Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2020 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Игрите се одржале во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022, а медали биле доделени во 109 натпреварувања во 15 дисциплини во 7 спортови.
Нов Зеланд го освоиле првиот златен медал на зимските олимписки благодарение на Зои Садовски-Синот во женскиот натпревар во слоупстајл во скијање на даска,[1] додека Барт Свингс со победата во машката трка со масовен старт во брзо лизгање го освоил вториот златен медал на зимските олимписки игри за Белгија и прво по Зимските олимписки игри 1948.[2]
Норвешка била најуспешна нација како по бројот на златни (16), така и по вкупниот број на медали (37). Со освојувањето на 15. златен медал, спортистите од оваа земја поставиле нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни зимски олимписки игри,[3] соборувајќи го претходниот рекорд од 14 златни медали којшто го поставиле спортистите од Канада на игрите во 2010 година, а потоа бил повторен од страна на Норвешка и Германија на игрите во 2018 година, иако треба да се има предвид постојаниот раст на бројот на натпревари на зимските олимписки игри.
Германија била единствената нација којашто целосно го зазела подиумот во некој натпревар откако ги освоиле сите медали во машкиот натпревар во двојки во боб.[4]
Кина како земја домаќин на игрите освоила 9 златни и вкупно 15 медали, со што го остварила својот најдобар успех на зимските олимписки игри иа за првпат била рангирана меѓу трите најуспешни нации на едни зимски олимписки игри.[5]
Список по земји
уредиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
* земја домаќин (Кина)
Место | НОК | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Норвешка (NOR) | 16 | 8 | 13 | 37 |
2 | Германија (GER) | 12 | 10 | 5 | 27 |
3 | Кина (CHN)* | 9 | 4 | 2 | 15 |
4 | САД (USA) | 8 | 10 | 7 | 25 |
5 | Шведска (SWE) | 8 | 5 | 5 | 18 |
6 | Холандија (NED) | 8 | 5 | 4 | 17 |
7 | Австрија (AUT) | 7 | 7 | 4 | 18 |
8 | Швајцарија (SUI) | 7 | 2 | 5 | 14 |
9 | РОК (ROC) | 6 | 12 | 14 | 32 |
10 | Франција (FRA) | 5 | 7 | 2 | 14 |
11 | Канада (CAN) | 4 | 8 | 14 | 26 |
12 | Јапонија (JPN) | 3 | 6 | 9 | 18 |
13 | Италија (ITA) | 2 | 7 | 8 | 17 |
14 | Јужна Кореја (KOR) | 2 | 5 | 2 | 9 |
15 | Словенија (SLO) | 2 | 3 | 2 | 7 |
16 | Финска (FIN) | 2 | 2 | 4 | 8 |
17 | Нов Зеланд (NZL) | 2 | 1 | 0 | 3 |
18 | Австралија (AUS) | 1 | 2 | 1 | 4 |
19 | Велика Британија (GBR) | 1 | 1 | 0 | 2 |
20 | Унгарија (HUN) | 1 | 0 | 2 | 3 |
21 | Белгија (BEL) | 1 | 0 | 1 | 2 |
Словачка (SVK) | 1 | 0 | 1 | 2 | |
Чешка (CZE) | 1 | 0 | 1 | 2 | |
24 | Белорусија (BLR) | 0 | 2 | 0 | 2 |
25 | Украина (UKR) | 0 | 1 | 0 | 1 |
Шпанија (ESP) | 0 | 1 | 0 | 1 | |
27 | Естонија (EST) | 0 | 0 | 1 | 1 |
Латвија (LAT) | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Полска (POL) | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 109 | 109 | 109 | 327 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bantock, Jack (6 February 2022). „Kiwi snowboarder Zoi Sadowski-Synnott is taking the sport 'to the next level'“. CNN. Посетено на 6 февруари 2022.
- ↑ „Belgium win first gold for 74 years“. BBC Sport (англиски). Посетено на 19 февруари 2022.
- ↑ „Winter Olympics: Norway make history with 15th gold medal in Beijing“. uk.sports.yahoo.com (англиски). Посетено на 19 февруари 2022.
- ↑ „Germany sweeps two-man bobsled podium with Friedrich, Lochner, Hafer“. NBC Olympic broadcasts. February 15, 2022. Посетено на 19 февруари 2022.
- ↑ Bureau, Analysis by CNN's Beijing. „Analysis: The Olympics was a success inside China. And that's the audience Beijing cares about“. CNN. Посетено на 20 февруари 2022.
- ↑ „Olympic Medal Table“. olympics.com. Архивирано од изворникот на 2022-02-20. Посетено на 5 февруари 2022.