Список на резервати во Македонија

Ова e список на резервати во Македонија. Резерватите се дел од заштитените подрачја на Македонија. Некои од нив се прогласени со посебен закон донесен во Собранието на РМ, а некои со одлуки на Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Резерватите се поделени на: строги природни резервати; посебни резервати; ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резервати.

Строги природни резервати

уреди
Име на резерват Површина
(хектари)
Прогласен Место и општина Координати Опис
Плоче - Литотелми 75[1] 29.10.2003[2]
28.10.2010[3]
Страцин, Кратово
Тиквеш 10650[1] 16.07.1997[4] Тиквешко Езеро, Кавадарци Орнитолошко наоѓалиште. Се наоѓа на 30 км југозападно од Кавадарци. Во него живеат 23 видови птици грабливки, од кои 17 видови се гнездилки во подрачјето. Тоа го прави подрачјето едно од најзначајните резервати во Европа.

Посебни резервати

уреди
Име на резерват Површина
(хектари)
Прогласен Место и општина Координати Опис
Непртка 8,7 1967[5] Брајчино, Ресен[6] Шуми од брези (Betula verrucosa).[7] Подрачјето го сочинуваат две состоини кои се наоѓаат на планината Баба кај месностите Непртка и Калозјана. Овие состоини го завземаат најјужниот ареал на простирање во Република Македонија.
Калозјана 5 1967[5] Брајчино, Ресен[6] Шуми од балкански буки (Fagus moesiaca).[7] Се наоѓа на планината Баба, во месноста Калозјана, во состав на шумско-стопанската единица Брајчино I. На ова место се издвојува асоцијацијата Calamintho grandiflorae - Fagetum. Оваа шума во однос на таксационите елементи, составот и живописноста на просторот во кој се наоѓа е редок примерок на балканската бука во Македонија.

Список на поранешни резервати

уреди
Име на споменик на култура Површина
(хектари)
Прогласен Место и општина Координати Опис
Езерани 2080[1] 25.07.1996[8] меѓу Асамати и Сир Хан, Ресен Поранешен строг природен резерват со орнитолошки особености. Прогласен како парк на природата на 14 февруари 2012 година.[9]
Локви - Големо Коњари 50[1]
29.10.2003[10] Големо Коњари, Прилеп Поранешен строг природен резерват. Прогласен за споменик на природата на 14 септември 2010 година.[11]
Чам Чифлик 482 1969[12] Струмица, Струмица[13] Шуми од црни борови (Pinus nigra - Pinus pallsiana) и даб прнар (Quercus coccifera). Поранешен посебен резерват.[14] Тука се среќава асоцијацијата Coccifero-Carpinetum orientalis pinetosum pallasianae. Чам Чифлик е брдо веднаш над Струмица меѓу клисурите на реките Водочница и Тркајана. Највисоките делови претставуваат избраздено плато на 400-450 надморска височина каде има меѓи од ниви. Падините се стрмни и браснати со црниот бор и прнарот. Освен прнарот, други средоземни видови се: Clematis flammula, Osyris alba, Cistus villosus, Carex dystachya и други. Оваа прнарска шума е одвоена од главнината во Вардарската долина со широк појас од плоскачева шума на Костуринското плато. Изолираноста на оваа шума, појавата на црн бор во неа, потоа самото станиште: испомешано карбонатно и силикатно камено тло во еден длабок нанос со делумно избивање на матичните стени, го прават овој предел специфичен во Македонија. Подоцна е прогласен за парк на природата.[15][16]
Попова Шапка 5,2 1966[5] Шар Планина, Тетово[13] Насад од смрекова шума (Picea excelsa L.).[7] Шумата се наоѓа кај туристичкиот центар Попова Шапка. Со прогласувањето на Националниот парк Шар Планина на 30 јуни 2021 година,[17] резерватот де јуре престанал да постои.
Менкова Ливада 35 1964[18][19] Кавадарци[20] Поранешен посебен резерват со шума од црни борови (Pinus nigra Arm.).[19] Подоцна бил прогласен за парк на природата. Се наоѓа во месноста Менкова Ливада во Мариово, во 59. оддел на Рожденските Шуми.
Рупа 7,6 1967[5] Брајчино, Ресен[6][13] Поранешен посебен резерват со шуми од елки (Abies alba) околу селото Брајчино.[7] Се наоѓа во месноста Рупа во 28. и 29. оддел од шумско-стопанската единица Брајчино. Во нејзините рамки се издвојува асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale. Таксационите елементи, надморската височина и живописноста на околината се елементи кои ја прават особена оваа шума. Подоцна бил прогласен за парк на природата.
Суви Дол 287 1960[18][19] Кленоец, Кичево[20] Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hipocastanum) покрај истоимената месност.[19] Се наоѓа во близина на селото. Состоина се состои од околу 4000-5000 стебла. Подоцна бил прогласен за парк на природата
Тумба 5 1964[5][19] Кавадарци[13] Поранешен посебен резерват со шума од буки (Fagus moesiaca) и елки (Abies alba).[19] Се наоѓа во месноста Тумба во мариовските шуми - оддел 49, во непосредната близина на македонско-грчката граница. Подоцна бил прогласен за парк на природата.
Дреночка Река 2 1960[18][21] Дренок, Струга[22] Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката, источно од селото.[21] Подоцна била прогласена за парк на природата.
Иберлиска Река 30 1963[18][19] Иберли, Демир Капија Поранешен посебен резерват со шума од чинари (Platanus orientalis L.) покрај реката.[19] Подоцна била прогласена за парк на природата. Се наоѓа меѓу селата Иберли и Челевец. Ова заштитено подрачје претставува чист насад од платанова шума во кој се застапени скоро сите дебелински класи од 20 см па до 1,20 см. Во 1992 година била забележано дека стеблата на платанот биле нападнати од губар. Константирана била и недозволива сеча.
Гарска Река 4 1960[18] помеѓу Гари, Дебар и Лазарополе, Маврово и Ростуше Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката.[21] Подоцна била прогласена за парк на природата. Дивиот костен се наоѓа по течението на реката, југозападно од возвишението Црн Врв (1501 м) во близина на Лазарополе. Се работи за автохтони поединечни и групни стебла.
Голем Козјак 4 1964[5][19] Кавадарци[13] Поранешен посебен резерват со шума од бел бор (Pinus silvestris L.).[19] Подоцна бил прогласен за парк на природата. Заштитеното подрачjе се наоѓа во изворишниот дел на Бистричка Река под Голем Козјак, оддел 45 - Мариово. Во однос на просторот и квалитетот на дрвото, оваа шума е мошне ретка во Република Македонија.
Катлановско Блато 70 1965[5] Катланово, Петровец[20] Поранешен ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резерват.[19] Подоцна бил прогласен за парк на природата.
Ручица 1785 1969[12] Јакупица, Студеничани[13] Поранешен посебен резерват со борова шума од кривул (Pinus mugo) на планината Јакупица.[14] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1969 година.[12] Се наоѓа северно од Солунска Глава кај месноста Ручица на надморска височина од 1500-2000 м. Подрачјето е заштитено поради што има единствена компактна зачувана состоина од борот кривул во Македонија, а истовремено тоа е најјужното наоѓалиште на ареалот на распростанување на Балканскиот Полуостров. Подоцна е прогласен за споменик на природата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 20. Посетено на 16 март 2022.
  2. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Плоче-Литотелми", за строг природен резерват и Закон за прогласување на локалитетот „Плоче-Литотелми", за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (71): 3–4. 5 ноември 2003. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 16 март 2022.
  3. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Локви-Големо Коњари" за строг природен резерват и Закон за прогласување на локалитетот „Плоче-Литотелми" за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (145): 32–33. 5 ноември 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 декември 2011. Посетено на 16 март 2022.
  4. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Тиквеш" во клисурата на Црна Река, за строг природен резерват и Закон за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Тиквеш" во клисурата на Црна Река, за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (35): 1429–1430. 23 јули 1997. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 ноември 2013. Посетено на 16 март 2022.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Извештај за стратегиска оцена на животната средина за план за управување со Национален парк Пелистер (2020-2030)“ (PDF). Деконс-Ема. Министерство за животна средина и просторно планирање. август 2020. стр. 90. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  8. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Езерани" на Преспанското Езеро, за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (37): 1575–1576. 29 јули 1996. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 септември 2021. Посетено на 16 март 2022.
  9. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Езерани" на Преспанското Езеро за парк на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Езерани" на Преспанското Езеро за парк на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (24): 3–4. 17 февруари 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 16 март 2022.
  10. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Локви-Големо Коњари", за строг природен резерват и Закон за прогласување на локалитетот „Локви-Големо Коњари", за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (71): 4. 5 ноември 2003. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 16 март 2022.
  11. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (124): 52–53. 20 септември 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 декември 2021. Посетено на 17 март 2022.
  12. 12,0 12,1 12,2 „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 17 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. 14,0 14,1 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  15. „Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица“. doma.edu.mk. 23 август 2018. Архивирано од изворникот на 13 април 2021. Посетено на 17 март 2022.
  16. „Парк на природата Чам Чифлик“. sumarite.com. 24 септември 2018. Архивирано од изворникот 2022-04-08. Посетено на 8 април 2022.
  17. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (151): 23–31. 6 јули 2021. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-08. Посетено на 8 април 2022.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  20. 20,0 20,1 20,2 „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 8. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 16 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. 21,0 21,1 21,2 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  22. „Програма за развој на југозападниот плански регион 2021-2026“ (PDF). Центар за развој на Југозападниот плански регион. јануари 2021. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 16 март 2022.