Зимски олимписки игри 2022

24. издание на зимските олимписки игри

XXIV Зимски олимписки игри (кинески: 第二十四届冬季奥林匹克运动会), познати и уште како Пекинг 2022зимски олимписки игри коишто се одржале од 4 до 20 февруари во Пекинг и неколку собиралиште во околните градови Јенќинг и Чунгли.[1] Натпреварите во некои спортови започнале на 2 февруари.[2]

XXIV Зимски олимписки игри
Град-домаќин Пекинг, Кина
Гесло „Заедно за споделена иднина“
Земји-учеснички 91
Натпреварувачи 2.871 (1.581 маж и 1.290 жени)
Натпревари 109 од 7 спортови
Свечено отворање 4 февруари
Свечено затворање 20 февруари
Отворена од Си Џинпинг
Олимписки оган Динигеер Јиламуѓанг
Џао Ѓавен
Стадион Национален стадион

Пекинг бил избран за град-домаќин на игрите на 128. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Куала Лумпур во јули 2015 година. Игрите биле првите зимски олимписки игри во Кина и последни од трите последователни во Источна Азија (по Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг и Летните олимписки игри 2020 во Токио). По организирањето на Летните олимписки игри 2008, Пекинг е домаќин на олимписките игри по втор пат и стана првиот град којшто бил домаќин како на летните, така и на зимските олимписки игри. Притоа, четири постојни собиралишта коишто биле изградени за потребите на Летните олимписки игри 2008 биле употребени за потребите на овие игри, а на Националниот стадион повторно е домаќин на церемониите на свечено отворање и затворање.

Зимските олимписки игри 2022 биле предмет на бројни грижи и контроверзии, како и на дипломатски бојкоти поради Ујугрскиот геноцид и состојбата со човековите права во Кина, така што некои земји испратиле спортисти, но не и дипломатски претставници.[3] Слично како и летните олимписки игри одржани шест месеца порано во Токио, како последица на пандемијата на КОВИД-19 се спроведувале здравствени и безбедносни протоколи, како и ограничување на посетеноста во собиралиштата.

Избор на град-домаќин

уреди

Календарот за избор на град-домаќин бил објавен од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во октомври 2012 година, а крајниот рок за поднесување на кандидатурите бил 14 ноември 2013 година. Извршниот одбор на МОК ги прегледал кандидатурите на сите градови на 7 јули 2014 години и во потесен круг ги одбрал: Осло, Алмати и Пекинг.[4]

Неколку олимписки комитети ги откажале своите кандидатури, а како причина ги навеле високите трошоци и недостигот на локална поддршка и финансии за одржување на игрите.[5] Норвешкиот олимписки и параолимписки комитет и Конфедерациата на спортови ја повлекле фаворизираната кандидатура на Осло откако барањето за финансирање на предложените олимписки игри било одбиено од страна на Норешкиот парламент. Јавното мислење за кандидатурата било изразито негативно поради грижите во врска со трошоците коишто го надиминувале износот за Зимските олимписки игри 2014 во Сочи и особено поради некои барања коишто МОК наводно ги имал во врска со гостопримливоста. Барањата вклучувале луксузно сместување за членовите на МОК, посебни ленти на сите патишта коишто би ги користеле само членовите на МОК, како и коктелски пречек во Кралската палата за којшто би платило кралското семејство. МОК исто така побарал промотивниот простор низ Осло исклучиво да се користи за промовирање на нивните спонзори, што е невозможно во Норвешка затоа што земјата е либерална демократија каде што владата не го поседува или контролира целокупниот простор за рекламирање низ Осло, којшто во голема мера е во приватна сопственост, и нема овластување на странска приватна организација да ѝ дава исклучително право да го користи целиот град и приватната сопственост во него.[6] Некои коментатори посочиле дека ваквите барања биле непознати во западна демократија; списанието „Slate“ го опишало МОК како „непоправливо смешна организација раководена од ситни измамници и наследни аристократи“.[7][8][9][10]

Пекинг бил избран за град-домаќин на Зимските олимписки игри 2022 откако го победил Алмати за четири гласа на 128. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Куала Лумпур на 31 јули 2015 година.

Избор на домаќин на ЗОИ 2022
Град Земја Гласови
Пекинг   China 44
[[Алмати   Kazakhstan 40

Игрите

уреди

Свечено отворање

уреди

Слично како и на Летните олимписки игри 2008, церемонијата на свечено отворање на Зимските олимписки игри 2022 се одржала на Националниот стадион (исто така познат и како „Птичје гнездо“ на 4 февруари 2022 година.[11]

Спортови

уреди

Зимските олимписки игри 2022 вклучуваат 109 натпревари во 15 дисциплини во 7 спортови.[12] Медалисе доделуваат во седум нови натпревари, вклучувајќи ги машкиот и женскиот натпревар во биг ејр во слободно скијање, женскиот натпревар во единечен боб, мешаните екипни натпревари во скијачка акробатика, скијачки скокови и бордкрос, како и мешаната штафета во брзо лизгање на кратки патеки.[13]

Бројките во загради го означуваат бројот на натпревари за коишто биле доделени медали во секоја дисциплина.

Нови натпревари

уреди

Во октомври 2016 година, Меѓународната сикајчка федерација (ФИС) соопштила дека планира да започне со организирање женски натпревари во нордиска комбинација, со цел дисциплината за првпат да биде вклучена во олимписката програма на игрите во Пекинг.[14] Во ноември 2017 година, ФИС предложила дополнителни три натпревари: мешан екипен натпревар во скијачки скокови, како и машки и женски натпревар во биг ејр во слободно скијање.[15] На конгресот одржан во скијачкиот центар Коста Наварино во Месенија во мај 2018 година, ФИС на разгледување поднеле уште неколку дополнителни натпревари, вклучувајќи го предлогот телемаркот да стане нова олимписки дисциплина на игрите во Пекинг со предложени натпревари во машки и женски паралелен спринт и мешан екипен паралелен спринт. На конгресот исто така било одобрено поднесувањето на предлогот за вклучување на мешан екипен натпревар во скијачка акробатика и неколку натпревари во скијање на даска: машки и женски екипни натпревари во бордкрос, мешан екипен натпревар во паралелно алпско скијање, машки и женски натпревар во посебен паралелен слалом, како и машки екипен натпревар во посебен паралелен слалом.[16] Поединечните натпревари во посебен паралелен слалом се одржале на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, но биле исклучени од програмата на Зимските олимписки игри 2018 за да може да се остави простор за вклучување на натпреварите во бег ејр во скијање на даска.

Меѓународната санкачка федерација (ФИЛ) предложила вклучување на шест нови натпревари, вклучувајќи машки и женски натпревар во санкање на природна патека, натпревар во женски двојки на вештачка патека, како и машки, женски и натпревари во двојки во спринт на вештачка патека.[17][18]

Меѓународниот лизгачки сојуз (ИСУ) продолжил со заложбите за вклучување на синхронизираното лизгање како нов натпревар во рамки на дисциплината уметничко лизгање.[19] ИСУ исто така предложил нов мешан екипен натпревар во брзо лизгање на кратки патеки.[17]

Во биатлон, поединечна мешана штафета била предложена од страна на Меѓународниот биатлонски сојуз (ИБУ) за да се надополни четиричлената мешана штафета којашто се одржала на Зимските олимписки игри 2018.[17] Исто така, Меѓународната федерација за боб и скелетон (ИБСФ) предложила нов екипен натпревар, но немала намера за вклучување на женски натпревар во четворка во боб, и покрај препораката на извршниот одбор на федерацијата таков натпревар да биде предложен во интерес на родовата еднаквост.[17]

Во јули 2018 година, МОК ги соопштил измените во програмата за Зимските олимписки игри 2022 во насока на зголемување учеството на жените и со повик до помладата публика. Седум нови натпревари, во коишто ќе бидат доделени медали, биле додадени и со тоа вкупниор број натпревари во програмата се зголемил на 109. Тие се: машки и женски натпревар во биг ејр во слободно скијање, женски натпревар во единечен боб, мешани екипни натпревари во скијачка акробатика, скијачки скокови и бордкрос, како и мешана штафета во брзо лизгање на кратки патеки.[20] Нордиската комбимација во женска конкуренција не била додела, така што ова останува единствениот зимски олимписки спорт во којшто се натпреваруваат само мажи.

Свечено затворање

уреди

Церемонијата на свечено затворање на Зимските олимписки игри 2022 исто така се одржала на Националниот стадион на 20 февруари 2022 година.[11] Во согласност со Олимписката повелба, настанот вклучувал формално затворање на игрите со издигање на знамињата на Грција (духовен дом на игрите), Кина (тековна земја домаќин) и Италија (следна земја домаќин), парада на спортистите и примопредавање на олимпиското знаме. Посебен дел бил посветен на културата и историјата на Милано и Кортина д'Ампецо како градови домаќини на Зимските олимписки игри 2026.[21]

Земји учеснички

уреди

Вкупно 91 земја обезбедиле учество на игрите, што е за две помалку од претодните ири, а Хаити и Саудиска Арабија настапиле за првпат.[22][23] Кенија обезбедиле учество за еден спортист, но се откажале.[24]

 
  Земји учеснички на Зимските олимписки игри 2022
  Земји кои за првпат учествуваат на Зимските олимписки игри
  Жолтиот круг го означува градот домаќин (Пекинг)
Земји учеснички
Земји кои учествувале во 2018, но не во 2022 Земји кои учествуваат во 2022, но не во 2018

Број на спортисти по земји учеснички

уреди

Од 30 јануари 2022

Распоред

уреди
Сите саатници се по Пекиншко време (UTC+8)

Натпреварите започнале на 2 февруари, односно два дена пред церемонијата на свечено отворање, а завршиле на 20 февруари 2022 година.[117]

ЦО Церемонија на отворање Натпревари 1 Гинални натпревари Е Егзибициски настан ЦЗ Церемонија на затворање
февруари 2022 2
сре.
3
чет.
4
пет.
5
саб.
6
нед.
7
пон.
8
вто.
9
сре.
10
чет.
11
пет.
12
саб.
13
нед.
14
пон.
15
вто.
16
сре.
17
чет.
18
пет.
19
саб.
20
нед.
Вкупно
натпревари
  Церемонии (отворање/затворање) ЦО ЦЗ Н/П
  Алпско скијање 2 1 1 1 1 1 1 1 1 1 11
  Биатлон 1 1 1 1 1 2 1 1 1 1 11
  Боб 1 1 1 1 4
  Брзо лизгање 1 1 1 1 1 1 1 1 2 1 1 2 14
  Брзо лизгање на кратки патеки 1 2 1 1 2 2 9
  Карлинг 1 1 1 3
  Бордиска комбинација 1 1 1 3
  Санкање 1 1 1 1 4
  Скелетон 1 1 2
  Скијање на даска 1 1 2 1 2 1 1 2 11
  Скијачки скокови 1 1 1 1 1 5
  Скијачко трчање 1 1 2 1 1 1 1 2 1 1 12
  Слободно скијање 1 1 1 1 1 2 1 1 1 2 1 13
  Хокеј на мраз 1 1 2
  Уметничко лизгање 1 1 1 1 1 Е 5
Вкупен број натпревари 0 0 0 6 6 9 10 6 8 7 6 7 5 9 7 6 4 9 4 109
Збирен број натпревари 0 0 0 6 12 21 31 37 45 52 58 65 70 79 86 92 96 105 109
февруари 2022 2
сре.
3
чет.
4
пет.
5
саб.
6
нед.
7
пон.
8
вто.
9
сре.
10
чет.
11
пет.
12
саб.
13
нед.
14
пон.
15
вто.
16
сре.
17
чет.
18
пет.
19
саб.
20
нед.
Вкупно
натпревари


Краток преглед

уреди
 
Норвежанецот Јоханес Тингнес Бе бил најуспешен натпреварувач на игрите
  • Норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бе освоил четири златни и еден бронзен модел, со што бил најуспешен натпреварувач на игрите. Тој победил во спринтот на 10 км и масовниот старт на 15 км, како и со штафетите на Норвешка на 4 х 7,5 км и 2 х 6 км + 2 х 7,5 км, а бронза освоил во поединечната трка на 20 км. Најуспешна натпреварувачка со три златни и два бронзени медали била Марте Олсбу Ројселан, исто така од Норвешка и исто така во биатлон. Таа победила во спринтот на 7,5 км и потерата на 10 км, како и со мешаната штафета на 4 х 7,5 км + 2 х 6 км, а бронза освоила во масовниот старт на 12,5 км и поединечната трка на 15 км. Со тоа, таа станала вториот натпреварувач во биатлон по сонародникот Оле Ејнар Бјорндален со освоен медал во сите поединечни натпревари на едни олимписки игри.[118]
  • Натрепварите во скијачко трчање ги одбележале Русинот Александар Болшунов и Норвежанката Терезе Јохауг. Болшунов освоил три златни и по еден сребрен и бронзен медал, победувајќи во скиатлон, трката на 50 км слободен стил и со штафетата на 4 х 10 км, додека Јохауг освоила три златни медали, победувајќи во скиатлон, трката на 10 км класичен стил и трката на 30 км слободен стил.
 
Холандската лизгачка Ирен Вист освоила поединечен златен медал на петти олимписки игри
  • Во брзо лизгање, најуспешна била Холанѓанката Ирен Шутен која освоила злато во трките на 3.000 м, 5.000 м и во масовниот старт, како и бронза во екипната трка. Со победата во трката на 1.500 м, нејзината сонародничка Ирен Вист станала првиот спортист со освоен златен медал во поединечна конкуренција на пет различни олимписки игри.[119] Освен тоа, германската лизгачка Клаудија Пехштајн учествувала на своите осми олимписки игри, со што станала жена со најмногу учества на зимските олимписки игри, а била и знаменосец на церемонијата на свеченото отворање.[120] Во машка конкуренција, шведскиот натпреварувач Нилс ван дер Пул на светските титули на 5.000 и 10.000 м ги придодал и олимписките, а во трката на 10.000 м поставил и нов светски рекорд.[121][122]
  • Италијанската лизгачка на кратки патеки Аријана Фонтана го одбранила златото во трката на 500 м освоено на претходните игри, а освоила и сребро во трката на 1.500 м и мешаната штафета на 2.000 м. Со тоа, таа избила на прво место по бројот на освоени медали во брзо лизгање на кратки патеки на олимписките игри со вкупно 11 медали откако претходно била изедначена со Аполо Оно и Виктор Ан со по 8 медали, а исто така станала и најуспешна италијанска олимпијка по бројот на освоени медали на сите времиња.
  • Скијачите од Швајцарија ги одбележале натпреварите во алпско скијање со освоени 5 златни од вкупно 9 медали. Сепак, најуспешен алпски скијач бил Австриецот Јоханес Штролц, кој пред олимписките игри имал само еден подиумски пласман во Светскиот куп со слаломската победа во Аделбоден во јануари 2022 година, но игрите ги завршил со два злати и еден сребрен медал, победувајќи во комбинација и екипниот натпревар, а завршувајќи на второто место во слаломската трка. Со оглед на тоа што неговиот татко Хуберт Штролц победил исто така во комбинација на Зимските олимписки игри 1988 во Калгари, тие станале единствените татко и син со олимписко злато во алпско скијање. Во женска конкуренција, најуспешна натпреварувачка била Австријката Катарина Линсбергер со еден златен медал во екипниот натпревар и еден сребрен медал во слалом.
 
Руската лизгачка Камила Валиева, која на овие игри станала првата жена којашто извела четирикратен скок, била предмет на скандал којшто ги засенил натпреварите во уметничко лизгање
  • Во уметничко лизгање, француската танцова двојка Габриела Пападакис и Гијом Сизерон среброто од игрите во Пјонгчанг го претвориле во злато, а истото ѝ успеало и на кинеската спортска двојка Суеј Венѓинг и Хан Цунг, кои со овој успех го комплетирале Грен-слемот во овој спорт. Руската лизгачка Камила Валиева станала првата жена којашто извела четирикратен скок на олимписките игри, а нејзината сонраодничка Александра Трусова станала првата жена којашто извела пет четирикратни скока во една програма, но поради нејзиниот заостаток по задолжителната програма тоа било доволно само за сребрен медал, веднаш зад тековната светска првенка Александра Шчербакова. Сепак, натпреварите во овој спорт биле засенети со наводните тврдења за употреба на недозволени средства од страна на Камила Валиева којашто требало да биде една од главните ѕвезди на игрите. Откако на 9 февруари некои медиуми објавиле дека Валиева имала позитивен тест на недозволената супстанција триметазидин[123][124] и тоа било официјално потврдено на 11 февруари,[125] по неколкудневна неизвесност во врска со нејзина можна суспензија Судот за спортска арбитража на 14 февруари конечно донел одлука да ѝ дозволи да настапи поради тоа што била помлада од 16 години и со тоа била „заштитена личност“ согласно кодексот на Светска антидопинг агенција.[126][127] Валиева подлегнала на притисокот и по слободната програма во којашто имала два пада и уште неколку грешки завршила на четвртото место, иако била водечка по задолжителната програма.[128]
  • Натрепварите во санкање, скелетон и боб завршиле со апсолутна доминација на натпреварувачите од Германија коишто освоиле 9 златни од расположливите 10 и вкупно 16 од расположливите 30 медали. Во санкање, Натали Гајзенбергер по втор пат успеала да ги одбрани олимписките злата во поединечната и штафетната трка, а истото им пошло од рака и на Тобијас Вендл и Тобијас Арлт во трката во двојки и во штафетната трка.
  • Американската скијачка на даска Линдзи Џекобелис го освоила златниот медал во натпреварите во бордкрос, со што успеала да се искупи за непотребниот скок пред самиот крај на завршната трка на игрите во Торино поради којшто го изгубила златото и завршила на второто место. Таа освоила злато и во мешаниот екипен натпревар заедно со сонародникот Ник Баумгартнер.
  • Во слободно скијање, кинеската скијачка и манекенка на Викторија Сикрет Ејлин Гу победила во биг ејр и хафпајп, а освоила сребро и во слоупстајл, со што станала првиот слободен скијач со освоени три медали на едни олимписки игри.[129][130]
  • Машкиот турнир во хокеј на мраз на втори игри по ред се одржал без хокеари од Националната хокеарска лига откако нејзините челници не им одобриле на клубовите да ги ослободат своите играчи поради грижите поврзани со пандемијата на КОВИД-19. Своето прво злато на олимписките игри го освоила репрезентацијата на Финска којашто во завршниот натпревар со пресврт ја совладала репрезентацијата на Русија со 2-1.
  • Во карлинг, репрезентацијата на Шведска предводена од Никлас Един го освоила златниот модел на машкиот турнир откако во 2010 година завршиле на четвртото место, во 2014 година на третото место, а на игрите во 2018 година на второто место.
  • Најуспешна нација на игрите била Норвешка со рекордни 16 златни и вкупно 37 медали.

Освојувачи на медали

уреди

  *   земја домаќин (Кина)

Список на земји со освоени медали[131]
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка (NOR)1681337
2  Германија (GER)1210527
3  Кина (CHN)*94215
4  САД (USA)810725
5  Шведска (SWE)85518
6  Холандија (NED)85417
7  Австрија (AUT)77418
8  Швајцарија (SUI)72514
9  РОК (ROC)6121432
10  Франција (FRA)57214
11–29Останати земји233948110
Вкупно109109109327

Белешки

уреди
  1. Неутрални спортисти од Русија коишто настапуваат под знамето на Рускиот олимписки комитет
  2. Суспендиран национален олимписки комитет

Наводи

уреди
  1. „Beijing to host 2022 Winter Olympics and Paralympics“. BBC Sport. 31 јули 2015. Архивирано од изворникот 28 март 2019. Посетено на 6 декември 2018.
  2. Parker, Kolten (27 јануари 2022). „Beijing Winter Olympics 2022: Live medal count, schedule, how to watch“. KSAT (англиски). Посетено на 30 јануари 2022.
  3. „Boycott of China in 2022“. 2021-12-16.
  4. Wilson, Stephen (7 јули 2014). „Almaty, Beijing, Oslo make list for 2022 Olympics“. New York City, New York, U.S. Associated Press. Посетено на 24 декември 2021.
  5. Abend, Lisa (3 октомври 2014). „Why Nobody Wants to Host the 2022 Winter Olympics“. Time. Архивирано од изворникот 18 септември 2015. Посетено на 19 септември 2015.
  6. „IOC hits out as Norway withdraws Winter Olympic bid“. The Financial Times. Архивирано од изворникот 2 август 2021. Посетено на 2 август 2021.
  7. „Winter Olympics: What now for 2022 after Norway pulls out?“. BBC Sport (англиски). 2 октомври 2014. Архивирано од изворникот 5 мај 2018. Посетено на 9 март 2018.
  8. Mathis-Lilley, Ben (2 октомври 2014). „The IOC Demands That Helped Push Norway Out of Winter Olympic Bidding Are Hilarious“. Slate (англиски). ISSN 1091-2339. Архивирано од изворникот 8 март 2018. Посетено на 9 март 2018.
  9. „IOC reportedly made some ridiculous demands to help push Oslo out of 2022 Winter Olympics bidding“. National Post (англиски). 2 октомври 2014. Архивирано од изворникот 11 август 2021. Посетено на 9 март 2018.
  10. „IOC krever gratis sprit på stadion og cocktail-fest med Kongen“. October 2014. Архивирано од изворникот 16 февруари 2018. Посетено на 8 март 2018.
  11. 11,0 11,1 Carpenter, Les (2 декември 2021). „The Beijing Olympics begin Feb. 4. Here's what you need to know“. Washington Post. Washington D.C, United States of America. Посетено на 27 декември 2021.
  12. „Athletes to compete in 109 events of 7 sports at Beijing Winter Olympics“. Helsinki Times. Helsinki, Finland. 18 декември 2021. Посетено на 23 декември 2021.
  13. Zaccardi, Nick (18 јули 2018). „Beijing 2022 Winter Olympics add seven new events“. Olympics.nbcsports.com/. NBC. Посетено на 23 декември 2021.
  14. „FIS target Nordic Combined women's competition at Beijing 2022“. 3 октомври 2016. Архивирано од изворникот 9 декември 2020. Посетено на 7 август 2017.
  15. „FIS Council Decisions from Autumn 2017 Meeting“. fis-ski.com/. FIS. 18 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 16 декември 2017. Посетено на 16 декември 2017.
  16. „FIS propose telemark skiing for Beijing 2022 Winter Olympics“. Insidethegames.biz. 18 мај 2018. Архивирано од изворникот 20 мај 2018. Посетено на 19 мај 2018.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Butler, Nick (5 март 2018). „Exclusive: Women's Nordic combined and synchronised skating among new disciplines proposed for Beijing 2022“. insidethegames.biz. Архивирано од изворникот 7 март 2018. Посетено на 7 март 2018.
  18. „FIL submits full package of events for Olympic bid“. fil-luge.org/. FIL. 31 октомври 2017. Архивирано од изворникот 13 септември 2020. Посетено на 10 септември 2020.
  19. „Synchronized Skating has been proposed as a new "event" by the ISU“. jurasynchro.com/. Jura Synchro. 9 февруари 2018. Архивирано од изворникот 2 јануари 2021. Посетено на 14 февруари 2018.
  20. „Here's a look at the new women's, gender-balanced disciplines for the 2022 Winter Games“. ESPN.com (англиски). 25 јули 2018. Архивирано од изворникот 28 март 2019. Посетено на 27 мај 2021.
  21. Ip, Cyrus; Lau, Jack (20 февруари 2022). „Winter Olympics: 5 things to watch out for at the Beijing 2022 closing ceremony“. South China Morning Post. Asian One. Посетено на 20 февруари 2022.
  22. „Haïti Pour La Première Fois De Son Histoire Qualifié Aux Jo D'hiver en 2022 !“ [Haiti for the First Time in Its History Qualified for the Winter Olympics in 2022!]. Haitiski.com/ (француски). Haiti Ski Federation. Посетено на 15 јануари 2022.
  23. Pavitt, Michael (17 December 2021). „Haiti and Saudi Arabia to debut at Beijing 2022 Winter Olympics as Alpine skiers qualify“. Insidethegames.biz/. Dunsar Media Ltd. Посетено на 17 декември 2021.
  24. 24,0 24,1 Ayodi, Ayumba (18 јануари 2022). „Kenya withdraws from Beijing Winter Olympics“. Daily Nation. Посетено на 18 јануари 2022.
  25. „Denni Xhepa represents Albania at the Beijing Winter Olympics“. Oculus News. 17 јануари 2022. Посетено на 17 јануари 2022.
  26. Burke, Patrick (23 јануари 2022). „American Samoa NOC commends first Winter Olympic athlete since 1994“. www.insidethegames.biz/. Dunsar Media Ltd. Посетено на 23 јануари 2022.
  27. „Presentació de la vestimenta de la delegació andorrana dels JO d'hivern de Beijing 2022 a la seu central de Andbank“ [Presentation of the attire of the Andorran delegation of the Beijing Winter Olympics 2022 at the Andbank headquarters]. www.coa.ad/ (каталонски). Andorran Olympic Committee. 19 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  28. „Delegación Argentina en Los Juegos Olímpicos De Invierno Beijing 2022“ [Argentine Delegation at the Beijing 2022 Winter Olympics]. www.coarg.org.ar/ (шпански). Argentine Olympic Committee. 18 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  29. Ghazanchyan, Siranush (18 јануари 2022). „Beijing 2022: Armenia to have six representatives at Winter Olympics“. En.armradio.am/. Public Radio of Armenia. Посетено на 18 јануари 2022.
  30. Robinson, Georgina (23 јануари 2022). „Australia's winter Olympians target bronze, silver and gold“. The Sydney Morning Herald. Sydney, Australia. Посетено на 23 јануари 2022.
  31. „Olympic Team Austria wächst auf 106 Aktive“ [Olympic Team Austria grows to 106 active members]. www.olympia.at/ (германски). Austrian Olympic Committee. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  32. "Pekin-2022" Qış Olimpiya Oyunlarına həsr olunan rəsmi təqdimat mərasimi keçirilib“ [An official presentation ceremony dedicated to the Beijing 2022 Winter Olympics has been held.]. www.olympic.az/ (азербејџански). National Olympic Committee of the Azerbaijani Republic. 18 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  33. „Белорусы получили дополнительную лицензию на Игры в Пекин“ [Belarusians received an additional license for the Beijing Games]. www.noc.by (руски). Belarus Olympic Committee. 21 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022.
  34. Kohlhuber, Nicolas (21 јануари 2022). „La sélection belge pour les Jeux Olympiques d'hiver de Beijing 2022“ [The Belgian selection for the Beijing 2022 Winter Olympics]. www.olympics.com/ (француски). International Olympic Committee]] (IOC). Посетено на 21 јануари 2022.
  35. Guzman, Ariel (16 јануари 2022). „Los bolivianos Grönlund y Breistfuss van a los Juegos Olímpicos de Pekín“ [Bolivians Grönlund and Breistfuss go to the Beijing Olympics]. Opinión (шпански). Cochabamba, Bolivia. Посетено на 19 јануари 2022.
  36. „BIH Olimpijski Tim | Beijing 2022“ [BIH Olympic Team Beijing 2022]. www.okbih.ba/ (босански). Olympic Committee of Bosnia and Herzegovina. 21 јануари 2022. Посетено на 21 јануари 2022.
  37. Santos, Igor (17 јануари 2022). „Brazil to send 11 to Beijing Winter Olympics“. Agência Brasil. Brasília, Brazil. Посетено на 17 јануари 2022.
  38. „16 athletes to represent Bulgaria at the 2022 Winter Olympic Games in Beijing“. www.bnr.bg/. Bulgarian National Radio. 20 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  39. Nichols, Paula (28 јануари 2022). „By the Numbers: Team Canada heading into the Beijing 2022 Olympic Winter Games“. www.olympic.ca/. Canadian Olympic Committee. Посетено на 28 јануари 2022.
  40. „Team Chile competirá con cuatro deportistas en Beijing“ [Team Chile will compete with four athletes in Beijing]. www.coch.cl/ (шпански). Chilean Olympic Committee. 19 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  41. „北京冬奧|中國代表團天安門廣場前宣誓出征 隨後進入閉環管理“ [Chinese delegation took the oath in front of Tiananmen Square and then entered closed-loop management]. HK01 (кинески). 25 јануари 2022. Посетено на 26 јануари 2022.
  42. Zabala, Daniel (20 јануари 2022). „Juegos Olímpicos de Invierno y los colombianos clasificados“ [Winter Olympics and Colombians Qualified]. www.lafm.com.co/ (шпански). La FM. Посетено на 22 јануари 2022.
  43. „11 athletes to represent Croatia at Winter Olympics“. www.croatiaweek.com/. Croatia Week. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  44. Liu, Lanting (25 јануари 2022). „One Cypriot to take part in 2022 Winter Olympics“. Cyprus Mail. Nicosia, Cyprus. Посетено на 25 јануари 2022.
  45. Houston, Michael (18 јануари 2022). „Czech Republic name record-size Winter Olympic team and reveal Beijing 2022 uniform“. www.insidethegames.biz/. Dunsar Media Ltd. Посетено на 22 јануари 2022.
  46. „Madeleine Dupont og Frans Nielsen er Danmarks OL-fanebærere“ [Madeleine Dupont and Frans Nielsen are Denmark's Olympic flag bearers]. www.dif.dk/ (дански). National Olympic Committee and Sports Confederation of Denmark. 20 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  47. Xanches, Hortencio (6 јануари 2022). „Timor – Leste will join the 2022 Winter Olympic event in China“. Tatoli. Dili, East Timor. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 19 јануари 2022.
  48. „Sarah Escobar: "Quiero compartir mi sueño olímpico con todos los ecuatorianos" [Sarah Escobar: "I want to share my Olympic dream with all Ecuadorians"]. www.coe.org.ec/ (шпански). Ecuadorian National Olympic Committee. 7 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 19 јануари 2022.
  49. Watta, Evelyn (28 јануари 2022). „African stars to watch at Beijing 2022“. www.olympics.com/. International Olympic Committee]] (IOC). Посетено на 22 јануари 2022.
  50. „Olympic Committee confirms national team for Beijing Olympics“. Eesti Rahvusringhääling. Tallinn, Estonia. 21 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022.
  51. „Olympiajoukkue valittu – 95 urheilijaa edustaa Suomea Pekingin talvikisoissa“ [Olympic team selected - 95 athletes represent Finland at the Beijing Winter Games]. www.olympiakomitea.fi/ (фински). Finnish Olympic Committee. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  52. „Les sélectionnés pour les Jeux Olympiques d'hiver de Pékin !“ [The selected athletes for the Olympic Winter Games in Beijing!]. www.equipedefrance.com (француски). French National Olympic and Sports Committee. 23 јануари 2022. Посетено на 23 јануари 2022. Text "Comité national olympique et sportif français]] (CNOSF)" ignored (help)
  53. „სეოკ-ის აღმასრულებელი კომიტეტის სხდომაზე ზამთრის XXIV ოლიმპიურ თამაშებზე საქართველოს ოლიმპიური დელეგაციის პერსონალური შემადგენლობა დაამტკიცეს“ [The staff of the Georgian Olympic delegation to the XXIV Winter Olympic Games was approved at the session of the Executive Committee of the National Olympic Committee]. www.geonoc.org.ge/ (грузиски). Georgian National Olympic Committee. 26 јануари 2022. Посетено на 26 јануари 2022.
  54. „Weitere 103 Athlet*innen nominiert“ [Another 103 athletes nominated]. www.teamdeutschland.de/ (германски). German Olympic Sports Confederation. 19 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  55. „Feller hat Corona – Ski-Exot Mäder bei Olympia dabei“ [Feller has Corona - Ski-Exot Mäder at the Olympics]. www.srf.ch/ (германски). Schweizer Radio und Fernsehen. 21 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022.
  56. „Winter Olympics: Who is representing Team GB in Beijing?“. BBC News. London, United Kingdom. 21 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022.
  57. „Με πέντε αθλητές και αθλήτριες η Ελλάδα στους Χειμερινούς Ολυμπιακούς Αγώνες «Πεκίνο 2022»“ [Greece with five athletes at the Beijing 2022 Winter Olympics]. www,hoc.gr/ (грчки). Hellenic Olympic Committee. 20 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 20 јануари 2022.
  58. „Haiti - J.O. Beijing 2022 : D-24, The skier Richardson Viano will defend the colors of Haiti“. HaitiLibre. 11 јануари 2022. Посетено на 15 јануари 2022.
  59. Chan, Kin-wa (10 декември 2021). „Beijing 2022: Hong Kong set to send largest-ever squad for Winter Olympics – three athletes“. South China Morning Post. Hong Kong. Посетено на 16 јануари 2022.
  60. „Olimpiai indulókról döntött a Magyar Sí Szövetség“ [The Hungarian Ski Association has decided on Olympic starters]. Olimpia.hu/ (унгарски). Hungarian Olympic Committee. 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
  61. „Íslenski hópurinn á ÓL í Peking“ [The Icelandic Group at the Olympcis in Beijing]. www.isi.is/ (исландски). National Olympic and Sports Association of Iceland. 21 јануари 2022. Посетено на 21 јануари 2022.
  62. Chaudhury, Dipanjan Roy (17 јануари 2022). „India to participate in Beijing Winter Olympics sans high-level political presence“. The Economic Times. Mumbai, India. Посетено на 17 јануари 2022.
  63. „Iran to send three skiers to 2022 Winter Olympics“. Tehran Times. Tehran, Iran. 16 јануари 2022. Посетено на 16 јануари 2022.
  64. O'Riordan, Ian (24 јануари 2022). „Ireland names six-strong Beijing Winter Olympics team“. The Irish Times. Dublin. Ireland. Посетено на 24 јануари 2022.
  65. Aharoni, Oren (24 јануари 2022). „נקבעה המשלחת הישראלית למשחקי החורף בבייג'ין 2022“ [The Israeli delegation for the 2022 Beijing Winter Games has been determined]. Israel Hayom (хебрејски). Посетено на 24 јануари 2022.
  66. „Ecco l'Italia Team per Pechino 2022, 118 atleti azzurri in gara in Cina“ [Here is the Italy Team for Beijing 2022, 118 Italian athletes competing in China]. www.coni.it/ (италијански). Italian Olympic Committee. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  67. Butterfield, Michelle (19 јануари 2022). „Jamaica's 4-man bobsled team makes Olympics for 1st time in over 20 years“. Global News. Vancouver, British Columbia, Canada. Посетено на 25 јануари 2022.
  68. „Japan names Miho Takagi as team captain for Beijing Games“. The Japan Times. Tokyo, Japan. 21 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 23 јануари 2022.
  69. Zhanmukhanova, Assem (25 јануари 2022). „Kazakhstan to spend about US$525,000 on Beijing Olympics“. www.qazaqtv.com/. Kazakh TV. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 25 јануари 2022.
  70. „Kiana Kryeziu and Albin Tahiri will represent Kosovo in LOD Beijing 2022“. Kosova Press. Pristina, Kosovo. 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
  71. Makeshov, Kabyl (20 јануари 2022). „Кыргызстан кышкы олимпиада оюндарында“ [Kyrgyzstan at the Winter Olympics]. BBC News (киргиски). London, United Kingdom. Посетено на 20 јануари 2022.
  72. „57 athletes will represent Latvia in Beijing Olympics“. www.eng.lsm.lv/. Public Broadcasting of Latvia. 19 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  73. „Lebanese Olympic Committee Keen for Closer Cooperation With Chinese Olympic Committee“. www.anocolympic.org/. Association of National Olympic Committees. 21 јануари 2022. Посетено на 21 јануари 2022.
  74. „Team Liechtenstein selektioniert!“ [Team Liechtenstein selected!]. www.olympic.li/ (германски). Liechtenstein Olympic Committee. 18 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 19 јануари 2022.
  75. Suslavičius, Rokas (16 јануари 2022). „Žiemos olimpinės rinktinės paveikslas: rekordinė dalyvių gausa, didžiausios viltys ir likę nežinomieji“ [Picture of the Winter Olympic team: record number of participants, highest hopes and remaining unknowns]. www.lrt.lt/ (литвански). Lithuanian National Radio and Television. Посетено на 22 јануари 2022.
  76. „Composition du Team Lëtzebuerg pour les JO Beijing 2022“ [Composition of Team Luxembourg for the Beijing 2022 Olympics]. www.teamletzebuerg.lu/ (француски). Luxembourg Olympic and Sporting Committee. 19 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 19 јануари 2022.
  77. „JO 2022 Hiver Pékin : Rencontre entre Siteny Randrianasoloniaiko et Zhang Wei“ [Beijing Winter Olympics 2022: Meeting between Siteny Randrianasoloniaiko and Zhang Wei]. Midi Madagasikara (француски). Antananarivo, Madagascar. 15 јануари 2022. Посетено на 16 јануари 2022.
  78. „OCM confident 2022 Beijing Winter Olympics will be a success“. Bernama. Kauala Lumpur, Malaysia. 19 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022. Malaysia will be represented by two alpine skiers - Jeffrey Webb, 23, in men’s slalom and Aruwin Idami Salehhuddin, 17, in women’s slalom and giant slalom - at the 2022 Beijing Winter Olympics.
  79. „Jenise Spiteri to carry Maltese Flag at Beijing Winter Olympics“. Nocmalta.org/. Maltese Olympic Committee. 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
  80. „Confirman delegación tricolor para Juegos Invernales“ [Tricolor delegation confirmed for Winter Games]. Elporvenir.mx/ (шпански). El Porvenir (newspaper). 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022. Text "El Porvenir" ignored (help)
  81. „Doina Descalui va fi portdrapelul Republicii Moldova la Jocurile Olimpice de la Beijing“ [Doina Descalui will be the flag bearer of the Republic of Moldova at the Beijing Olympic Games]. www.olympic.md/ (романски). National Olympic Committee of the Republic of Moldova. 26 јануари 2022. Посетено на 26 јануари 2022.
  82. Boisaubert, Romain (19 јануари 2022). „Meet the Monegasque athletes who will compete in the Beijing Winter Olympics“. Monaco Tribune. Monaco. Посетено на 19 јануари 2022.
  83. Anudari, M (13 јануари 2022). „Two Mongolian athletes qualify for Winter Olympics“. Montsame. Ulaanbaatar, Mongolia. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 15 јануари 2022.
  84. „Winter Olympic Games "Beijing 2022". Cok.me/. Montenegrin Olympic Committee. 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
  85. Ichi, Abderrahmane (19 јануари 2022). „JO d'hiver de Pékin : le Maroc sera représenté par Yassine Aouich“ [Beijing Winter Olympics: Morocco will be represented by Yassine Aouich]. Le Matin (Morocco) (француски). Casablanca, Morocco. Посетено на 22 јануари 2022. Text "Le Matin" ignored (help)
  86. „Gekwalificeerde sporters Olympische Winterspelen Beijing 2022“ [Qualified athletes Olympic Wintergames Beijing 2022] (холандски).
  87. „Beijing Winter Olympics: Biathlete Campbell Wright named to New Zealand team“. The New Zealand Herald. Auckland, New Zealand. 20 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022. Campbell is the final athlete selected to the New Zealand Team for Beijing. Taking the total team size to 15.
  88. Kohlhuber, Nicolas (9 декември 2021). „Samuel Ikpefan: From the French Alps to representing Nigeria at Beijing 2022“. www.olympics.com/. International Olympic Committee]] (IOC). Посетено на 15 јануари 2022.
  89. „ЗОИ ПЕКИНГ 2022“. www.mok.org.mk/. Олимписки комитет на Македонија. 18 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 19 јануари 2022.
  90. „Kjetil Jansrud tatt ut til OL i Beijing“ [Kjetil Jansrud taken out to the Olympics in Beijing]. www.olympiatoppen.no/ (норвешки). Norwegian Olympic and Paralympic Committee and Confederation of Sports. 23 јануари 2022. Посетено на 25 јануари 2022.
  91. Shah, Abdul Mohi (7 јануари 2022). „Karim to represent Pakistan as Mia pulls out“. The News International. Karachi, Pakistan. Посетено на 16 јануари 2022.
  92. „Perú presente en Pekín 2022: Ornella Oettl Reyes clasificó a los Juegos Olímpicos de Invierno“ [Peru present in Beijing 2022: Ornella Oettl Reyes qualified for the Winter Olympics]. La República (шпански). Lima, Peru. 27 декември 2021. Посетено на 25 јануари 2022.
  93. Valderrama, Aeron Paul (21 декември 2021). „Asa Miller qualifies for 2022 Winter Olympics“. Tiebreaker Times. Посетено на 21 декември 2021.
  94. „Olympics: 57 Polish athletes selected to compete in Beijing“. www.polskieradio.pl/. Radio Poland. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  95. „Equipa Portugal em ação nos Jogos Olímpicos Pequim 2022 a partir de 7 de fevereiro“ [Team Portugal in action at the Beijing 2022 Olympic Games from февруари 7]. www.comiteolimpicoportugal.pt/ (португалски). Olympic Committee of Portugal. 22 јануари 2022. Посетено на 22 јануари 2022.
  96. Hernandez, Sara Del Valle (19 јануари 2022). „Puerto Rico competirá en los Juegos Olímpicos de Invierno con dos atletas: ¿quiénes son y cómo clasificaron?“ [Puerto Rico will compete in the Winter Olympics with two athletes: who are they and how did they qualify]. El Nuevo Día (шпански). Ponce, Puerto Rico. Посетено на 21 јануари 2022.
  97. „Putin Wishes Russian Athletes 'Triumph' at Beijing Olympics“. Moscow Times. Moscow, Russia. 24 јануари 2022. Посетено на 25 јануари 2022.
  98. „The 22 athletes representing Romania at 2022 Winter Olympics, "heroes" to minister Eduard Novak“. Agerpres. Bucharest, Romania. 20 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 23 јануари 2022.
  99. „Olimpiadi Invernali: Gatti E Torsani Gli Atleti Che Gareggeranno a Pechino“ [Winter Olympics: Gatti and Torsani the Athletes Who Will Compete in Beijing]. www.cons.sm/ (италијански). Sammarinese National Olympic Committee. 17 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  100. „Saudi Arabia set to name its first-ever athlete bound for Winter Olympic Games“. TASS. Moscow, Russia. 17 јануари 2022. Посетено на 17 јануари 2022.
  101. „Ovo je #TeamSerbia! Nevena Ignjatović i Marko Vukićević predstavljaju Srbiju u Pekingu“ [This is #TeamSerbia! Nevena Ignjatović and Marko Vukićević represent Serbia in Beijing]. www.oks.org.rs/ (српски). Olympic Committee of Serbia. 20 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 20 јануари 2022.
  102. „Slovensko môže využiť 50 miesteniek pre Peking, pribudla jedna v bežeckom lyžovaní“ [Slovakia can use 50 places for Beijing, one in cross-country skiing has been added]. www.olympic.sk/ (словачки). Slovak Olympic and Sports Committee. 19 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  103. „Over 40 athletes to represent Slovenia in Beijing“. Slovenian Press Agency. Ljubljana, Slovenia. 18 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  104. Yee, Jee-ho (25 јануари 2022). „S. Korea to send its 3rd-largest Winter Olympics team to Beijing 2022“. Yonhap News Agency. Seoul, South Korea. Посетено на 25 јануари 2022.
  105. „España acudirá a Beijing 2022 con catorce deportistas“ [Spain will attend Beijing 2022 with fourteen athletes]. www.coe.es/ (шпански). Spanish Olympic Committee. 21 јануари 2022. Посетено на 21 јануари 2022.
  106. „Truppen klar - 116 ska tävla i Peking“ [The squad ready - 116 will compete in Beijing]. www.sok.se (шведски). Swedish Olympic Committee. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  107. „Swiss Olympic Team für Peking umfasst 168 Athletinnen und Athleten“ [The Swiss Olympic Team for Beijing includes 168 athletes]. www.swissolympicteam.ch/ (германски). Swiss Olympic Association. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  108. Yen, William (19 јануари 2022). „Taiwan holds flag waving ceremony for Winter Olympic athletes“. Central News Agency (Taiwan). Taipei, Taiwan. Посетено на 25 јануари 2022. Text "Central News Agency" ignored (help)
  109. „Thais to compete in Winter Olympics under national flag“. Bangkok Post. Bangkok, Thailand. 18 јануари 2022. Посетено на 19 јануари 2022.
  110. Ramphal, Vidia (19 јануари 2022). „T&T returns to first Winter Olympics since 2002“. Loop News. Port of Spain, Trinidad and Tobago. Посетено на 19 јануари 2022.
  111. Tiryaki, Erkan (19 јануари 2022). „2022 Pekin Kış Olimpiyatları'nda Türkiye'yi 7 sporcu temsil edecek“ [7 athletes will represent Turkey at the 2022 Beijing Winter Olympics]. Anadolu Agency (турски). Ankara, Turkey. Посетено на 22 јануари 2022.
  112. „Україна на зимовій Олімпіаді матиме 43 представників: хто виступатиме“ [Ukraine will have 43 representatives at the Winter Olympics: who will perform]. www.sport.rayon.in.ua/ (украински). 20 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  113. јануари/24/us-olympic-paralympic-committee-announces-222-member-2022-us-olympic-team „U.S. Olympic & Paralympic Committee Announces 222-member 2022 U.S. Olympic Team“ Проверете ја вредноста |url= (help). www.teamusa.org/. United States Olympic & Paralympic Committee. 24 јануари 2022. Посетено на 24 јануари 2022.
  114. „Pekin-2022 Olimpiadasi haqida umumiy malumotlar. Vaqti, translyaciya va o'zbekistonlik sportchi“ [General information about the Beijing 2022 Olympics. Time, broadcast and Uzbek athlete]. www,olamsport.com/ (узбечки). OlamSport. 16 јануари 2022. Посетено на 20 јануари 2022.
  115. Kiser, Bill (26 јануари 2022). „Beijing Bound: Tannenbaum earns spot in 2022 Winter Games“. The Virgin Islands Daily News. St.Thomas, Virgin Islands. Посетено на 26 јануари 2022.
  116. „No Bermuda Team In 2022 Winter Olympics“. Bernews. Hamilton, Bermuda. 13 јануари 2022. Посетено на 15 јануари 2022.
  117. „Beijing 2022 Winter Olympic Schedule“. Olympic.ca/. Canadian Olympic Committee. 2018-01-04. Посетено на 27 декември 2021.
  118. „France's Justine Braisaz-Bouchet wins Olympic gold in women's biathlon“. ESPN. Associated Press. 18 февруари 2022. Посетено на 18 February 2022.
  119. „Speed skater Ireen Wüst makes Olympic history with gold at fifth straight Games“. The Guardian. Associated Press. 7 февруари 2022. Посетено на 7 February 2022.
  120. „Eisschnellläuferin Claudia Pechstein schreibt Geschichte“. Архивирано од изворникот на 2021-12-22. Посетено на 2022-02-20.
  121. Reardon, Logan (2022-02-06). „Swedish Speed Skater Nils van der Poel Wins Gold, Sets Olympic Record After Late Push“.
  122. „van der Poel satte världsrekord och tog guld“. Sveriges Television (шведски). 11 February 2022. Посетено на 11 февруари 2022.
  123. Tétrault-Farber, Gabrielle; Axon, Iain; Grohmann, Karolos (9 February 2022). „Figure skating-Russian media say teen star tested positive for banned drug“. Reuters (англиски). Посетено на 9 февруари 2022.
  124. Brennan, Christine (9 февруари 2022). „Positive drug test by Russian Kamila Valieva has forced a delay of Olympic team medals ceremony“. USA Today.
  125. Thompson, Anna (11 February 2022). „Winter Olympics: Kamila Valieva failed drug test confirmed“. BBC Sport. Посетено на 12 февруари 2022.
  126. „Russian skater Kamila Valieva cleared to compete at Olympics“. Associated Press (англиски). 14 February 2022. Посетено на 14 февруари 2022.
  127. Court of Arbitration for Sport (14 февруари 2022). "The CAS Ad Hoc Division Declines to Impose a Provisional Suspension on the Russian Figure Skater Kamila Valieva". Соопштение за печат.
  128. Culpepper, Chuck (17 февруари 2022). „In an Olympic upset, winning figure skaters get a medal ceremony after all“. Washington Post.
  129. Branch, John (2022-02-18). „Eileen Gu wins gold in freeski halfpipe, earning her third medal in China“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 18 февруари 2022.
  130. Gan, Nectar. „China's Eileen Gu wins gold in freeski halfpipe to make Olympic history“. CNN. Посетено на 18 февруари 2022.
  131. „Olympic Medal Table“. olympics.com. Архивирано од изворникот на 2022-02-20. Посетено на 5 февруари 2022.

Надворешни врски

уреди