Охридски чинар
Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.[1]
Охридски чинар | |
---|---|
МСЗП — Категорија III (споменик на природата) | |
Место | Охрид, Македонија |
Координати | 41°6′57.6″N 20°48′0.9″E / 41.116000° СГШ; 20.800250° ИГД |
Воспоставен(а) | 2017 |
Тој е од видот чинар (Platanus orientalis).[2] Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза.
Историја
уредиСпоред преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IX – X век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.[2] Во 2012 година во лоши временски услови отцепени се голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме.[2][3] Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Чинарот ќе биде прогласен за споменик на природата“. MKnews.mk. 16 септември 2017. Посетено на 21 октомври 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Охридскиот чинар низ вековите“. volino.mk. 24 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2022-03-05.
- ↑ „Се скрши Чинарот во Охрид“. ЗаСе. декември 2012. Посетено на 6 март 2022.
- ↑ „Стариот охридски Чинар во процедура за споменик на природата“. Нова ТВ. 16 септември 2017. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 21 октомври 2017.