Жирафа
Жирафа | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Artiodactyla |
Семејство: | Giraffidae |
Род: | Giraffa |
Вид: | G. camelopardalis |
Научен назив | |
Giraffa camelopardalis Linnaeus, 1758 | |
Range map |
Жирафа е животно кое потекнува од Африка и е највисокото животно со најдолг врат.
Со просечна маса од 1190 кг., жирафата е најголемиот жив преживар.
Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие.
Должината на јазикот на просечна жирафа е околу 45 см. Со помош на јазикот, жирафата може потполно да го исчисти своето лице од инсекти како и да влече помали гранки од растенијата со кои се храни.
Срцето на просечна жирафа има проток од 60 литри во минута, тежи 12 кг., и создава притисок околу 3 пати повисок од крвниот притисок на човек, со цел крвта да може да достигне доволна циркулација во најоддалечените делови, посебно мозокот на жирафата. Крвните садови во вратот на жирафата имаат посебни залистоци кои спречуваат притисокот на крвта во главата да минува низ нагли промени кога животното нагло ја спушта или крева главата.
И машките и женските жирафи имаат рогови.
Жирафата како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Умниот Глу“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[2]
Оваа статија од областа на зоологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „Giraffa camelopardalis“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 5 May 2006.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 40.