Меѓународен сојуз за заштита на природата

(Пренасочено од МСЗП)

Меѓународен сојуз за заштита на природата или МСЗП (англ. International Union for Conservation of Nature, IUCN) — меѓународна организација посветена на заштитата на природните ресурси. Има за цел да му помогне на светот да изнајде прагматични решенија за најголемите еколошки и развојни проблеми. Групата го издава т.н. „Црвен список“ кој претставува попис на загрозени видови подреден според нивото на загрозеност. Списокот се составува од наодите на разни еколошки организации.[1]

МСЗП
IUCN
ВидМеѓународна организација
Дејностзаштита на природата, одржливо искористување
Основанооктомври 1948, Фонтенбло, Франција
СедиштеГланд, Швајцарија
Клучни личности
Жилија Мартон-Лефевр
Ашок Хосла
Доход133 милиони франци (2008)
Вработени
преку 1.000 (ширум светот)
Мреж. местоwww.iucn.org

Преглед на работата на МСЗП

уреди

МСЗП пружа поддршка за научни истражувања, раководи со теренски проекти ширум светот и работи со влади, невладини организации, агенции на ООН, фирми и локални заедници за подготовка на закони и правилници за зачувување на природата. Ова е најстарата и најголемата еколошка мрежа во светот - демократски сојуз со членство од преку 1.000 владини и невладини организации, и речиси 11.000 научници-доброволци од преку 160 земји. МСЗП има стручен кадар од над 1.000 лица во 60 служби и стотици партнери од јавниот, невладиниот и приватниот сектор ширум светот. Седиштето на МСЗП се наоѓа во Гланд, близу Женева, Швајцарија.[2]

Цели и задача

уреди

Задачата на МСЗП е да се злага за праведен свет што ја цени и штити природата.[3] Целта на МСЗП е да врши влијание, да ги поттикнува и потпомогнува општествата во светот да го зачуваат интегритетот и разновидноста на природата, како и да обезбеди исправно и еколошки одржливo искористување на природните ресурси.[2]

Состав на организацијата

уреди

Сојузот се состои од три дела: организации-членки, 6 научни комисии и стручен секретаријат.[2]

Членови

уреди

Во Сојузот членуваат владини и невладини организации. Тие го одредуваат правецот на движење, ја утврдуваат глобалната програма на работа и го избираат Советот (нешто како одбор на фирма) на Светскиот конгрс на МСЗП. Самите организации-членки се организирани во државни и регионални комитети.[2]

Комисии

уреди

Постојат 6 комисии што „вршат проценка на состојбата на природните ресурси и го советуваат и насочуваат Сојузот за еколошките проблеми во светот“:[4]

Комисија за образование и комуникација

уреди

Комисијата за образование и комуникација (CEC) ја застапува стратешката употреба на средствата за комуникација и образованието со цел темелно да ги информира засегнатите страни за употребата на природните ресурси. Има 700 члена, предводени од претседателот Кит Вилер.[4][5]

Комисија за еколошка, економска и социјална политика

уреди

Комисијата за еколошка, економска и социјална политика (CEESP) има за цел да пружа стручна помош и советодавна улога во врска со економските и социјалните фактори за заштитата на природата и одржливото искористување на биоразновидноста. Комисијата има 1000 члена, преводени од претседателот Ароха Те Пареаки Мид.[4][5]

Комисија за еколошко право

уреди

Комисијата за еколошко право (CEL) се залага за еколошкото право со изработката на правни рамки за воспоставување и примена на законски регулативи во земјите со цел да се заштити природата и да се унапреди одржливиот развој. Има 800 члена, предводени од претседателот Шајла Абед де Завала.[4][5]

Комисија за раководење со екосистеми

уреди

Комисијата за раководење со екосистеми (CEM): дава стручни совети и насоки за раководењето со природни и изменети екосистеми. Органот има 400 члена, предводени од претседателот Пит Вит.[4][5]

Комисија за опстанок на видови

уреди

Комисијата за опстанок на видови (SSC) го советува Сојузот за техничките аспекти на заштитата на видовите и организира разни дејности во насока на заштитата на најзагрозените видови. Комисијата го изработува Црвениот список на загрозени видови. Тука членуваат 7.500 стручњаци за видови и биоразновидноста ширум светот, преводени од претседателот Сајмон Стјуарт.[4][5]

Светска комисија за заштитени подрачја

уреди

Светската комисија за заштитени подрачја (WCPA) има за цел да се залага за воспоставувањето и делотворното раководење на заштитени копнени и морски подрачја ширум светот. Брои 1.300 членови, преводени од претседателот Никита Лопухин.[4][5]

Секретаријат

уреди
 
Седиштето на МСЗП во Гланд, Швајцарија.

Членовите на комисијата соработуваат со стручен секретаријат кој се состои од преку 1.000 лица од над 60 земји. Генерален директор на Сојузот е Жилија Мартон-Лефевр - светски стручњак и водечка личност во областа на развојот и заштитата на природата. Го наследила Ахим Штајнер, кој сега е извршен директор на Програмата за животна околина на ООН (UNEP). Заменик-генерален директор е Вилијам Џексон.[6]

Издавачка дејност

уреди

МСЗП е предводник во издавачката дејност, со мошне обемна стручна литература, извештаи, напатствија и бази на податоци за заштита на природата и одржливиот развој.[7] Секоја година организацијата издава над 150 книги и реферати, како и стотици други извештаи, документи и напатствија.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Планета без мајмуни? Стручњаците велат дека ова се наближува Архивирано на 25 октомври 2012 г. Си-Би-Ес Вести 12 септември 2007. проверено на 22 март 2008 (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Мреж. место на МСЗП проверено на 20 мај 2010 (англиски)
  3. http://www.iucn.org/about/
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „МСЗП - Комисии“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. 12 мај 2010. Посетено на 8 септември 2010. (англиски)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „МСЗП - Претседатели на комисиите“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. 15 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2010-09-22. Посетено на 8 септември 2010. (англиски)
  6. http://www.iucn.org/about/union/secretariat/management/?posList=168,917&groupName=Directorate
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-13. Посетено на 2010-12-02.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-22. Посетено на 2010-12-02.

Надворешни врски

уреди