Горна Слатинска Пештера
Горна Слатинска Пештера — пештера сместена во непосредна близина на поречкото село Слатина.
Горна Слатинска | |
---|---|
Југоисточниот отвор на пештерата | |
Место | Слатина, Поречко, Македонија |
Должина | 326 м |
Надм. височина | 620 м |
Влезови | 2 |
Одлики
уредиТаа се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба (751 м) на падините на планината Песјак. Влезот на пештерата е на 620 м н.в. и е со југозападна експозиција. Таа има два отвори, односно влезови или влез и излез, при што целата е поврзана и претставува своевиден тунел-канал. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост. Првични податоци за оваа пештера дава Јовановиќ во 1928 година. Тој ја именува како I Слатинска Пештера[1], додека месното население ја нарекува Горна Слатинска. Низ целата должина на пештерата има видови кои се карактеристични за надворешниот простор. Такви се некои полжави од семејството Zonitidae, мокрици (Isopoda) и различни видови диптери (комарци од семејствата Culicidae и Limoniidae). Од поважните видови кои се поврзани со пештерата се регистрирани некои стоногалки (Lithobius sp.) и два вида лилјаци (Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp.). Најден е само еден примерок од скакулецот (Troglophilus sp.) кој го има и во Девината Пештера.[2]
Галерија
уреди-
Југоисточниот отвор на пештерата
-
Југоисточниот отвор на пештерата
-
Северозападниот отвор на пештерата
-
Поглед на северозападниот отвор од внатрешната страна
-
Влез во еверозападниот отвор на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Пештерски облици и украси во внатрешноста
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Лилјак во внатрешноста на пештерата
-
Лилјак во внатрешноста на пештерата
-
Посетители во внатрешноста на пештерата
-
Посетители во внатрешноста на пештерата
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Горна Слатинска Архивирано на 22 јуни 2013 г. на страната на ursusspeleos
Оваа статија пештера во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |