Орашачки даб

споменик на природата во Македонија

Орашачки дабдаб од видот на благуни (научQuercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) којшто се наоѓа во дворот на црквата „Св. Илија“ во кумановското село Орашац.

Орашачки даб
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Поглед на дабот од дворот на црквата „Св. Илија“
МестоОрашац, Општина Куманово
Најблизок градКуманово
Координати42°04′33.5″N 21°48′18.2″E / 42.075972° СГШ; 21.805056° ИГД / 42.075972; 21.805056
Ознакаспоменик на природата
Прогласено1967 (1967)[1][2]
Карта

Со закон е заштитен како споменик на природата од 1967 година.[1][2]

Местоположба

уреди

Дабот се наоѓа надвор од селото Орашац, но во неговиот атар. Тој е веднаш во непосредна близина на селската црква „Св. Илија“ и до него се стигнува преку земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, така што наместо десно по асфалтниот пат за селото Орашац, ќе се исклучите лево.

Природни особености и околина

уреди

Стеблото е високо преку 20 метри, со преку обем од 6 метри, и распон на гранки од преку 20 метри.

Подрачјето каде се наоѓа овој даб, заедно со други дабови, се наоѓа на надморска височина од 325 метри, на површина од 0,1 километар квадратен и е заштитено уште од 1967 година. Припаѓа на континенталниот биогеографски регион. Дабовото стебло се одликува со значајни хабитатни карактеристики и добра физиолошка состојба.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 ЕкоМозаик (јуни 2021). „Извештај за стратегиска оцена на Државна урбанистичко - планска документација за брана и акумулација „Слупчанска Река" (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 33. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-01-09. Посетено на 11 април 2022.
  2. 2,0 2,1 Глобал Проект Консалтинг (март 2016). „Регистар на потенцијали за развој на рурален туризам во Североистичниот плански регион“ (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 25. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-11. Посетено на 11 април 2022.
  3. „Службен гласник на Општина Куманово, бр. 9, 2022“ (PDF). Општина Куманово. Посетено на 6 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди