Санкање
Санкање – начин на поминување на стрми замрзнати или заснежени површини со користење на санки за рекреација или забава. Санкањето исто така е зимски спорт во кој целта е да се помине зададена замрзната патека на пропишана санка во што пократко време.
Старт на германски санкач на Олимпијадата во 2010 година | |
Највисоко владеечко тело | Меѓународна федерација за санкање |
---|---|
Почеток | 1870-ти |
Карактеристики | |
Контактен | не |
Членови на екипата | тим од 1 или 2 |
Мешани полови | да, вообичаено на посебни натпревари |
Категоризација | зимски спорт |
Опрема | санка, шлем, облека, визир, ракавици, клинци, чизми |
Терен | патеки за санкање |
Олимписки | Дел од Зимските олимписки игри од 1964 до денес |
При возењето санки, санкачот или санкачите седат (во случај на натпреварувачки спорт лежат на грбот) на санките со нозете нанапред. Постои варијанта на санкање при која санкачот лежи помешечки на санката со главата напред во насока на возењето. Оваа варијанта се нарекува скелетон. Од бобот санкањето се разликува по тоа што санките немаат аеродинамичен оклоп, туку се состојат само од лежиште и лизгалки.
Денес се практикуваат повеќе дисциплини од овој спорт: поединечно или во пар, и тоа за жени и за мажи (иако жените ретко се натпреваруваат во парови). Натпреварувачките правила се едноставни: натпреварувачот на кратката залетна патека ја забрзува санката туркајќи ја со рацете во седечка положба, легнува на грб и потоа управува со тежината на телот и со притискање со нозете на левата или десната лизгалка во насока на возењето.
Санкањето е стандарден спорт на Зимските олимписки игри од 1964 година кога првпат е воведено во програмата на игрите.
Надворешни врски
уреди„Санкање“ на Ризницата ? |
- Federation Internationale de Bobsleigh et de Toboganning (FIBT) – Меѓународна федерација за боб, скелетон и санкање