Банско

село во Општина Струмица
(Пренасочено од Банско (Струмичко))

Оваа статија се однесува на селото во Струмичко. За градот во Пиринска Македонија, видете Банско (град).

Банско
Банско во рамките на Македонија
Банско
Местоположба на Банско во Македонија
Банско на карта

Карта

Координати 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361° СГШ; 22.74333° ИГД / 41.38361; 22.74333
Општина Струмица
Население 2.414 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2415
Шифра на КО 27004, 27504
Надм. вис. 275 мнв м
Слава Свети 40 Севастиски маченици
Банско на општинската карта

Атарот на Банско во рамките на општината
Банско на Ризницата

Банскосело во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Во селото се наоѓа и истоимената Бања Банско.

Географија

уреди

Банско се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 км. Надморската височина во селото е 275 метри а атарот зафаќа 2.373 ха.

Селото се граничи со Муртино, Моноспитово, Габрово, Бајрамбос.

Историја

уреди
 
Остатоци од Старата џамија
 
Подрачно училиште „Маршал Тито“
 
Дом на култура
 
Хотел „Цар Самоил“

Во времето по Беласичката битка во 1015 година се споменува дека Василиј II испратил од Солун еден силен одред кон Струмица, но тој успеал да ја освои само малата блиска тврдина Термица. Оваа тврдина се наоѓала над селото Банско (термица, значи мала бања), во подножјето на Беласица каде што доскоро се гледале урнатини од една средновековна градба.

Во делата на Хаџи Калфа и Евлија Челебија се споменува панаѓур кој се одржувал секоја година во месец август.

Близу (до Струмица) се шири едно широко поле низ кое тече река со многубројни воденици. Во август овде се одржува славниот панаѓур, кој се вика Тујан и на кој доаѓа многуброен свет од сите страни. Топлата бања Тулјан, исто така е во Струмичкиот кадилук, близу до самата Струмица и до градот. Еднаш годишно (т. е. во август б. н. ) овде се собираат жителите од околните предели и во текот на две седмици вршат значителни трговски работи. Под брегот извираат многубројни врели, а понекаде и ладни извори. Во бањата, под камениот свод, тече вода од три чешмурки во една бања. Оваа вода е толку врела што во неа, за миг може јајце да се свари. Затоа, за капење, таа мора да се меша со ладна вода".

Стопанство

уреди

Банско е познато со своите топли минерални извори што се користат за производство на ран зеленчук, а одамна е познато и како балнеолошки центар. Неговите бањи се изградени во рано турско време, а денес тоа израснува и како рекреативен центар.

Претежно занимање на населението е земјоделство и туризам. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 417 ха[2].

Во селото опстојуваат хотелите:

  • „Цар Самуил“
  • „Дукат“
  • „Спиро Захов“

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948829—    
1953997+20.3%
19611.167+17.1%
19711.205+3.3%
19811.515+25.7%
ГодинаНас.±%
19911.704+12.5%
19941.645−3.5%
20021.992+21.1%
20212.414+21.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци и 150 Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.992 жители, од кои 1.064 Македонци, 2 Албанци, 900 Турци, 17 Роми, 3 Срби и 6 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.414 жители, од кои 827 Македонци, 2 Албанци, 1.142 Турци, 2 Роми, 7 останати и 434 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 770 160 829 997 1.167 1.205 1.515 1.704 1.645 1.992 2.414
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1837 и 1838 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.754 гласачи.[11]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.797 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Бања Банско
 
Црква „Св. 40 Севастиски Маченици“

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  12. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски

уреди