Кучиња
Кучиња[1] Период: Доцен еоцен - денес | |
---|---|
Различни видови: поларна лисица (горе лево), црвена лисица (горе десно), сив волк (долу лево) и којот (долу десно). | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Подред: | Caniformia |
Семејство: | Canidae G. Fischer de Waldheim, 1817 |
Кучињата (науч. Canidae) — семејство на кучевидни ѕверови. Во семејството припаѓаат лисиците, разни видови познати под името шакал, којоти, волци, но и домашните кучиња. Денес се распространети на сите континенти, но првично ги немало во Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја, Мадагаскар и Антарктик. Меѓутоа, денес тие се речиси насекаде припитомени со помош на човекот.
Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.
Физички опис
уредиГрадбата на телото на кучињата на прв поглед не се разликува многу од тоа на мачките. Сите кучиња се со помал раст од оној на големите мачки. Телото им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. На задните нозе кучињата поседуваат по четири целосно развиени прсти како и четири (кај родот Lycaon), односно пет (кај родовите Canis, Cyon, Icticyon, Otocyon) прсти на предните шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.
Имаат 42 заба, при што секогаш по четири предкатници од двете страни на горната и на долната вилица. Според тоа, забната формула е следна:
3.1.4.2 |
3.1.4.3 |
Формулата на првите "млечни" заби е: 3 1 3. Кога се млади, членовите на ова семејство немаат катници, додека како возрасни имаат по два на горната и три на долната вилица од секоја страна.[2]
Поседуваат крупни очи, а ушите им се зашилени и поголеми од мачкините. Женките имаат бројни млечни жлезди на градите и стомакот. Поплодни се од мачките и најчесто имаат четири до девет младенчиња, иако се познати и случаи со 18 и 23 младенчиња при едно парење.
Филогенетска поврзаност
уредиКај кучињата (Canidae), резултатите на алозимските и хромозомските анализи сугерираат повеќе филогенетички поделби:
- Волци (Canis, Cuon и Lycaon) вклучително кучето (Canis lupus familiaris), сивиот волк (Canis lupus), црвениот волк (Canis rufus), источниот волк (Canis lycaon), којотот (Canis latrans), златниот шакал (Canis aureus), етиопскиот волк (Canis simensis), црногрбестиот шакал (Canis mesomelas), пругастиот шакал (Canis adustus), азискиот див пес (Cuon alpinus), и африканското диво куче (Lycaon pictus).[3]
- Лисици (Vulpes), каде се вклучени џуџестата лисица (Vulpes velox), црвената лисица (Vulpes vulpes), ’ртската лисица (Vulpes chama), поларната лисица (Vulpes lagopus), и пустинската лисица (Vulpes zerda).
- Јужноамерикански кучиња, грмушарското куче (Speothos venaticus), бразилската сребрена лисица (Lycalopex uetulus), ракојадната лисица (Cerdocyon thous) и гривестиот волк.
- Разни монотипни видови, вклучително долгоушестата лисица (Otocyon megalotis), сивата лисица (Urocyon cinereoargenteus), и ракунскиот пес (Nyctereutes procyonoides).[3]
ДНК анализите покажуваат дека првите три форми формираат монофилетички клади. Волците и јужноамериканските кучиња заедно го формираат племето Canini.[4] Молекуларните податоци укажуваат на североамериканското потекло на Canidae пред околу десет милиони години и африканско потекло на волците (Canis, Cuon и Lycaon), каде шакалите се најосновни во групата. Сивата лисица и исландската лисицата се основа за другите клади; меѓутоа, оваа типолошка разлика не е силно поддржана.[5]
Долниот кладограм се заснова на Линдблад-Тох филогенијата (2005),[5] преиначена за да ги вклучи последните откритија за видовите кучиња (Canis)[6] и лисици (Vulpes)[7]
Canidae |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Систематизација
уредиРод Dusicyon
|
Род Pseudalopex
|
Род Atelocynus
|
Род Canis
|
Род Cerdocyon
|
Род Speothos
|
Род Chrysocyon
|
Род Nyctereutes
|
Род Cuon
|
Род Lycaon
|
Род Alopex
|
Род Vulpes
|
Род Urocyon
|
Род Otocyon
|
Однесување
уредиТешко е да се донесе заеднички заклучок за однесувањето на сите видови во ова семејство, бидејќи тие премногу се разликуваат меѓусебе. На пример, сите видови од ова семејство се по дефиниција месојади и затоа сите имаат нагон за лов и убивање, но тој значително се разликува меѓу волците и домашните кучиња.[8]
Разликите во однесувањето кај, на пример, волците и лисиците се изразени уште кај младенчињата во времето меѓу четвртата и петтата недела од староста. Зоологот Ерик Зимен, набљудувајќи ги младенчињата, забележал дека младите лисици парчињата храна најпрво ги земаат и ги закопуваат некаде во околната средина и дури потоа започнуваат да ги јадат; младите волци најпрво јадат колку можат, а дури потоа ги закопуваат остатоците од храната.[9]
Како слично однесување кај сите претставници од семејството на кучињата, Мајкл В. Фокс го опишува воведот во социјална средба меѓу припадниците на ист вид. Средбата започнува со заемно душкање на гениталното и аналното подрачје, но и делумно ушите, нуската и аналните жлезди. Душкањето на подрачјето на опашните жлезди е забележано само кај црвените, арктичките и сивите лисици, поретко кај прериските волци, но никогаш кај домашните кучиња, бидејќи тие многу ретко поседуваат опашни жлезди.[10]
Делумно се забележани и исти начини на однесување и меѓу различни видови; така, Фокс ја опишува успешната покана за игра меѓу чивава и степски волк, со заемно покажување на подреденост меѓу младите којоти и волци, како и мигови од играта на возрасниот волк и возрасни црвени лисици.[11]
Литература
уредиНадворешни врски
уреди„Корсак“ на Ризницата ? |
„Vulpes corsac“ на Викивидовите ? |
- „Corsac (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
- Кучиња, (англиски) Енциклопедија Британика
- Волци, којоти и кучиња (Genus Canis), изложба, музеј Илиноис,САД
Наводи
уреди- ↑ Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Vgl. St. G. Mivart: Monograph of the canidae. London: R. H. Porter and Dulan, 1890. citirano u: Fox 1975.
- ↑ 3,0 3,1 Wayne, R. K. (June 1993). „Molecular evolution of the dog family“. Trends in genetics: TIG. 9 (6): 218–224. ISSN 0168-9525. PMID 8337763.
- ↑ Jensen, Per (2007). The Behavioural Biology of Dogs. CABI. стр. 11–13. ISBN 978-1-84593-188-9.
- ↑ 5,0 5,1 Lindblad-Toh, Kerstin; Wade, Claire M; Mikkelsen, Tarjei S.; Karlsson, Elinor K.; Jaffe, David B.; Kamal, Michael; Clamp, Michele; Chang, Jean L.; Kulbokas, Edward J.; Zody, Michael C.; Mauceli, Evan; Xie, Xiaohui; Breen, Matthew; Wayne, Robert K.; Ostrander, Elaine A.; Ponting, Chris P.; Galibert, Francis; Smith, Douglas R.; Dejong, Pieter J.; Kirkness, Ewen; Alvarez, Pablo; Biagi, Tara; Brockman, William; Butler, Jonathan; Chin, Chee-Wye; Cook, April; Cuff, James; Daly, Mark J.; Decaprio, David; и др. (2005). „Genome sequence, comparative analysis and haplotype structure of the domestic dog“. Nature. 438 (7069): 803 in 803–19. doi:10.1038/nature04338. PMID 16341006.
- ↑ Lindblad-Toh, Kerstin; Wade, Claire M.; Mikkelsen, Tarjei S.; Karlsson, Elinor K.; Jaffe, David B.; Kamal, Michael; Clamp, Michele; Chang, Jean L.; Kulbokas, Edward J. (2005-12-08). „Genome sequence, comparative analysis and haplotype structure of the domestic dog“. Nature. 438 (7069): 803–819. doi:10.1038/nature04338. ISSN 1476-4687. PMID 16341006.
- ↑ Zhao, Chao; Zhang, Honghai; Liu, Guangshuai; Yang, Xiufeng; Zhang, Jin (2016). „The complete mitochondrial genome of the Tibetan fox (Vulpes ferrilata) and implications for the phylogeny of Canidae“. Comptes Rendus Biologies. 339 (2): 68–77. doi:10.1016/j.crvi.2015.11.005. ISSN 1631-0691.
- ↑ За ова видете, на пример, во: Zimen 2003: 47-49 (Оддел Unterschiede zwischen Wolf und Hund - "Разлики меѓу волкот и кучето")
- ↑ Zimen 2003: 40-42 (Abschn. Unterschiede bei Wolf und Fuchs).
- ↑ Fox 1975: 66 f.
- ↑ Fox 1975: 148 ff. (Оддел Zwischenartliche Verbindungen bei Caniden - "Врска меѓу различните видови на кучиња")
- ↑ 1957-, Wang, Xiaoming; Mauricio., Antón (2008). Dogs : their fossil relatives and evolutionary history. New York: Columbia University Press. ISBN 9780231135283. OCLC 185095648.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Радовановић, Милутин (1959). VI Класа Mamalia - сисари. Београд: Научна књига. стр. 433.