Натали Гајзенбергер

Натали Гајзенбергер (Минхен, 5 февруари 1988 година) — германска репрезентативка во санкање. Со санкање започнала да се занимава во 1998 година.

Натали Гајзенбергер во 2017 година

На Олимписките игри во Ванкувер во 2010 година го освоила бронзениот медал, а олимписки победник станала во Сочи во 2014, Пјонгчанг во 2018 и Пекинг во 2022 година. Покрај титулата во поединечни дисциплини, таа ги освоила трите злата во штафетите со германската репрезентација на игрите во 2014, 2018 и 2022 година.[1]

На Светските првенства освоила сребро во 2008, 2009 и 2011 година, бронза во 2012 година, а злато во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2019 година. Четири златни медали има и со германската штафета во 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Освоила злато и во натпреварот во спринт на Светското првенство во 2019 година. Повеќекратна победничка е на Европските првенстава.

Титули во Светскиот куп освоила во 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и 2021 година, а го освоила Светскиот куп и во спринт во 2017, 2018 и 2019 година. Таа е сопственик на рекордот по бројот на победи во Светскиот куп.

Наводи

уреди
  1. „Пјонгчанг 2018“. Архивирано од изворникот на 2018-02-06. Посетено на 2018-02-25.

Надворешни врски

уреди