Бор кривул
Бор кривул на Јакупица
(Pinus mugo Turra)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Бор
Карта на распространетост:
     Pinus mugo subsp. uncinata (syn. Pinus uncinata).
     Pinus mugo subsp. mugo и Pinus mugo subsp. rotundata.

Кривул (научPinus mugo Turra - познат и како планински бор или кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа[1]. Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра[1]. Според изгледот кривулот е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот[1]. Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот[1].

Борот кривул

На падините под врвот Солунска Глава добро е претставена посевна вегетација која ја изградува борот кривул[2]. Оваа своевидна вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.500 и 2.500 м.н.в., во потесна смисла од 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени[2]. Борот кривул ја сочинува горната граница[2] на шумите на овој и другите планински масиви.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Андоноски, Александар (2009). „Бор“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 192.CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Дренковски, Раде (1999). Растителниот свет и шумите на планинскиот масив Јакупица - вредности и значење. Планинскиот масив Јакупица - истражување и вреднување на природното богатство. Скопје: НИП „Студентски збор“. стр. 125.