Дендропарк (Трубарево)
Дендропарк „Трубарево“ — арборетум во скопското село Трубарево.[1]
Арборетумот е оформен во 1953 година од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Сместен е во алувијалната рамнина на Скопската Котлина, во атарот на село Трубарево и зафаќа површина 3 хектари. Всушност арборетумот претставува продолжение на вегетацискиот појас што го образуваат месностите Острово од источна страна и Езерце од западна страна. Во арборетумот се засадени дрвенести и грмушести видови од нашата автохтона дендрофлора и видови од сите континенти, посебно од Европа, Азија и Северна Америка. Вкупниот број на дрвенестите и грмушестите видови во Арборетумот е околу 600 вида. Дендро-паркот служи за еколошки набљудувања, научни истражувања на Шумско опитната станица Трубарево и настава за студентите при Шумарски факултет- Скопје.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. „КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’ ВО СКОПЈЕ ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ 2013
- ↑ Острово, Езерце и Арборетум-споменици на природата[мртва врска]
- ↑ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ УПРАВА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА; НАЦИОНАЛЕН СИСТЕМ НА ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА. м-р Сашко Јорданов; 23-24.04.2009, Дојран
Надворешни врски
уреди„Дендропарк (Трубарево)“ на Ризницата ? |