Меѓународна скијачка федерација
Меѓународна скијачка федерација (француски: Fédération Internationale de Ski, скратено ФИС) – меѓународно здружение на национални скијачки сојузи кое управува со меѓународните зимски спортови. Федерацијата е основана во 1924 година и е одговорна за олимписките дисциплини во алпско скијање, нордиско скијање, скијачки скокови, нордиска комбинација, слободно скијање и сноубордање. ФИС е исто така одговорна за поставување на меѓународните натпреварувачки правила. Федерацијата денес брои 123 членки и нејзиното седиште е во Оберхофен ам Тунерзе во Швајцарија.
![]() | |
Основана | 1924 |
---|---|
Вид | Спортска федерација |
Седиште | Оберхофен ам Тунерзе, Швајцарија |
Членство | 123 членки |
Службени јазици | англиски, француски, германски, руски |
Претседател | Џан-Франко Каспер |
Мреж. место | fis-ski.com |