Малешевски Планини

(Пренасочено од Малешевските Планини)

Малешевски Планини — средновисок планински венец во источниот дел на Република Македонија и Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Припаѓаат на грaмадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км, а површина на планината е 315 км2. Билата се заоблени, без јасна определеност и издаденост на сртот, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), кој што ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија. Брегалница и Ратевска Река длабоко се всечени во старите палеозојски карпи — некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума.[1]

Малешевски Планини
Највисока точка
Надм. вис.1.801 м
Матичен врвЏами Тепе / Иљов Врв
Координати41°40′00″N 23°00′00″E / 41.66667° СГШ; 23.00000° ИГД / 41.66667; 23.00000
Величина
Површина68,6 км2
Географија
Малешевски Пл. is located in Македонија
Малешевски Пл.
Малешевски
Пл.
Местоположба на Малешевските Планини во Македонија
Малешевски Планини на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија,  Бугарија
ОбластМалешевија (Источна Македонија) и Кресненско (Пиринска Македонија)

Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени наноси. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворишниот дел на реката Брегалница, каде се наоѓаат и неколку водопади, кои поради својата убавина се туристичка атракција.

Во орографските записи на книгата Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, вбројувајќи ги во источниот планински систем дава опис на Малешевските Планини преку кои Плачковица, или подобро речено Огражден е соединета со Осогово преку една напречна и соединувачка линија долга околу 14 часа, спружена по вододелницата на реката Струма на право и Вардар преку неговата лева притока Брегалница[2]. Некаде снижена, некаде издигната, таа линија ги заградува цело Малешевско и Пијанечко и се протега паралелно на р. Струма крај самата неа. Целата линија се именува Малешевски Планини,а од нејзините месни имиња како што одиме од југ кон север, се нарекуваат Беровска Планина[2]. Следуваат Чија и Кита помеѓу селата Ратево и Лаки. Дотука планината иако се снижува како што се протега кон североисток сѐ уште ги зачувува истиот карактер и височина со североисточниот крај на Огражден, од каде што таа започнува[2]. По на североисток од тука, веригата е значително поснижена, пораскината и посоголена[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 129. ISBN 978-608-245-113-8.

Надворешни врски

уреди