.1897° ИГД | |
Смоларски Водопад | 695 | 16.03.2006[20] | Смолари, Ново Село | 41°21′24″N 22°53′40″E / 41.3568° СГШ; 22.8945° ИГД | |
Струмички платани и брестови | ? | 1986 | Струмица, Струмица | ||
Теовски платани | ? | 05.07.1983 | Теово, Велес | ||
Тетовски црн бор | ? | 1967 | Тетово, Тетово | ||
Тетовски чинари | ? | 1967 | Тетово, Тетово | Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа во непосредна близина на Арабати баба-теќе. Висината на стеблото е 16,5 м, додека обемот му е 5,40 м. | |
Трубаревски дендропарк (Арборетум) | 3,3 | 1965,[21] 1976 | Трубарево, Гази Баба | 41°58′48″N 21°30′45″E / 41.9801° СГШ; 21.5126° ИГД | Арборетумот бил создаден од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во 1953 година, на површина од 3,3 хектари. Застапени се околу 600 видови дрвја и грмушки кои потекнуваат од сите континенти, пред сѐ од Европа, Азија и Северна Америка. Објектот служи за разновидни биоеколошки набљудувања и има значење како дендролошки инвентар, а има и општообразовно значење. |
Убавица (Ѓоновица) | 121 | 1968[5] | Горна Ѓоновица, Гостивар | 41°42′08″N 20°55′07″E / 41.7023° СГШ; 20.9187° ИГД | Се наоѓа на планината Буковиќ покрај стариот пат Гостивар-Кичево. Располага со изворедно множество на пештерски накит обоен со најразлични бои, што е реткост при создавањето на подземните карстни облици. Низ пештерата тече подземен водотек кој понира во еден нејзините ходници и се појавува надвор од неа како силен карстен вруток. Во неа има водопад висок 5-6 м. Во пештерата е регистрирана рецентна пештерска фауна на ендемскиот претставник на родот Ceutnophies bukoviki. |
Демиркаписки црни ореви | ? | 1963[5] | Демир Капија, Демир Капија | Групата на четири стебла црни ореви (Juglans nigra) кои претставуваат ретки примероци од овој вид со така огромни димензии и старост, кои се одржале во потполно градска средина. Стеблата се високи околу преку 20 м, со обем од преку 3,60 до 5,80 м. |
Список на поранешни споменици на природата
уредиИме на споменик на култура | Површина (км2) |
Прогласен | Место и општина | Координати | Опис |
---|---|---|---|---|---|
Белски Даб | ― | 1983[22] | Бели, Кочани | 41°56′14″N 22°22′21.3″E / 41.93722° СГШ; 22.372583° ИГД | Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[23] |
Охридски чинар | ― | 1967[5] | Охрид, Охрид | 41°6′57.6″N 20°48′0.72″E / 41.116000° СГШ; 20.8002000° ИГД | Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“. Високо е преку 24 м, обемот е преку 6,20 м, а проекцијата на крошната е преку 20 м. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[24] |
Црна дудинка во Лесновски манастир | ― | 1962[5] | Лесново, Злетово | 42°00′48.1″N 22°13′41.7″E / 42.013361° СГШ; 22.228250° ИГД | Стеблото од црна дудинка (Morus nigra) се наоѓа во дворното место на Лесновскиот манастир. Сметано е за најстаро стебло од дудинка во Македонија. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[25] |
Ѕвегор | 7,5[21] | 21.02.1986[26] | Ѕвегор, Делчево | 41°58′20.5″N 22°48′45.8″E / 41.972361° СГШ; 22.812722° ИГД | Се наоѓа кај месноста Илин Камен. Претставува особенит геолошки профил каде се регистрира навлекување на тријаски варовници преку седименти на палеогенот - флиш и присуство на млади вулкански пробои. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[27] |
Мородвишки платани | 0,5 | 28.06.1984[26] | Мородвис, Зрновци | Група чинарски стебла (9), што се наоѓаат во средиштето на Мородвис. Оваа група на стебла е од најзачуваните од овој вид во источниот дел на Републиката. Прогласен е како природна реткост на 17 март 2016 година.[28] | |
Охридски платани[29] | ― | 1967 | Охрид, Охрид | Расформиран е. Поединечните чинари се прогласени како природна реткост во 2021 година.[30][31][32] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Закон за заштита на природата (член 66)“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јули 2019. Посетено на 28 март 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „2018 United Nations List of Protected Areas of Macedonia, The former Yugoslav Republic of“. protectedplanet.net. јули 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на „Вевчански Извори" за споменик на природа и Закон за прогласување на „Вевчански Извори" за споменик на природа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (39): 2–4. 22 март 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 март 2022. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ 4,0 4,1 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. Посетено на 13 јуни 2019.
- ↑ 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 21.
- ↑ 6,0 6,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата и Закон за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (51): 56–57. 13 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Куклица" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Куклица" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (103): 88–90. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022. Text "date19 август 2008 " ignored (help)
- ↑ „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 8 април 2022.
- ↑ 9,0 9,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (124): 52–53. 20 септември 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 декември 2021. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Маркови Кули" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Маркови Кули" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (49): 8–9. 14 април 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 февруари 2012. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ 11,0 11,1 ЕкоМозаик (јуни 2021). „Извештај за стратегиска оцена на Државна урбанистичко - планска документација за брана и акумулација „Слупчанска Река"“ (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 33. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-01-09. Посетено на 11 април 2022.
- ↑ Глобал Проект Консалтинг (март 2016). „Регистар на потенцијали за развој на рурален туризам во Североистичниот плански регион“ (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 25. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-11. Посетено на 11 април 2022.
- ↑ „Графички регистар на улици и куќни броеви“. Катастар на Македонија. Архивирано од изворникот на 2022-06-26. Посетено на 3 август 2024.
- ↑ „OSSP (пребарување по имотен лист/парцела)“. Катастар на Македонија. Посетено на 3 август 2024.
- ↑ 15,0 15,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата и Закон за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (51): 53–54. 13 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 29 април 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 29 април 2022.
- ↑ „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 21 април 2022.
- ↑ „Указ за прогласување на Законот за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата и Закон за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (23): 33–34. 24 февруари 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јануари 2020. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Смоларски Водопади" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Смоларски Водопади" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (35): 48–50. 23 март 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 февруари 2022. Посетено на 17 март 2022.
- ↑ 21,0 21,1 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 20.
- ↑ „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Даб благун - с. Бели за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2–5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Охрид за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Црна Дудинка - Лесново за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ 26,0 26,1 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Карактеристичен геолошки профил - Звегор за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 6–9. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Платанови стебла (Platanus orientalis)-Мородвис за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (65): 64–65. 5 април 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар-Пензионерско за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 19–21. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Воска за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 21–22. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.
- ↑ „Седумте чинари прогласени за природна реткост“. Општина Охрид. 30 септември 2021. Архивирано од изворникот на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.