Алпско скијање
Алпско скијање – начин на скијање на планински падини прекриени со снег. Името го добило по Алпите, планински венец во Европа, каде започнала традицијата на таков начин на скијање. Иако денес алпското скијање е раширено низ целиот свет и на сите континенти, името се задржало до денес.
Овој вид на скијање е многу раширен вид на рекреација, но и еден од стандардните олимписки спортови на Зимските олимписки игри.
Техники на алпско скијање
уредиНиз историјата техниките на алпско скијање често значително се менувале. Причините за промени се повеќе, од досетливоста на поедини учители на скијање, од технолошкиот напредок на материјалите, обликот и функционалноста на скијачката опрема, од уреденоста на скијачките патеки, итн.
Првата позната алпска техника била „Лилефендер“, а името го добила по градот Лиленфелд. Станува збор за техника на скијање со помош на еден долг стап, кого скијачот го забодува во средината на кривината, па потоа се врти околу него и на тој начин го одредува правецот на вртење. Подоцна скијачите многу брзо усвоиле користење на два пократки стапа, а не еден долг.
Многу поширока примена доживеала т.н. Албергова техника која во раните години на 20 век ја претставил Австријанецот Ханес Шнајдер. Треба да се истакне и Норвежанецот Сондре Норхајм кој го конструирал скијачкиот фиксатор со што се овозможило подобро управување на скиите со техника која денес се нарекува телемарк. Понатамошниот напредок на технологијата, особено на квалитетот на скиите и нивните рабови, овозможил помодерни алпски техники како што е престапната техника и карвингот. Денес во натпреварувачкото и рекреативното скијање преовладува карвингот, а кај помал број скијачи престапната техника.
Дисциплини на алпско скијање
уредиАлпски натпреварувачки скијачки дисциплини се: слалом, велеслалом, супервелеслалом, спуст, алпска комбинација и паралелни натпревари. Неслужбено би можеле да се категоризираат како технички (слалом и велеслалом) и брзински (спуст и супервелеслалом) дисциплини.
Најважни натпревари во алпско скијање се натпреварите на зимските олимпски игри. Секоја година врвните скијачи се натпреваруваат на натпреварите на Светскиот куп по патронат на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), која организира и трки на пониско ниво. Исто така се одржуваат и светски првенства.
Познати алпски скијачи
уредиИма голем број познати скијачки кои низ историјата доминирале во алпските натпревари. Тука се вбројуваат Ингемар Стенмарк, Алберто Томба, браќата Стив и Фил Мер, Марк Џирардели, Андреас Венцел, Петар Попангелов, Бојан Крижај, Рок Петрович, Борис Стрел и бројни други.
Надворешни врски
уреди„Алпско скијање“ на Ризницата ? |