Нордиска комбинација
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Нордиска комбинација или Класична комбинација е комбинираниот натпревар во скијачко трчање и скијачките скокови. Такво име го добил бидејќи и тие двете дисциплини се грижат претежно во нордиските земји.
Иако во комбинираниот натпревар во скијачко трчање и скокови имаа сразмерна долга традиција, таа се дури по неколку години после Првата светска војна примена во ФИС. Првиот натпревар во нордиската комбинација во организација на ФИС-а одржан е во 1925 година во Чехословачка, а во Југославија, под име „сложениот натпревар“ во 1930 година во Бохиња.
Натпреварувачка патека во трчање е долга 15 км. Оддалеченоста на критичната тачка од скакалницата, на која се изведуваат скоковите за нордиска комбинациа мора да биде 70 метари (може и повеќе).
Такви комбинирани натпревари се изведува во секоја дисциплина во согласност со прописите и правилата, кои важат за скијашко трчање и скијашки скокови. На светските првенства и олимписките игри скоковите мораат да се изведат пред трчањето, а во останатите натпревари редоследот можел да се менува. Комбинираните натпревари се изведуваат два дена последователно и тоа само по една дисциплина на ден.
Оценување на резултати
уредиОценувањата на скијашко трчање се пресметуваат врѕ основа на најдобриот резултати кои добиваат 220 бода. На другите натпреварувачи од 220 бода им се одбиваат тие бодови по специјална табела, на основа на тоа колку заостануваат зад победникот. Финалните резултати се пресметувааат така што постигнатите резултати во трчање изразени во бодови, се собираат со бодовии кои се постигнати во скокови. На сите натпревари се изведуваат по три скока, од кои двата најдобри се пресметуваат во оценката.
Дисциплини во нордиски комбинации
уредиНатпреварите се најчесто одржуваат во една од овие четири дисциплини:
- Поединечна трка се состои од два скока од скакалница, а потоа од 15 км трчање. На скакалница се доделуваат од по 1,2 до 2 бода по метар остварена должина на скокот (зависно од должината на скакалницата) и по 3—30 бода по скокот за стил. По завршувањето на натпреварот на скокалницата во трка на 15 км, први започнува натпеварувачот со највеќе бодови и со највеќе бодови во скоковите. Зад него се движат другите натпреварувачи, во зависност од бодовите добиени на скакалницата, на тој начин да 15 бода од скоковите се еднакви на 1 мунута задоцнет старт. Тоа значи дека натпеварувачот кој прв дојде на целта воедно е и победник во кобинацијата. Овој метод уште се нарекува и метод по Гундерсон или само Гундерсон.
- Спринт трка: се изведува само еден скок па потоа се трчи на делница од 7,5 км. Во спринт трка постои и варијанта да бодовите од скокаолницата не се претвораат во време, туку во метри, на начинот да е еден бод од скокот е еднаков на 24 метра од трката. Тогаш најдобриот на скокалницата трчи 7,5 км, а другите според редоследот на бодови на пресметано растојание зад него. (значи тие мораат да трчаат подолга стаза).
- Масовниот старт е начин на трка, кај кој се прво трчи задната стаза, каде што победникот добива 1290 бода, а другите по 15 бода помалку за секија минута на заостанување. Тие бодови потоа се собираат со бодовите од скоковите, кои се изведуваат после трката, па потоа се иѕбира победникот.
- Штафетна трка во која учествуваат по 4 члена во една екипа, чии бодови се собираат, а трчаат 4 х 5 км. Овдека 40 бода од скоковите е еднакво на 1 мунута задоцнет старт во трката.
Литература
уреди- Енциклопедија физичке културе ЈЛЗ Загреб 1975. стр. 244.
Надворешни врски
уреди- ФИС (англиски)
- МОК (англиски)
- Нордијско скијање на ЗОИ на sports-reference.com Архивирано на 29 декември 2008 г. (англиски)